Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Голот на бензема е 1000ти гол на Реал Мадрид на европските натпреварувања
 
Сезонава почна како копија на минатата, но со еден исклучок, првите кола гзларски победувавме со 1:0, 2:1 едвај, Лопез или Иско не спасуваа првите 4-5 кола. Нека заврши исто како минатата и не се бунам. :giggle:
 
Само еден важен факт, сезонава Карло знае со кои играчи си има работа. Го знае системот на ЛаЛига, како играат екипите, балансот, брзината на играта. Не почнува од нула, а сепак ги повторува истите грешки од лани. Иако му го сменија важниот сегмент од тимот, мора да биде пофлексибилен од ова. Или пак не е доволно добар тренер да ја освои Ла Лига?
Времето ќе каже.

Ветив дека нема да го критикувам цела сезона така да тука престанувам.
 
Само еден важен факт, сезонава Карло знае со кои играчи си има работа. Го знае системот на ЛаЛига, како играат екипите, балансот, брзината на играта. Не почнува од нула, а сепак ги повторува истите грешки од лани. Иако му го сменија важниот сегмент од тимот, мора да биде пофлексибилен од ова. Или пак не е доволно добар тренер да ја освои Ла Лига?
Времето ќе каже.

Ветив дека нема да го критикувам цела сезона така да тука престанувам.

Карло досеа е крив единствено затоа што е безгласна буква во поглед на трансферите и што глуми Пелегрини оставајќи да му се мешаат „кој мора да игра“ во прв состав.

Затоа и му се деси егзодус, нешто што на Мурињо, Капело, Дел Боске па и Шустер и Луксембурго не би им се десило, макар и по цена на отказ. Тоа е најнегативното, лани се деси со Бејл и Иско, но ете после некој месец се стиши откако првиот почна да игра како што треба а вториов беше заслужено седнат на клупа.

Вметнувајќи го тоа у тековнава сезона, такви играчи се Крос и Џамес. Евидентно беше дека Џамес игра под можностите, а уште поевидентно дека Крос и Модриќ се гушат кога се еден до друг и дека не може да глуми Крос деструктивец. Но, забораваме дека и двајцата се суперквалитетни играчи кои заслужуваат поправен.

Сите се буниме за неиграњето без деструктивец, ама забораваме дека Кедира е повреден. Викаме да го игра Иљара, но забораваме дека лани Иљара беше вториот најпотсмеван играч, зад неприкосновениот педофил во нападот. Исто и за Бејл, но забораваме дека Хесе е повреден, и дека треба Иско да игра таму, кој е во лоша форма веќе скоро година.

Муабетот ми е, ланската сезона не научи да почекаме со Карло. Неговиот инает лани ни ја загуби титулата во домашното првенство, но ја освои толку очекуваната Децима. Иако да, за разлика од лани, годинава ќе биде многу потешко да се тркаме во Ла Лига од лани, кога и покрај толку кискања пак бевме во игра до последно коло.
 
многу ефтини акции правеа Базел што ако беше посилен тим мн ќе ги искористеа тие празни простори во 16ник и средината...да сме здрави живи во јануар добар деструктивец да се купи и тоа е тоа
 
@ElNinho
Уште го сметате Кедира за играч на Реал?:ROFLMAO:
Најдоброто нешто што го направи за Реал е кога се повреди лани, и донекаде одличната форма кога ја освоивме ЛаЛига последен пат.

Карло има поголем удел во Реал отколку тоа што Перез му го наредува. Секако дека е тренер од типот дај шта даш, ја ќе им мислам после.
Конкретно моментално најголеми грешки на Карло е тенденцијата дека Крос е Чаби Алонсо, фарсата дека Крос и Модриќ е она што му треба на Реал како двоец во средината и Бензема. Ајде да речеме дека Хамес, Бејл и Роналдо мора да стартуваат секогаш. Тогаш најлогично ќе биде да се бара баланс во другите играчи со цел да се состави перфектниот состав кој ќе се надополнува на теренот.
Овака Карло става all in, и се надева дека евентуално играчите ќе се навикнат, ќе се уиграат и ќе станат нешто што буквално нема шанси да бидат, а во меѓувреме екипи од рангот на Сосиедат ќе не полнат по 4 голови.

Гледајќи го составот на Милан кој го имаше на располагање тогаш, и бројот на титули може да се заклучи дека и не е баш човек идеален за освојување на регионалната лига во која игра се натпреварува.
За ЛШ и Копа не се сомневам дека ќе го среди тимот, неговите квалитети се неминовни за овие натпреварувања, додека Ла Лига мислам дека нема шанса да ја освои.
 
Јао Иљара човече,пуштил брада заличел на Ал...човек.
Бејл искрено ме разочара до сега,очекував многу повеќе од него оваа сезона
 
Реално гледано Базел сам себе си се победи..Автогол си дадоја,после Бејл сам пред голот..Ништо не значи резултатот од 5-1..Како што рече некој член погоре,ќе дојде Барселона,или некој друг појак тим и ќе ни го спуштат пак..Вештачко некако..Уште не е залечено од тоа со Атлетико Мадрид,пак има големи грешки,во одбраната и средниот ред..
 
Пак го кењате Иљара? :)
За минутите што ги доби денеска, си изигра сосем океј. Па и од кога влезе он, Базел не создаде ниту една шанса од оние кога се шетаа низ средина и со два паса доаѓаа до 16 метри.
Шознам, кога би имал муда Карло да го седне Бензема на клупа, во моментов не би било лошо да се проба со:
- Икер -
- Дани - Пепе - Рамос - Коентрао -
- Модриќ - Иљара - Крос -
- Бејл - Џејмс - Роналдо -​

Со оглед на тоа што овие тројца напред имаат предиспозиции за сите три позиции напред, може да се ротираат за време на утакмица без проблем.
Плус од оваа ситуација би се добила некоја си стабилност у поглед на дефанзивата на средниот ред.

Ама, “шта би било кад би било“, или у превод “шта би било кад би Карим ногу поломио“.
 
Џабе формациите без Безвеза. Едино еден од Крос/Модриќ да биде жртвуван т.е да се ротираат. Нема потреба од 2ца играчи ист тип т.е Модриќ е далеку појак од Крос. Кога веќе Џејми има загарантирано место ради цената тогаш еден од овие поефтиниве мора да биде жртвуван за доброто на тимот.
 
^ Па и Чави и Иниеста беа слични играчи на Модриќ и Крос, па ја држеа средината на Барса перфектно.

Ама џабе муабетите, се знае дека Karim...ќе игра на секоја утакмица, така да џабе драпаме мадиња овде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom