Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Кој црни 70 милиона ? Максимум Бејл вреди 50 милиона. Максимум.

70 милиони не се многу за играч за кој знаеш дека има филозофија за напредок,истиот случај како со Роналдо,не верувам дека некој во Мадрид жали за тие 95 милиони,60-70 се многу за играч како што е Кака...
 
Ако е точна веста на SkySports а треба да е затоа што е угледен сајтот понудата е точна. Колку и да е луд евреинот, сигурно е свесен дека Бејл не е ниту приближно вреден како испратената понуда од Реал и очекувам да ја прифати (може со некои помали бонуси)

Ако минатата година Ел Класико се очекуваше да го гледаат 400 милиони гледачи, оваа година може ќе дојде до 600м
 
Најинтересни ми се споредбите на Бејл со Роналдо. Наликувал на него во препоните, дал 20 гола во ПЛ и му се става надимак новиот Роналдо.
И сега нормално се оправдуваат 80, 90, 100, 120 милиони бидејќи fuck yeah, најјак состав на хартија а во реалноста ќе губиме од бош екипи како Лион у осмина финале.

Најидиотскиот трансфер на Реал ќе се случи во иднина, и после се чудите зошто Роналдо барал поголема плата и не сака да потпише нов договор. Земи колку што можеш повеќе од идиотите во управата, не за џабе се овци за стрижење.
 
После волку играчи, речиси сигурен сум дека ќе играме со еден дмф. Ма да и на таа позиција ги имаме многу. Хаос, хаос. На крајот на идното лето многу играчи ќе не напуштат, а дел од нив ќе бидат и играчи што дошле ова лето. Памтете. :)
 
Највише ме нервира кога ќе ми спомне некој, “дал толку гола и сега демек е многу јак“.
Абе разберите дека еден играч не можеш да го процениш по головите што ги дал. Можеш да го процениш по играта, по придонесот што го дава за екипата (креирање акции, значајноста на истиот и сл), а не по головите. Ако не сте го прателе Тотенхем лани, доста кењате.
И затоа аман више со тоа дека Бејл не бил јак. Јак е, и тоа премногу. И бидите сигурни дека може да го стигне Роналдо, зошто по стилот највише личи на него, по карактер исто (можда не е самобендисан како Роналдо, ама по мотивацијата и по желбата за напредок секоја сезона, сигурно дека да).
Ја го сакам многу во Реал, зошто за Ди Мариа е Роналдо :D Мене ми е криво што Леви го дупи цело време Флоро, лани со Модриќ, сега со Бејл. Ако запнал толку да го донесе, нека даде и 150 милиони зошто левиов нема да му спушти цена па не знам што да биде. Ама барем нека го донесе порано, не како Модриќ да му треба пола сезона да се уигрува со тимот.
 
2011
1000221_483290408428060_1791642502_n.png

2013 :pos:
 
После волку играчи, речиси сигурен сум дека ќе играме со еден дмф. Ма да и на таа позиција ги имаме многу. Хаос, хаос. На крајот на идното лето многу играчи ќе не напуштат, а дел од нив ќе бидат и играчи што дошле ова лето. Памтете. :)

во секоја војна мора да има жртви.исто ти е
 
Алонсо нема да игра до Ноември, толку време му требало да се опорави од операцијата. Очекувам Кедира да биде незаменлив ако е здрав, јас би го играл него у прв состав.
 
Играч за кој даваш 100+ милиони евра треба уште првата сезона да ти донесе успех во ЛШ, купот и лигата инаку ќе го изедат навивачите.

Бејл и да дојде, на грб треба да ја носи сумата која е платена за него. Досега не ни излегувал од комфорт зоната во Тотенхем што значи голема промена за него. Друга работа, треба да игра во тим во кој нема да биде ударна точка во екипата, т.е. треба да научи да подава и креира за Роналдо, а следејќи му ја толку познатата поранешна сезона не беше баш човек за асистенции. Трета работа, друга лига која е сосема различна од англиската, со повеќе пресинг и пофлуидна игра на средината. Досега се изнаигра на различни позиции, беше бек, па крило, па полушпиц. Зошто побогу ќе даваш толку пари за играч кој нема дефинирано точна позиција на теренот туку игра слободна улога. Настрана тоа што Карло форсира игра низ средината на теренот, има да настане гужва пред шеснаесетник и Роналдо ќе биде лимитиран од играч кој дава по 20 голови по сезона.

Значи заклучок, овие 100 милиони евра или колку и да испаднат се даваат за играч од кој ќе очекуваме во иднината меѓутоа немаме цврст доказ освен тоа дека наликува, според позицијата и физикусот, на Роналдо а е километри далеку од него. Дури и Кака имаше поимпресивно сиви од Бејл па гледаме дека заврши.

Колку и да се трудам не можам да најдам позитивности за Бејл во Реал. Не гледам какво подобрување би внесол во играта ама баш ич кога се решаваме да ја мениме тактиката со контри.
Има пореални во финансиска смисла трансфери што можат да се направат и да имаат подобар краен импакт. Дефинитивно сум против за трансферот на Бејл во Реал за било која цена, ама кој ме прашува мене.
 
Ronaldo za Bejl bil i ke bide igrac.
Pozdrav i sekoe dobro so taa luda politika na "kupi se po sekoja cena".
 
Смешно ми е што ги споредуваат Роналдо и Бејл...
Во едно нешто се само слични, пасијата за тренирање, и унапредување на својата игра...
Го следев Тотенхем претходнава година зошто се кладев на нив...

Роналдо игра со две нозе, Бејл десната ја користи за потпирање...
Роналдо игра со глава, и тоа еден од подобрите во светот, Бејл не е ни приближно таму...
Роналдо технички е 10 години пред Бејл, кој само користи брзина за претрчување на играчи...

итн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom