Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
ете 2-1 :@:@ цццц Мурињо не знам дали е будала или намерно се прави будала ?? Од авион се гледа дека Озил не игра ни 20% од тоа што играше лани и упорно го држи 90 минути ... притоа останавме без одбрана со 3 назад и ете ја казната ! Сега тешко гол да се даде 10 души во 16 метри напикани !
 
Кривицата од мене е кон Мурињо.

Страшно ги мразам ваквите замени кога се менува целата концепција. Прво излага Ласс влага Бензема, у средина останува дупка напред 5 души се гушат на мал простор. После па го вади Марсело го става Каљехон... назад две дупки напред 6 души на мал простор.

Глупости.... Инаку Озил е најдобриот поединец, не се фурајте, единствено он игра нешто, другиве дупки...
 
Се исќоравив на стримот, зошто?
За да гледам од 2 метра како гол не може да се даде, како контра 4 на 2 Ди Марија шутира од 20 место да подаде, гол од 15 метра со глава ни дадоа и на крај овај месечаров не знае кај оди.
 
Сеа за следната сите на бајачка против уплав од топка, ќе биде подобро
 
Ако не ви чини Мурињо не мислете многу дајте му еден отказ и така има 2-3 екипи што како Исус го чекаат :D
 
И лани имавме сличен почеток, среќа ни се погоди Сарагоса па ги тепавме 0 - 6, и потоа Гетафе дома 4 - 2, иако одигравме ептен слаб натпревар. Потоа кикснавме две со Сантандер и Леванте, и машинеријата започна да работи. Секој почеток е таков, јебига им се погоди на Барса прво коло ептен лесен противник а второ коло ги извлекоа судиите, и тоа е тоа имаат 6 бода. Ќе дојдат работите на свое место, само да не биде многу касно тогаш.
 
ете 2-1 :mad::mad: цццц Мурињо не знам дали е будала или намерно се прави будала ?? Од авион се гледа дека Озил не игра ни 20% од тоа што играше лани и упорно го држи 90 минути ... притоа останавме без одбрана со 3 назад и ете ја казната ! Сега тешко гол да се даде 10 души во 16 метри напикани !

(y) KAKA!Ќе го барате дечково:свиркам:
 
Катастрофа, ко Барса лани сме...

Никаква течност у играта, у огромен пад у формата е цел тим.

Одбраната класика, Рамос дупе у воздушни дуели. Како аматерски му дозволија на Валера да даде гол. :facepalm:

Озил игра слабо, но беше НАЈДОБРИОТ поединец. Единствено у него гледав надеж, другиве ко да не играа. Роналдо избегнува да шутне, Игуаин статичен ко столб, Бензема теле! Карактеристики на Бензема лани беа експлозивност и брзина. Правеше два потега и шут, сеа дрибла 10 метра и заглавува со топката.

Алонсо премногу ги форсира долгите топки, а една не погоди. Марсело и Арбелоа ужас. Ласс изгуби 20 топки една не пресече. Албиол беше единствениот со Озил кој беше просечен.

Пак ќе пишам, мразам кога тренерот прави измени со кој целосно се менува концепцијата. Уверен сум дека немаше да примиме гол ако не го извадеше Марсело. Да беше ова у некое покасно коло па да идеш целосно на ризик океј, ама вака и бод ќе беше поарно...

Ова е обратната страна на ланскиот Мадрид, мора менување од корен за да не ја сјебеме сезоната уште од самиот почеток.... :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom