Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Поштено го кркавме денеска.

Една работа што не можам да ја сфатам е зошто го продадовме Озил, на негово место го купија Иско кој знае само да шутира и да дрибла у празно, а го купивме и Бејл за да го копира она што го прави Роналдо, односно да шутира од десно на гол. Значи дојде полусезона а не го видов да упати еден асален пас. Знае само да нафрлува и ништо друго. Заради дефанзивната работа? Заради пресингот?

Комплетно разочарување е сезонава. Го растурија пола ланскиот тим, за да гледам глупости сега. Да можам би го преспал престојот на Карло во Мадрид додека не го сменат.
И да, одбраната мора да ја смениме. Еден од Пепе и Рамос да си оди потхитно наредната сезона. Кога веќе дадоја 40 милиони за просек од средината можат да инвестираат во солиден централен бек. Кога еден Пиќе можеше да си го среди срањето и да освои 2 ЛШ, овие неандерталци џабе е и 100 години да ги чекаш. Не им доаѓа ум во глава, а не па да се чека ЛШ од нив.
 
„Falako je fenomenalan igrač, jedan od najboljih napadača današnjice, ali ja sam zadovoljan svojim ofanzivnim kadrom.
Postižemo dosta golova i ne smatram da je neophodno da se pojačavamo.
Tip igrača kao što je on nam u ovom trenutku ne treba.“ rekao je Anćeloti.

Па да, што ќе ни е...
Златен Бензема
 
Ептен сте ќорави или се праете ? После секој ебан гол што го даде Бензема а и тие се се на се 3-4 оди и му го лиже на Ќелавиот на клупата, од авион се гледа дека е у прв тим под притисок и не зависе тоа од Анчелоти, таков договор си е самиот потпишал, друга песна беше Мурињо што праеше што сакаше.

Колку и да е стар и ваков онаков тренер Анчелоти, не може никој да ме убеде дека пример денес не сакаше да го искара телето од игра, али друго е да сакаш, а друго да не можеш.
 
Епа еднаш го свиркаа на бернабе,е сега нека го свиркаат секоја утакмуца можда на перез ќе му дој паметот и на дебилите на клупа
 
Не сум пишал пост тука на кајгана ного време, случајно отворих денеска и гледам се напага Анчелоти и неможаах да оставам а да не напишам нешто.. Па мајка му стара шо е он крив ка Бензема е дрво ? Анчелоти ли треба да влезе во игра па да даде гол ка нема да дадат Кристиано и Бејл.. Најнормално оти на прес конференции ке го фале Бензема шо да не ке каже оти појма нема, оти не заслужува шо е во Реал оште.. Мора да си го фале тимо.. исто как шо е моментално ситуацијата во Манчестер. Зашо Мојс не каже слаби сме, тај е слаб, онај е слаб.. Мора да вика имаме шанса, се ке се среде а само он си знаа как е... На Реал му треба промена во одбранбена линија и да си оде Бензема.. цела математика е таа.. колко ли тренери се смении никој не ни се погодува и шо треба саа да го сменаме Анчелоти ли оти моментално сме -5 зад Барса..
--- надополнето: 15 декември 2013 во 01:03 ---
 
Со таква заспана одбрана ко у прво полувреме (особено при првиот гол), добар е резултатов. Од утакмицава може да се заклучи една работа - Иско вреди злато. Денеска може да се каже дека беше единствена светла точка од цел тим на Реал и се надевам дека во иднина ќе добива третман ко што заслужува, без оглед на тоа што има само 21 година. Роналдо со исклучок на добри два паса во прво полувреме после го снема и до крај рогаше топки у гол аут. За Бензема и нема што да се коментира многу. Исклучен е тотално од се што се дешава на теренот, и ме става у дилема дали е до толку неталентиран и сакат или едноставно не му е до фудбал. Ја да бев на негово место жива срамота ќе ме изедеше и немаше да сакам у прв тим да играм, а не па да одам со Зидан да се поздравувам на секој постигнат гол. Мене уште не ми е јасно кој е претседател на клубот Зидан или Перез. Па добро бе како не го боли срце да фрла толку милиони у ветар и да го остава говедово да се влече по терен, па мислам син или внук да му беше до сеа клупа ќе грееше.Сепак да не излезе дека само Бензема е кривецот за ова денес. Уствари кога ќе размислам главна причина по не знам кој пат е тоа што реал има флегма одбрана, баш ко швајцарско сирење, ги поминуваат ко да се некој третолигашки тим. Само одбраната не започнува тогаш кога со топка ќе ти влезат во шеснаестерец или ќе преминат на твоја половина, повеќе се работи за одбранбени системи. Еве нека учат од Рајо и Атлетик Билбао, поточно Анчелоти нека учи, гинат за секоја топка на секој дел од теренот. И трет многу битен фактор е што Реал многу слабо стои на психолошки план. Има огромна разлика во играта на Реал кога губи или кога се под притисок на времето да постигнат гол, одколку кога рано ќе постигнат гол. Не знам дали тоа се должи на тоа што многу играчи се млади и неискусни па во такви моменти на притисок прилично панично и несмасно реагираат, како и да е тоа не е одлика на големи тимови. На пример Карвахал, многу грешки во подавања денес, не знам колку пати изгуби топка на средина на терен. Исто и Марсело. Бејл беше незабележлив во прво, јес да и тие неколку контакти што ги имаше со топката не беа баш најсјајни. Морам да забележам дека многу малку акции одат по десна страна преку него, и повеќе има улога да нафрлува и асистира. Не знам дали е саботиран ради тоа што е нов, не знае шпански и не е вклопен ко што треба сеуште, ама дефинитивно не му го користат потенцијалот до крај. А и тоа што го сменија со Ди Мариа не направи никаква разлика. Ди Мариа немаше никаков ефект на играта. Рамос пак се опушта, јес да мислам и судијата претера со неговите критериуми за картони, особено при првиот старт можеше да не му суди жолт.
 
Кога го гледам Суарез како игра ,и кога ќе ми текне која морска краставица ја имаме за напаѓач ,реално ми се плаче,ама најреално ...
 
1479215_568736156543426_92093500_n.jpg


Лупај уште 100 милиона.
2eaj58j.gif
 
Жими кур утакмица, посакував некоја силна екипа, ако воопшто имаше силна освен Арсенал и Сити. Сакав да видам до кај сме со силиви, вака само си се лажеме со по некоја добра утакмица против шкљ екипи а Осасуна не поеба у бубрег.
 
Јас сум задоволен, ''полесен'' противник ни се падна па ќе може и лига и куп да бркаме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom