Иско и Ди Марија никогаш повеќе заедно во екипа. Отворија преку 20 контри со нивните без везе дриблинзи и нафрлувања. Моментално се играчи за замена после 60-70 мин. и за купот до послаби утакмици. Играат без мозок.
Хесе си заработи стартно место во екипата доколку Бејл не е спремен за наредната.
Бензема игра добро само со Бејл во екипата, така да среќа само тој да е здрав за да може да функционира телето.
Модриќ цела средина ја држеше, мен оф д меч. Само му фали добар ДМФ до него да се искористат неговите офанзивни карактеристики.
Марсело треба да погрее клупа неколку утакмици. На негово место Арбелоа или Коентрао ако не го шитнат. Никогаш не треба да играме со Марсело и Карвахал како бековска двојка бидејќи ни отвораат милион контри.
Рамос и Пепе солидно вечерва, особено Пепе ги растури.
Анчелоти ризикуваше со замените и удри се на карта напад што е добро, али првичната формација му беше катастрофа. Се надевам дека не е ништо сериозно со Алонсо, не смееме да го изгубиме во овој период на натпреварувања.