Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Уште не им идет умот на овие што го играат телево по 90 минути ! :@
 
На кики умо му е за утре ..


Да се тресиш 10 минути оти Роналдо неможел да дај гол, одамна а можно е и првпат да го видовме ова :D
 
Таман 1 утакмица да видам Бензема да изигра добро,и ОП Роналдо го глуми Бензема...... :D
Mногу значајна победа
 
Највеќе ме нервира што веќе 5 месеци немаме дефинирано стандардна формација и стратегија на теренот. Се нешто менува, де Роналдо крило, де шпиц, Ди Марија средина, Ди Марија крило, ако има појма што прави ја куро си го сечам. Едноставно ги става играчите кај што му текне и ако изиграат добро тогаш наредната утакмица играат од прва минута. Ако не одиграат добро наредната утакмица менува формација и става потполно нови улоги на играчите.
Се сеќавам Мурињо така пробаше со Коентрао, го стави средина изигра 2 утакмици, го виде дека не го бива таму и никогаш поново не заигра средина. Ди Марија секоја утакмица ја игра на нова позиција.

Имаме потенцијал али не верувам дека Карло има идеја како да го искористи. Некои сегменти се подобрени во играта али ни фали многу.
 
Ќутете арно победија, назад убо изиграја, аман нападот чорбааа. Роналдо незнам шо му е има и тој право на грешки ама и со осасуна Купот и сега со Еспањол едноставно повеќе штета правеше од што користеше. Треба малце да седни да се преиспита да види шо е проблемот ова е загрижувачки. Бејл незабележителен цела утакмица, очекував од него многу повеќе овој натрпевар. Ама ајде то е, ко ке се победи се заборават грешките , ко ке се губи сите се криви.
 
Најлоша утакмица на Роналдо откако е во Реал,ама па и заслужил да му ја опростиме една таква иако мислам дека при една шанса испадна исто себичен и нa му додаде не Хесе како пред некој ден.

Модрич веќе пишав е фантастичен сезонава,се вклопи одлично и со Алонсо се елеганција во движење.
Битна победа како и да е...
ХАЛА МАДРИД
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom