Со таква заспана одбрана ко у прво полувреме (особено при првиот гол), добар е резултатов. Од утакмицава може да се заклучи една работа - Иско вреди злато. Денеска може да се каже дека беше единствена светла точка од цел тим на Реал и се надевам дека во иднина ќе добива третман ко што заслужува, без оглед на тоа што има само 21 година. Роналдо со исклучок на добри два паса во прво полувреме после го снема и до крај рогаше топки у гол аут. За Бензема и нема што да се коментира многу. Исклучен е тотално од се што се дешава на теренот, и ме става у дилема дали е до толку неталентиран и сакат или едноставно не му е до фудбал. Ја да бев на негово место жива срамота ќе ме изедеше и немаше да сакам у прв тим да играм, а не па да одам со Зидан да се поздравувам на секој постигнат гол. Мене уште не ми е јасно кој е претседател на клубот Зидан или Перез. Па добро бе како не го боли срце да фрла толку милиони у ветар и да го остава говедово да се влече по терен, па мислам син или внук да му беше до сеа клупа ќе грееше.Сепак да не излезе дека само Бензема е кривецот за ова денес. Уствари кога ќе размислам главна причина по не знам кој пат е тоа што реал има флегма одбрана, баш ко швајцарско сирење, ги поминуваат ко да се некој третолигашки тим. Само одбраната не започнува тогаш кога со топка ќе ти влезат во шеснаестерец или ќе преминат на твоја половина, повеќе се работи за одбранбени системи. Еве нека учат од Рајо и Атлетик Билбао, поточно Анчелоти нека учи, гинат за секоја топка на секој дел од теренот. И трет многу битен фактор е што Реал многу слабо стои на психолошки план. Има огромна разлика во играта на Реал кога губи или кога се под притисок на времето да постигнат гол, одколку кога рано ќе постигнат гол. Не знам дали тоа се должи на тоа што многу играчи се млади и неискусни па во такви моменти на притисок прилично панично и несмасно реагираат, како и да е тоа не е одлика на големи тимови. На пример Карвахал, многу грешки во подавања денес, не знам колку пати изгуби топка на средина на терен. Исто и Марсело. Бејл беше незабележлив во прво, јес да и тие неколку контакти што ги имаше со топката не беа баш најсјајни. Морам да забележам дека многу малку акции одат по десна страна преку него, и повеќе има улога да нафрлува и асистира. Не знам дали е саботиран ради тоа што е нов, не знае шпански и не е вклопен ко што треба сеуште, ама дефинитивно не му го користат потенцијалот до крај. А и тоа што го сменија со Ди Мариа не направи никаква разлика. Ди Мариа немаше никаков ефект на играта. Рамос пак се опушта, јес да мислам и судијата претера со неговите критериуми за картони, особено при првиот старт можеше да не му суди жолт.