Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Грамадава од 197 што дојде летово во Кастиља е пријавен во тимот на Анчелоти за во Лига Шампиони.


Не е богзнае што и му фали брзина, али може да биде доста корисен од прекини против екипи ко Атлетико.

Веќе има два гола за Кастиља

 
Све тоа е во ред, ама тоа споулавел се однесуваше на Флорентино.
Кој будала би му поверувал дека Ди Марија барал плата колку Роналдо.
Моја грешка. Извини.
Добро уште ќе плачиме по Ди Мариа
Друго, дали тој играше на исто ниво сите четири сезони во Реал?
Од бизнис аспект
Да одличен играч е и не, не е незаменлив
прв болд
Не плаче никој по ДиМарија, тебе ако те боли реалноста што Флорентино го шутна а ти мислиш дека си замина за пари, тоа е друго.
втор болд
Кажи ми кој играч играше на исто ниво сите четири сезони во Реал? Знаеш кое дупе беше Роналдо во важните утакмици?
трет болд
Од кога нас навивачите не интересира бизнис аспектот? Флорентино вана би?
четврт болд
Секако дека е незаменлив ебааго. Тоа што купивме други играчи значи ќе мора да се менува тактики и формации бидејќи Ди Марија беше човекот поради кој системот работеше. Сега ќе имаме нов Реал во поглед на тоа, а околу играчите секако дека ги подржувам.

Нареден пат кога планираш да се избациш прво прочитај го мојот став околу тоа. Јас завршив со постовите за Ди Марија одамна. Тоа што Флорентино шета наоколу и тресе зелени реално ме нервира и ќе пробам секогаш да дискутирам.
 
Вчера колку беше пожртвуван за Колумбија Хамес а во реал нозете му се тресат..али ќе се опраи почеток е ова :)
 

Те цитирав тебе затоа што беше последен со пост поврзан за ди Мариа, ништо лично. Знам дека постот изгледа како да го напаѓам него, можеби е така, но секоја приказна има две страни, а гледам многумина го браните само него. Флорентино прај грешки, точно, ама вие го прајте ко да секој трансфер кај шо има замешано прсти му е утка.
 
За критиките на Роналдо... - „Роналдо добро знае дека сметам дека тој е најдобриот фудбалер на светот, а неговата лојалност кон клубот не е доведена во прашање. Ако ја слушнете целата негова изјава, ќе видите дека во ниту еден момент тој не го доведе во прашање мојот начин на водење на клубот“.
Токму тоа што го пишав и ја. Роналдо во ниту еден момент не ја нападна политиката на клубот, само си кажа дека Ди Мариа и Алонсо беа важни играчи за Реал но дека на нивно место се донесени нови играчи, кои ќе видиме дали ќе ја подобрат играта или не.
После тоа медиумиве направија галама од све ова, па уште излезе дека Перез после тоа му се заканил на Роналдо или не знам што. А најглупо е што многумина поверуваа во тие приказни.
Ситуацијава им дојде како нарачана на медиумиве да имаат што да пишуваат, ништо страшно.
 
Отиде во друг клуб и почна да плука по Реал. Прво претседателот не му чинел (пошо не му ја давал платата што ја барал), сеа клубот барал од него да не игра во финалето (иако овој бил повреден и Сабеља а не Перез одлучил да не игра), па уште и „Роналдо ме поддржуваше, не знам колку долго ќе остане“.. А вие и натаму поддржувајте го.
 
Отиде во друг клуб и почна да плука по Реал. Прво претседателот не му чинел (пошо не му ја давал платата што ја барал), сеа клубот барал од него да не игра во финалето (иако овој бил повреден и Сабеља а не Перез одлучил да не игра), па уште и „Роналдо ме поддржуваше, не знам колку долго ќе остане“.. А вие и натаму поддржувајте го.

Мене не ми изгледа дека Анхел има проблем со Реал како клуб, туку со Перез како претседател.

Перез му пратил писмо во кое барал од него да не игра. Очигледно дека не лаже, кога писмото го имаат видено и претседателот на Аргентискиот фудбалски сојуз и Сабеља. Не знам како се чувствувал Ди Мариа кога го добил, да ти викаат дека не можеш да играш во финале на СП. Прилика која се добива скоро само еднаш во животот.

I never wanted to leave Madrid, Cristiano always supported me to stay. Selling me was very good for Madrid to recover all they had spent [in the transfer market],” he said.
 
Cristiano Ronaldo
1 hr ·
Mis declaraciones se han malinterpretado. Ayer escuché a mi Presi y estoy con él al 100%. Los nuevos compañeros son top! y con ellos hemos completado una gran plantilla. Vamos a por todas! Un abrazo y Hala Madrid!

Кристијано Роналдо: Моите изјави се погрешно протолкувани . Вчера се слушнав со Флорентино Перез и јас сум со него 100%. Ние сме партнери за врвот, заедно направивме голем тим, сите заедно во нови победи , Напред Мадрид !
 
^ Неееее нема шанса, Роналдо плаче и затоа изјавуваше дека не се согласува со политиката на клубот. Некои више и го избркаа од клубов зошто пак не бил среќен у Реал.

Само не знам како уште веруете на медиумиве, што и да пишат го земате здраво за готово. Покрај тоа, ја имаше цела изјава на Роналдо, не знам како и вие “сфативте“ дека збори против Перез. Јасно беше што сакаше да каже. Ете демант од Роналдо, доста беше на оваја тема :)
 
Големите фудбалери и добрите фудбалери

Од како си замина Ди Марија од Реал Мадрид секојдневно читаме негативни коментари од негова страна кон Реал Мадрид и Флорентино Перез , така беше и минатото лето кога си замина Озил и тој се служеше со сличен вокабулар.

Дали паметите или сте сретнале негативна изјава кон Реал Мадрид или Флорентино Перез од страна Роналдо(бразилецот) , Фиго , Бекам, Роберто Карлос , Канаваро ? ниту паметите ниту ке сретнете во иднина , тие се горди што го носеле дресот на Реал Мадрид и знаат дека никој не е вечен во клубот, сите доагаат и си одат но само Реал Мадрид останува вечен , дојдоа како големи фудбалери и си заминаа како големи фудбалери , и во секоја прилика го посетуваат Реал Мадрид каде и да игра во светот , во секоја прилика изјавуваат дека искуството во Реал Мадрид е нешто најдобро во нивната кариера.

Но има и фудбалери како Ди Марија и Озил , тие преку Реал Мадрид изградија респектабилни имиња во фудбалскиот свет но гледаме и читаме дека не се благодарни, ако на некого треба да се благодарни тоа е на Флорентино Перез , претседателот на Реал Мадрид кој по иницијатива на Мурињо се согласи да плати милиони за нив и да им ја дозволи привилегијата да го носат највредниот дрес во клубскиот фудбал.

Во Реал Мадрид никој не е вечен , одамна тоа се знае , го имат кажано и легендарниот претседател Бернабеу и легендарниот фудбалер Пушкаш. Во Реал Мадрид немаше вечност за Раул а можеби нема да има ни за Касиљас, можеби Озил и Ди Марија мислеле дека во Реал Мадрид ке играат вечно или додека тие ке посакуваат , но се излажале, не функционираат така работите во најголемиот клуб на светот.

Големите фудбалери во Реал Мадрид дојдоа како големи и си заминаа како големи , талентираните фудбалери во Реал Мадрид дојдоа и прераснаа во добри фудбалери.

Можеш да бидеш одличен фудбалер , но тоа не е гаранција дека ке прераснеш и останеш голем фудбалер.
 
Madrid generated a total turnover of €603.9 million in the 2013-14 season, an increase of 10.9 per cent on the previous campaign, while their net profit has increased by a further 44% to €38.5m.

Perez also stated the club's net debt has fallen by more than 21% to just over €75m.
 
Сите изјави од Роналдо дојдоа по завршувањето на трансфер рокот под дејство на неговиот агент Хорхе Мендес. Не треба да си Ајнштајн за да сфатиш дека секогаш кога не му е по газот дава плачипичкарски изјави по медиумите за да после си ги демантира на фејсбук демек медиумите толку многу го извадиле од контекст. Секогаш кога не е по негово магично сака да ја заврши кариерата во Манчестер. За жал некои од вас не знаете да читате меѓу редови така да нема потреба да објаснувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom