Играч за кој даваш 100+ милиони евра треба уште првата сезона да ти донесе успех во ЛШ, купот и лигата инаку ќе го изедат навивачите.
Бејл и да дојде, на грб треба да ја носи сумата која е платена за него. Досега не ни излегувал од комфорт зоната во Тотенхем што значи голема промена за него. Друга работа, треба да игра во тим во кој нема да биде ударна точка во екипата, т.е. треба да научи да подава и креира за Роналдо, а следејќи му ја толку познатата поранешна сезона не беше баш човек за асистенции. Трета работа, друга лига која е сосема различна од англиската, со повеќе пресинг и пофлуидна игра на средината. Досега се изнаигра на различни позиции, беше бек, па крило, па полушпиц. Зошто побогу ќе даваш толку пари за играч кој нема дефинирано точна позиција на теренот туку игра слободна улога. Настрана тоа што Карло форсира игра низ средината на теренот, има да настане гужва пред шеснаесетник и Роналдо ќе биде лимитиран од играч кој дава по 20 голови по сезона.
Значи заклучок, овие 100 милиони евра или колку и да испаднат се даваат за играч од кој ќе очекуваме во иднината меѓутоа немаме цврст доказ освен тоа дека наликува, според позицијата и физикусот, на Роналдо а е километри далеку од него. Дури и Кака имаше поимпресивно сиви од Бејл па гледаме дека заврши.
Колку и да се трудам не можам да најдам позитивности за Бејл во Реал. Не гледам какво подобрување би внесол во играта ама баш ич кога се решаваме да ја мениме тактиката со контри.
Има пореални во финансиска смисла трансфери што можат да се направат и да имаат подобар краен импакт. Дефинитивно сум против за трансферот на Бејл во Реал за било која цена, ама кој ме прашува мене.