Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Најјако е кога му вика Алонсо: ,,Aдидас, фирма гледај ги дресовиве од Мадрид'' :pos:


Da, da :)) Mnogu simptomaticno bese.
Pa uste mu vika, Adidas imaat istorija 70 godini so fudbalot, ne kako tvoive Nike 3 dena :pos:
Ronaldo kako se pravdase kako nekoe malo dete "Ne, be , ne se plastika ovie, dobri se"
 
Утре полагаат матура Карло и Зидан. Прав тест да се види дали сме зрели да играме и тешки утакмици и дека серијава "сигурни" победи не беше случајност. Ма да ја сум песимист со оглед како се напалени баскијциве...
 
Утре полагаат матура Карло и Зидан. Прав тест да се види дали сме зрели да играме и тешки утакмици и дека серијава "сигурни" победи не беше случајност. Ма да ја сум песимист со оглед како се напалени баскијциве...

Флоро нека им ги купи прашањата.

Иначе се надевам дека утре нема да има некои иновативни невидени до сега формации од Карло,нека почне со тоа што функционираше до сега колку толку...
 
поголема мотивација од барса да изгуби и да сме во можност да сме пред нив или први не гледам јас ...утре е денот Д за Реал Мадрид.и да,

Диего
Арбелоа-- Пепе -- Рамос -- Марсело
Алонсо
Модриќ------Димарија
Хесе------------------Роналдо
Бензема​
 
На последните 3 утакмици Билбао има постигнато 15 гола, дали Босот ќе ги штракни 0:1 останува да видиме :icon_lol:
 
Прилично сум сигурен дека играме 4-2-2-2, барем во одбрана, секогаш имаме 2 пара од 4 играчи кои бранат. Тоа е клучот за единствената одбрана која ја знае Анчелоти, всушност Ди Марија го донесе тој баланс на левата страна на која Роналдо порано оперираше. Бејл секогаш покрива десно со Модриќ и Алонсо на средината со што се формира 4-4-2.

Роналдо оперира како полушпиц со слобода во движењето, не е улогата која ја имаше кај Мурињо. Моментално има проблем со реализација али верувам дека ќе се среди.

Е сега незнам како планираат Иско да го вклопат во системот. Најпрвин беше лев АМ, па полушпиц а сега е директна замена за Бензема како лажна деветка или што и да е. Очигледно е дека тој нема доволна визија да игра плејмејкер, ниту пак некои изразени способности да игра средина, премногу ја губи топката при дриблинзите и е прилично себичен, така да покрај Роналдо нема да се изнаигра многу во Реал. Најверојатно ќе биде првата жртва налето доколку не се решат да го кикнат Карло па да проба со нов тренер. Може најдобро ќе биде да се трампа за Суарез со доплата.

Иљараменди е ок типче, добро покрива и е добар под притисок. Му фали само подобро позиционирање и подобро дистрибуирање на долгите топки.

Модриќ, шта речи... Ми се напраи ќеф кога дојде во Реал, али системот на Мурињо не му одговараше. Е кај Карло блесна највеќе поради тоа што се игра подобра пас и прес игра така да има кому да подаде.

Бековите ни се ок. Се надевам дека Коентрао ќе се среди за да продолжи таму каде што застана лани. Мислам дека со Карвахал ни се најдобра комбинација.
Марсело ако ја врати формата од сезоната кога ја зедовме Ла Лига последен пат ќе биде супер, али овака е доста слаб, ептен е опаднат.
Рамос и Пепе делуваат добро, али не ми се сигурни уопште. Најдобриот пар ни е Рамос - Варан само што вториот никако да фати континуитет. Им годи добрата игра на средината така да имаат полесни задачи. Сепак допрва ќе ги видиме за позициона одбрана, нешто што е слаба страна на Пепе.

Бејл е солиден досега, али се изгуби последниве утакмици верувам поради лошата подготовка за сезоната и повредите. Сеуште не сум сигурен дали вредеше неговиот трансфер, ама сепак има простор и време да се докаже.
Најголемиот проблем е Бензема. Колку подалеку од Реал толку подобро. Ја би го чувал за ЛШ бидејќи таму игра најдобро али не верувам дека би сакал да грее клупа. Летово ако можат да го заменат за Суарез ќе направат добра зделка.

Најважно ќе биде да нема повреди во тимот особено за клучните играчи. Што значи тоа?
- Тоа значи дека Анчелоти ќе мора да менува формации, не формација туку формации додека не најде добар баланс за да склопи 11ка што победува. Тоа може да трае и со месеци на што сме сведоци веќе, доста болно за гледање.
Летово ќе се има подобра слика за тоа што освен шпиц ќе ни треба. Ја би инвестирал у добар ДМ или некој апгрејд за Кедира. Секоја чест за него али ни фали некој со подобри офанзивни способности, а да ја донесува истата или подобра дефанзива.
На мое изненадување, играме доста солидно што не очекував со Карло. Се надевам дека тимот ќе напредува уште повеќе.

Се извинувам за долгиот пост, i couldn't help it. ;)
 
DiegoLopez,Carvajal,Ramos,Pepe,Marcelo,Di Maria,Xabi,Modric,Jese,Benzema,Ronaldo за вечер постава :D
и дане знаете случано со која боја на дресови ќе играат вечер?
 
мислам дека ЦР вечер ќе ги спушти билбао на земја малку... :D

Како што беше со А.Мардид сезоната кога Барса се доближи на -3 а игравме во А.Мадрид..
 
Не би го играл Хесе стартер на вакво гостување, подобро да влезе од клупа. Нека трча Бејл од почеток.
 
1620874_776647152364392_1503177968_n.jpg
 
Роналдо е вториот најдобар стрелец против Билбао со 11 голови од 9 натпревари, нема погодено само во 2 натпревари досега...прв е Раул со 12 голови од 29 натпревари против Билбао. Денес КР7 има шанса да се израмни па и да го помине Раул во оваа статистика.

rr4.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom