- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.656
- Поени од реакции
- 14.632
Од она што го имам гледано од Јунајтед, Керик и не ми изгледа дека ќе биде баш некоја закана за нас, ми изгледа како доста лимитиран играч кој знае да даде некој обичен пас и да пресече некоја топка во одбрана, нашите играчи на таа позиција се многу подобри од него, пак ќе кажам ова од она што го имам гледано од дербињата во кои играле Јунајтед пошто само тие ги гледам од Премиер. Чаби може да излезе на крај со Руни ако тој игра некој вид на полушпиц, Рамос може со Ван Перси. Клучни играчи кај нас мислам дека ќе бидат Есиен/Арбелоа и Коентрао, Манчестер се најопасни по крилата а ако овие успеат да ги сопрат Гигс/Валенсија и Јанг, ќе завршат голем дел од работата. Спората одбрана на Манчестер мислам дека ќе си големи проблеми со Роналдо и Бензема. Скоро на секој дел од теренот сме израмнети со нив, нивните крила се во подобра форма, мада ако Ди Мариа заигра како кога играше минатата сезона подобри сме многу од нив на крилата. Едино што тие имаат прав шпиц во нападот а ние имаме телиња. Како и да е, ќе биде дуел за паметење.