Прилично сум сигурен дека играме 4-2-2-2, барем во одбрана, секогаш имаме 2 пара од 4 играчи кои бранат. Тоа е клучот за единствената одбрана која ја знае Анчелоти, всушност Ди Марија го донесе тој баланс на левата страна на која Роналдо порано оперираше. Бејл секогаш покрива десно со Модриќ и Алонсо на средината со што се формира 4-4-2.
Роналдо оперира како полушпиц со слобода во движењето, не е улогата која ја имаше кај Мурињо. Моментално има проблем со реализација али верувам дека ќе се среди.
Е сега незнам како планираат Иско да го вклопат во системот. Најпрвин беше лев АМ, па полушпиц а сега е директна замена за Бензема како лажна деветка или што и да е. Очигледно е дека тој нема доволна визија да игра плејмејкер, ниту пак некои изразени способности да игра средина, премногу ја губи топката при дриблинзите и е прилично себичен, така да покрај Роналдо нема да се изнаигра многу во Реал. Најверојатно ќе биде првата жртва налето доколку не се решат да го кикнат Карло па да проба со нов тренер. Може најдобро ќе биде да се трампа за Суарез со доплата.
Иљараменди е ок типче, добро покрива и е добар под притисок. Му фали само подобро позиционирање и подобро дистрибуирање на долгите топки.
Модриќ, шта речи... Ми се напраи ќеф кога дојде во Реал, али системот на Мурињо не му одговараше. Е кај Карло блесна највеќе поради тоа што се игра подобра пас и прес игра така да има кому да подаде.
Бековите ни се ок. Се надевам дека Коентрао ќе се среди за да продолжи таму каде што застана лани. Мислам дека со Карвахал ни се најдобра комбинација.
Марсело ако ја врати формата од сезоната кога ја зедовме Ла Лига последен пат ќе биде супер, али овака е доста слаб, ептен е опаднат.
Рамос и Пепе делуваат добро, али не ми се сигурни уопште. Најдобриот пар ни е Рамос - Варан само што вториот никако да фати континуитет. Им годи добрата игра на средината така да имаат полесни задачи. Сепак допрва ќе ги видиме за позициона одбрана, нешто што е слаба страна на Пепе.
Бејл е солиден досега, али се изгуби последниве утакмици верувам поради лошата подготовка за сезоната и повредите. Сеуште не сум сигурен дали вредеше неговиот трансфер, ама сепак има простор и време да се докаже.
Најголемиот проблем е Бензема. Колку подалеку од Реал толку подобро. Ја би го чувал за ЛШ бидејќи таму игра најдобро али не верувам дека би сакал да грее клупа. Летово ако можат да го заменат за Суарез ќе направат добра зделка.
Најважно ќе биде да нема повреди во тимот особено за клучните играчи. Што значи тоа?
- Тоа значи дека Анчелоти ќе мора да менува формации, не формација туку формации додека не најде добар баланс за да склопи 11ка што победува. Тоа може да трае и со месеци на што сме сведоци веќе, доста болно за гледање.
Летово ќе се има подобра слика за тоа што освен шпиц ќе ни треба. Ја би инвестирал у добар ДМ или некој апгрејд за Кедира. Секоја чест за него али ни фали некој со подобри офанзивни способности, а да ја донесува истата или подобра дефанзива.
На мое изненадување, играме доста солидно што не очекував со Карло. Се надевам дека тимот ќе напредува уште повеќе.
Се извинувам за долгиот пост, i couldn't help it.
