Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене многу лош трансфер период имаше Реал ова лето.Супер е тоа што во тимот дојдоа Крос и Хамес,но никако не може да ми се разјасни зошто Реал реши да се ослободи од неколку клучни играчи како Лопез,Алонсо и Ди Марија.Првиов според мене лани беше во топ 3 голмани заедно со Ноер и Куртоа и не е случајно тоа што го седна Касиљас на клупа,Алонсо во среден ред си е Алонсо и таков играч не смее никако да се испушти,а Ди Марија според мене минатата сезона беше најдобар играч на Реал.Роналдо си е Роналдо и тука нема многу простор за дискусија,но Ди Марија играше со неверојатна борбеност и желба за докажување и на тешките утакмици беше најдобар поединец во Реал.Пред 4 месеци во финалето против Атлетико изгина дечкото...таква борбеност и желба за надигрување немав видено доста долго време.

Сега го гледам и составот што излегол против Сосиедат. :facepalm:
Без класичен копач во среден ред не може да победиш ни третолигаш,а не па екипи како Сосиедат на гости...изгледа го удрило сонцево и Анчелоти.
 
Неможе а да не му се забележи на Чаби за дезертерството на само 2-3 дека од крајот на трансфер период. Имаше цело лето за тоа да одлучи да ја заврши кариерата во помал клуб а не така педерски да бега.
 
Битно пичињата купуваат розеви дресчиња од џамес. Ги срушивме сите рекорди во јужна америка. Прима топка, глаата у земја и во најкраток можен временски интервал ја враќа наназад до најблискиот играч. Плус тоа колку грешни додавања и упропастени акции имаше ни сам не е свесен. 80 милини:ROFLMAO:. Ист тип на играч ни украде Работнички во Ацо Стојков. А можевме да го донесеме како фри ејџент

Него Касиљас....:facepalm: Немојте да ми кажете дека не се негова кривица барем 2 гола. Двата гола што ги примивме после корнери се негова дирекна кривица. Не смееш бе да дозволиш топката да ти паѓа во петерец да му ебам мајката. Па уште коа бараше енац наместо да брани и Вела му ја брцна меѓу уши... Глаава почна да ми чади.
1976984_589355561175186_7013245256770474786_n.jpg


Ви текнува последнава година колку малце гола примивме после прекини и општо после нафрлени топки? Е тоа не беше заради Рамос и Пепе туку заради Диего. Одлично излегуваше и ги кратеше тие топки и немаше никаква закана по гол, додека со Икер секоја нафрлена топка па и да е некој рандом центаршут е полу-шанса за противничката екипа зошто капитенчево три пати тргнува напред па се премислува.
Баш тоа го пратев последниве неколку утакмици. Буквално едно истрчување немаше ко што треба, излегува на топка, па се подвраќа, па на крај се решава да ја боксува и на крај секогаш касни. Не случајно 3/6 гола што ги имаме примени годинава се од нафрлена топка. Памтете ми го зборов дека оваа година многу ќе патиме од тие нафрлени топки, било од прекини, било од игра.

Остај неговата најголема слабост па уште се понаша ко флегма, таков лабав е цело време и на тренинзи и на утакмици. Бензема 2.0

Како и да е, иако беше крив за двата гола не го кривам него за поразов. Карло е најголемиот кривец. Јес да ги нема Чаби и Ди Мариа ама со тие играчи да не можеш да задржиш водство од 2:0. Плус ако се вадиме на неуиграност што да кажеме за Сосиедад што исто така продаде дел од клучните играчи па ни одржа лекција по фудбал. Дури не напаѓаа и кога водеа:cuc:
 
Од вкупно 6-те гола што ги имаме примено, 4 се после прекини а тој против Патетико е пак после кикс на штоперите.
Сума сумарум немаат ни еден гол примено поради тоа што ни го пробушиле средниот ред.
Крос сосема солидно игра во дефанзива, а за во напад е доста подобар од Алонсо кој се губи на пресинг. Реално и Алонсо да беше пак ќе ги примевме головиве.
Кривицата за головиве е само и само кај Икерчо и одбраната.
Икерчо веќе ми е мака да го коментирам. Да си отидеше летово можда и ќе се заборавеја глупостите што ги направи прошливе две години, ама вака ќе биде врежан по тоа што го растури тимот кој ја освои Децима, заедно со претседателот глуп.
Патем нека си ебе матер пичкетината, не одел во Јунајтед зашто бил Скаузер а појде кај гнасата и клубот кој е на второ место на Мадридистите(нели тој кажуваше дека најголем Мадридиста бил).
И не ме интересира дали имал проблеми со некого или го избркале. Тој во гради се удираше дека све ќе направел за Реал и навивачите, така да нема никакво оправдување за потегот.

п.с. Иначе претседателот изјави дека ќе го терал уште овој мандат т.е. оваа и уште една сезона и се пензионирал. Едвај чекам да се мафне со си Икерчо во пакет.
 
.

п.с. Иначе претседателот изјави дека ќе го терал уште овој мандат т.е. оваа и уште една сезона и се пензионирал. Едвај чекам да се мафне со си Икерчо во пакет.
Benzema go zaboravi :D
 
Не ми е јасна една работа. Кога клубот има успеси, кога се донесуваат нови играчи, тогаш заслужен е не знам, Анчелоти, Мурињо, Бутрагењо, Валдано, такви некои ликови, ама кога ќе се продаде играч крив е единствено и само Перез. Па чоече типот е милијардер, а он не е газда на клубот такашто парите од трансферите сигурно не одат кај него во џеб. Уосталом членовите го бираат, не е диктатор он. Додуше едини кандидат е пошо има некоја финансиска гаранција која треба да се обезбеди за да се кандидира за претседател а тоа е за да не може сваки курто да го праи тоа, али тоа не е сеа тема на муабет.
Друго, ја се кладам у живот дека ако се продадеше Икер летово, вие први ќе почневте да пцуете како смеел Перез таква клубска легенда (каква што е несомнено Касиљас) да продава, донесувал платеници или не знам што. Да не збориме за у Мадрид. Колку се збореше само овде коа си отиде Раул којшто патем беше на залезот од кариерата, а не па за Икер којшто е за голман во најдобрите фудбалски години.
Трето, Пепе и Рамос. Не бе брат, тие служат за да ти ги одржаваат живциве у тренажен процес. Испаѓа дека лани против Баерн се деси чудо (а секое чудо нели, за 3 дена) што не направија ниеден кикс. Исто ко Македонија шо освои 4то место у кошарка и сеа на стара слава (ко Кометал шо славеше 10 години од освојување ЛШ, али да не забегуем ептен офтопик). Се сменија тренери, ама таа стоперска двојка никако. Не знам стварно шо треба да се случи за да се среди одбраната. Ете десен бек колку толку средија (не го хејтајте Карвахал, ќе го биде дечкото веруем у него ја, само 22 години има а дефанзивните квалитети си бараат искуство), ама централната дефанзива јок. И не се криви отсуствата на Ди Марија и Алонсо за примените голови вчера. Крива е одбраната што дозволува примени голови од дистанца еднаква на висината на една наша позната пејачка од Велес која освои второ место на Идол. Кога ќе ги видам примените голови, не знам од кој повеќе ми се плаче. Дали од првиот, кога место да расчистат дозволуваат Мартинез од 2 милиметри да ја забие у гол, дали од вториот, кога Зурутуза непречен од никого ја заби со глава у гол, можеби од третиот кога еден факинг Каналес ги прееба и Рамос и Марсело па овој Зурутуза буквално отпозади се убаци пошо нели одбранава дреме, или пак од четвртиот кога никој не се потруди да расчисти рекламирајќи игра со рака на Вела. Може и имаше, али ти глеј прво да расчистиш бе, после расправај се со судијата.
За трансферите кажав што имав претходно. Ди Марија цело лето пекаше да си иде, немаат врска Крос и Хамес со него. Тој пишуе опроштајно писмо до фановите дека сакал да остане али ради некои структури во управата морал да си иде, Анчелоти изјавува дека клубот дал се од себе да го задржи ама Анхел инсистирал да си оди. Ја да изигравам цајкан и да ги изложувам двајцата на полиграфско тестирање, немам намера. За Алонсо немам коментар. То ест имам да кажам само ова: Баскиец е, а Баскијците се како Заев, на нив не може да им се верува. Не знам како очекувавте некој со политички исперен мозок (какви што се сите во Баскија) да ви биде најголем мадридиста. Не викам ја дека ради тоа он си отишол али, АЛИ, побара трансфер на 2 дена пред крајот на рокот. Кој е крив? Прочитајте ја втората реченица од мислењево. За Диего Лопез ми е највеќе жал. Ама веќе искоментирав за играчот на којшто му е замена, да не се повторувам (односно не кажав колку сум разочаран од него, али мислам дека и нема потреба).
Од донесените, Крос ќе видиме каков ќе испадне. Се уште е рано да се суди. Изигра одлично СП, не ме интересира какви партии пружал за Баерн и што мислат фановите за него, треба да се уигра и ќе биде јак играч. Од друга страна, Хамес ми е недефиниран. Дали сумата платена за него го кочи, дали и на него му треба уигрување, не верувам дека е трема пошо чим на СП кај што те гледа цела планета си се покажал одлично треба и тука да се претставиш во одлично светло. И не знам дали ни е потребен или не али немојте ве молам да кажуете дека не морал да доаѓа пошо Иско е тука. Лани втора полусезона мамето му го ебавте на Иско ради утакмиците негови, сеа он бил тука немало потреба од нов на истата позиција. Кејлор Навас друже, се надевам не се заеба што дојде и дека ќе добиеш шанса да браниш.
Не знам више што друго да кажам. Само би ве посоветувал критиките да ви бидат со малку поширок дијапазон, а не кон една единствена личност, која и да е.
 
Во поразов добро е тоа што се случи на почеток на сезона, нека им биде за памет да не летаат во облаци и дека натпреварот трае 90 а не 10 мин, после тие 0-2 се виде опуштање кај играчите...имаа 2 чисти шанси едната Крос другата Марсело али јбг тоа е што е, плус со играч помалку игравме (Бензема го немаше никаде и тоа во буквална смисла)
 
Реално,јас мислам дека Чичарито ќе биде добро засилување на Реал..
Подобро од Негредо..

Ќе видите дека ќе даде над 20 голови кај нас :)
Tочно е дека таков играч ни треба на нас,само проблемот е тоа што првата 9ка ни забушава...
Иначе Реал подолго време нема таков играч од клупа,за накај 60-70мин кој влегува во игра,кој решава утакмици ...а токму таков беше Чича во УТД....
Сега со нова средина,нова мотивација,се надевам дека ќе биде пак на тоа ниво..

А и гледајќи го Бензема,нека си засука ракавите малку,и може слободно и местото да му го зема..



Инаку,кога ќе изгледам highlights од синока,Рамос што кур бара секоја можна акција во противничкиот 16ник?

Што кур бара Марсело секоја можна акција исто таму? Карвахал исто...

Проблемот кај нас е одбраната...Не дека немат потенцијал,ама не знаат да се оранизираат..како македонци на српска свадба се...Еден трча напред,еден назад...пези...играат со години години заедно,и уште ја немаат таа поврзаност...(пример со мечевите со Баљерн)

Ама мислам дека проблемот е до пристапот на наптреварот,сериозноста....
На 0-2,да останаа на играта, т.е. на сериозноста во играта од првите 10 мин, на Сосиедад не им бегаа 5-6 комада...
Ама што е тука е..добра лекција на почетокот,и останува да видиме што ќе менува Карло,пошто најави синоќа после натрпеварот дека ќе има промени
 
Сега вака од перспектива... Уште не ми се верува како се обидоа да ни го тупнат Фалкао со твитот бе. :pos::pos: Мило ќе ми беше да дојдеше, но ете во Јунајтед замина, за истата цена за која за нас се шпекулираше, шо ми е многу сумливо...[DOUBLEPOST=1409563733][/DOUBLEPOST]
Инаку,кога ќе изгледам highlights од синока,Рамос што кур бара секоја можна акција во противничкиот 16ник?

Што кур бара Марсело секоја можна акција исто таму? Карвахал исто...

Проблемот кај нас е одбраната...Не дека немат потенцијал,ама не знаат да се оранизираат..како македонци на српска свадба се...Еден трча напред,еден назад...

И ја за ова се нервирав, ама Карло е крив. Убаво го видов кај шо довикува МАРСЕЛООО, и кај шо му мафта да оди напред во акција и покрај тоа што беа набутани Иско, Модрич, Крос, Бенз, Бејл, Џамес, Карвахал. Значи тоа е некоја тактичка замисла негова, бековите да изиграваат крила, ако ти текнува колку се нервиравме на почеток лани истото беше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom