Големите фудбалери и добрите фудбалери
Од како си замина Ди Марија од Реал Мадрид секојдневно читаме негативни коментари од негова страна кон Реал Мадрид и Флорентино Перез , така беше и минатото лето кога си замина Озил и тој се служеше со сличен вокабулар.
Дали паметите или сте сретнале негативна изјава кон Реал Мадрид или Флорентино Перез од страна Роналдо(бразилецот) , Фиго , Бекам, Роберто Карлос , Канаваро ? ниту паметите ниту ке сретнете во иднина , тие се горди што го носеле дресот на Реал Мадрид и знаат дека никој не е вечен во клубот, сите доагаат и си одат но само Реал Мадрид останува вечен , дојдоа како големи фудбалери и си заминаа како големи фудбалери , и во секоја прилика го посетуваат Реал Мадрид каде и да игра во светот , во секоја прилика изјавуваат дека искуството во Реал Мадрид е нешто најдобро во нивната кариера.
Но има и фудбалери како Ди Марија и Озил , тие преку Реал Мадрид изградија респектабилни имиња во фудбалскиот свет но гледаме и читаме дека не се благодарни, ако на некого треба да се благодарни тоа е на Флорентино Перез , претседателот на Реал Мадрид кој по иницијатива на Мурињо се согласи да плати милиони за нив и да им ја дозволи привилегијата да го носат највредниот дрес во клубскиот фудбал.
Во Реал Мадрид никој не е вечен , одамна тоа се знае , го имат кажано и легендарниот претседател Бернабеу и легендарниот фудбалер Пушкаш. Во Реал Мадрид немаше вечност за Раул а можеби нема да има ни за Касиљас, можеби Озил и Ди Марија мислеле дека во Реал Мадрид ке играат вечно или додека тие ке посакуваат , но се излажале, не функционираат така работите во најголемиот клуб на светот.
Големите фудбалери во Реал Мадрид дојдоа како големи и си заминаа како големи , талентираните фудбалери во Реал Мадрид дојдоа и прераснаа во добри фудбалери.
Можеш да бидеш одличен фудбалер , но тоа не е гаранција дека ке прераснеш и останеш голем фудбалер.