Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Извинете што ви се мешам во Роналдо дискусијава, сакам само да пишам некој збор :) Се буните зошто не и дал гол на Барселона. Кажете ми кога Роналдо играше во Манчестер, кога сам ги решил Ливерпул, Сити, Лидс не ај, тој дојде во поновата ера кога Лидс веќе беше даун. Значи ви зборам за најжустрите ривали на Манчестер. Од него не можете да очекувате против Барселона како ваш најголем ривал да ја земе топката од пола терен и во гол да влезе со неа. За Роналдо да функционира како што треба, во вакви големи натпревари треба целата екипа да си е на ниво. Голот во финалето во 2008 како дојде, акција на Сколс и Браун, Браун му нафрли и даде гол. Во купот како ја победивте Барселона, Ангеле ако добро памтам му нафрли. Во вакви натпревари обично противникот знае од кај може да му дојде најголемата опасност и е сконцентриран на елиминирање на истата. Добро кажа апидроне погоре, ништо нема да направи ако дава 2 гола во сезоната, во Ел Класиката во лигата. Па вие да ги победите сите овие боси екипи и да изгубите на два пати од Барселона и тоа убедливо пак ќе сте шампиони.

Убаво кажуваат дечкиве што викаат дека кога играте против Барселона треба и другите да преземат кривица. Не мора да значи дека ако Роналдо вредел 90 милиона треба да игра за целата екипа. Што поскоро го сфатат фановите на Мадрид ова (тие што се од Шпанија), тоа подобро. Гледам еден фан на Реал што го следам на Твитер, кога игравте еднаш во попладневен термин Манчестер исто играше тогаш и на Олд Трафорд се пееше неговата песна. Типот беше воодушевен што во истото време кога Роналдо игра за Мадрид, на Олд Трафорд се пее неговата песна.

Роналдо летото пред да почне сезоната 2006/07 додека беа сите на одмор, тој одеше на Керингтон и вежбаше слободни удари по цел ден. Овој факт мислам дека треба да им се каже на Озил што останува без душа на пола натпревар од тоа што можам да видам и треба да поработи на тоа, како и другиве што често ви се мета на критика :)
 
Па уште и медиумиве коа извадија приказна дека сакал да го напушти Реал, само затоа што не го прославил голот против Гранада... таквите индивидуи не би ги коментирал.
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 00:20 ---

Значи ти си задоволен ако играчот само трча ко мува без глава, ко Форест Гамп, не е важно што ќе направи, нели?

Незнам дали намерно се правиш дека не читаш или што е проблемот. Роналдо не е Фобер па да трча ко мува без глава. Ако Роналдо е тој што збориш најдобар, најбрз, има кондиција да трча цела утакмица, да врши пресинг(а се ова е и може да го направи) тоа многу ќе му помогне на Реал ако малце се потруди. Мене ме нервира неговата незаинтересираност и себичност
 
Тој својот "мадридизам" никогаш не го докажал. Тој докажа зошто е најплатен играч во свет. Едноставно си ја заработува платата. Игра стандардно, дава голови, најдобар играч ни беше во минатите две сезони. Тој својот "мадридизам" ќе го докаже кога ќе му помигне на Мадрид да ја победи барселона а не постојано да одмогнува со својот егоизам, препотентност и желба да докаже дека е подобар од меси.
"Мадридизмот" ќе го докаже кога против барселона(или било која екипа) кога ако губиме ќе трча ко луд цело време напред и назад (пр. Марсело, Рамос, Ди Мариа .......(вистински мадридисти)) ќе брка топка, а нема да стои у место и да скока ко мајмун покрај аут линија зашто место него му ја подале на Озил.
.

Грешиш овде. :)

Ако гледаме така, и Мурињо го нема докажано мадридизмот. И тој има само една победа против Барса, и тоа знаеме со чив гол победивме тогаш.

Не е до тоа, ги извртувате работите и едниве и другиве... Роналдо, како професионалец и играч од таков калибар, мораше да прифати делумна вина за поразот од Барселона. Доколку го стореше тоа, немаше да се крене толкава фама.

Друго, не се глупи шпекулации. Неможам сега да барам видеа, но и гестот што не го прослави голот со Гранада покажува дека е „напизден“. Ако, нека биде напизден на фановите, но најпрво нека биде напизден кон себеси.

Значи, не ме сфаќајте погрешно (морам да напоменам ова, оти многумина погрешно читате). За мене Роналдо е најдобриот фудбалер на светот, НО факт е дека он мора да поработи повеќе на „својата глава“ и да го отргне тој притисок кој го наметнува и самиот, покрај другите...

за крај, еве капитенот има да каже нешто за Роналдо, он знае поубаво од нас какви се работите...

то је то!

п.с. Кедира еден месец аут, Ангеле ќе биде спремен за со Барса.
 
A od deka znaesh ti deka se pravi BOG? Samo toa sto nekolku mediumi prenesoa glupi spekulacii i prikazni okolu neproslavuvanjeto na golot protiv Granada pa demek on ne e zadovolen i bara status na legenda... Seriozno najdi mi go videoto na koe toj go izjavuva toa pa posle ke pravime debata za toa dali vredi ili ne.

По неговиот однос на теренот. Само се буни, се перчи, се преправа наместо постојано да трча и да се бори за клубот
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 01:02 ---
Грешиш овде. :)

Ако гледаме така, и Мурињо го нема докажано мадридизмот. И тој има само една победа против Барса, и тоа знаеме со чив гол победивме тогаш.

Не мислев на тимот. Мислев на победа на Мадрид над Каталонија. Да преформулирам
Тој својот "мадридизам" ќе го докаже кога ќе му помигне на Мадрид да ја победи Каталонија а не постојано да одмогнува со својот егоизам, препотентност и желба да докаже дека е подобар од меси.

"Мадридизмот" ќе го докаже кога против барселона(или било која екипа) кога ако губиме ќе трча ко луд цело време напред и назад (пр. Марсело, Рамос, Ди Мариа .......(вистински мадридисти)) ќе брка топка, (ќе гине за клубот) а нема да стои у место и да скока ко мајмун покрај аут линија зашто место него му ја подале на Озил.
 
По неговиот однос на теренот. Само се буни, се перчи, се преправа наместо постојано да трча и да се бори за клубот
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 01:02 ---

Не мислев на тимот. Мислев на победа на Мадрид над Каталонија. Да преформулирам
Тој својот "мадридизам" ќе го докаже кога ќе му помигне на Мадрид да ја победи Каталонија а не постојано да одмогнува со својот егоизам, препотентност и желба да докаже дека е подобар од меси.

"Мадридизмот" ќе го докаже кога против барселона(или било која екипа) кога ако губиме ќе трча ко луд цело време напред и назад (пр. Марсело, Рамос, Ди Мариа .......(вистински мадридисти)) ќе брка топка, (ќе гине за клубот) а нема да стои у место и да скока ко мајмун покрај аут линија зашто место него му ја подале на Озил.

За првиот дел од болдот:
Тој е таков и мора да го сфатите тоа!! Немој да мислиш дека ќе се смени. Кога реагира така, не мисли ништо лошо (барем ја мислим така), туку таков му е карактерот и брзо се нервира. Да се понаша така како што викаш ти, истото ќе биде и на тренинзи. Ама знаеш и самиот што изјавуваат постојано останатите играчи за него.
За вториот дел од болдот:
Сакаш да кажеш дека не трча и не се бори за клубот??? Ќе замолим некого, ако може да најде за секоја утакмица посебно кој колку км истрчал, па да видимо дали е како што викаш ти, дека не трчал и не се борел за клубот. Баш напротив, откако дојде Мурињо, Роналдо постојано се враќа назад и помага и во дефанзива. Зошто таков е стилот на Мурињо, да се врши постојано пресинг врз противничките играчи.

И ок, тоа е твое мислење и секој си има право на свое мислење. Само немој да го наметнуеш твоето мислење на другите.
 
Абе доста изигравате струцњаци,и кажувате кој бил поголем мадридиста.
Гледам главна тема ви е Роналдо.Па да не беше он немаше да ја имаме ни таа скапана,ебана,шугава,невредна,никаква титула у купот.
Сега дркате на Бензема а ?Кај беше тоа мутлето пред 2 месеци ?Се спремал физички,психички,КАЈ БИЛ ?
Во полуфинале со барса кој заеба за вториот гол ?
Сега последново Ел Класико Рамос правеше катастрофални грешки,али добро он игра со срце за клубот,па и црвен да добие и автогол да си даде му се простува.
Така да поштедете го целиот фан клуб од толку “паметување“.:)
 
Како можам да му наметнам на некого мислење. Пишувам тоа што го гледам на утакмици, Нека ти текне тука на форумов колку пати сме збореле за ова. Дека Роналдо за разлика од Ди Мариа ич не се враќа назад и не помага во одбрана
 
Како можам да му наметнам на некого мислење. Пишувам тоа што го гледам на утакмици, Нека ти текна тука на форумов колку пати сме збореле за ова. Дека Роналдо за разлика од Ди Мариа ич не се враќа назад и не помага во одбрана
Различен тип на играчи. Дечко ги бркаш работеве, ама океј ти реков тоа е твое мислење. Искрено криво ми е што се збори ова за Роналдо, ама океј нека ви биде. Незнаете што можемо да изгубимо доколку си замине, играч кој кога не му иде на тимот може да реши утакмица со еден потег.
 
Problemot e sto sakas Ronaldo da bide Mesi. Epa nemoze i nema da bide. Sakas da ja resava utakmicata so Barselona,kazi mi kolku upotreblivi topki u for dobi za da sutne,2-3 dobiva na skoro sekoja utakmica so Barsa, i pritoa ne e vo idealna situacija. E sega i mene me iznervira prethodnata so Barsa koga mozese da dade 2 gola bez problem ama pritisokot si go napravi svoeto. Puka od zelba da dade gol koj ke ja resi utakmicata vo polza za Real samo od faci kako tebe koi plukaat po nego i konstantno ne se zadovolni. Ednostavno Real ne go biva od navivacite , pa posle od se drugo.
 
И што ако не се враќа во одбрана, кога и така не го бива за дефанзива? На првата утакмица со Малага, вториот нивни гол, топката кого го прелета? Ако го форсираш некого на позиција за која не го бива, ќе се случуваат такви работи. Еден двајца мора увек да бидат спремни за контра. Кој да биде тоа? Бензема? Алонсо? Озил?
 
Нема потреба некој (освен најистурениот барем) да седи толку напред при одбрана. Видовме, сезонава најјаките контри ги почнавме кога сите беа пред наш шеснаесетник. Тоа не преставува проблем за Реал, имаш петорица Усеин Болт у тимот кои можат целиот терен да го претрчаат за 15 секунди.

Роналдо не се враќа назад колку што треба, факт. Не дека секогаш го прави тоа, се враќа и он назад, но најчесто губи топка и она класичното со рацете околу половина. :) Затоа пак, Бензема/Игуаин мора да се враќаат позади...

Али ја сум навикнат на тоа, не ни очекувам он да се враќа назад. Штом до сеа тоа Мурињо не го спроведе, тешко дека ќе ја смени љубовта кон Роналдо и дека ќе го натера да се враќа...
 
Ве читам и незнам дали да се смеам или плакам. Изгледа немате попаметна работа па се карате за банални работи. Уживајте во фудбалот уживајте во 5те бода предност. Ел класико не ја носи титулата ја носат победите против малите екипи.
 
Нема потреба некој (освен најистурениот барем) да седи толку напред при одбрана. Видовме, сезонава најјаките контри ги почнавме кога сите беа пред наш шеснаесетник. Тоа не преставува проблем за Реал, имаш петорица Усеин Болт у тимот кои можат целиот терен да го претрчаат за 15 секунди.

Роналдо не се враќа назад колку што треба, факт. Не дека секогаш го прави тоа, се враќа и он назад, но најчесто губи топка и она класичното со рацете околу половина. :) Затоа пак, Бензема/Игуаин мора да се враќаат позади...

Али ја сум навикнат на тоа, не ни очекувам он да се враќа назад. Штом до сеа тоа Мурињо не го спроведе, тешко дека ќе ја смени љубовта кон Роналдо и дека ќе го натера да се враќа...
Не ја гледам ефективноста во тоа да се враќа назад. Кога си го видел ти он да одземе топка? Не е работата само да се врати, колку да се рече ете дека трча напред назад. Кога е у дефанзива ми се чини дека поише пречи отколку што помага.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom