Па добро, ги разбирам јас некои размазенi навивачи да го исвиркуваат..
Мислам, хеј ако не постигнал гол и не го одржал просекот, јес дека таков играч пред тоа не сме имале али скромно би било од него да се бара нешто помалку.
И пак пробуваше, се обидуваше, клизаше, правеше нешто кога топката веќе не сакаше да влезе во голот. (смешно е како и на крајот влезе) Навистина криминално што не го славеше петтиот гол во 90та минута против факинг Гранада, секако дека со истите луѓе ќе го смени дресот одма после 5 минути, но подобро да го славеше.. Али не важат истите правила за сите.
И пак кој го заболи што Озил одигра прилично лошо, али ако даде еден пас со пета одма публиката е во фаза на екстаза, слично важи и за некои други играчи..
Ни кон Игуаин навивачите не се нешто подобри, ако гледаме реално во поглед головите и нивната важност и она што го направил со тимот, Игуаин не направил ништо помалку од еден Роналдо Да Лима..
Малку заминав од темата, мада не ги сваќам муабетите од последните неколку страни, да се обезвреди учинокот на Роналдо само заради еден гест ?
И што е со тој мадридски дух ?
Дали Зидан со еден волеј или Роналдо со една добра партија го добија тој статус ? Не, туку сите тоа го добија со добри игри, како што е сегашниот Роналдо.
Луѓе мои никој додека навиваме за Реал нема да постигне 40 гола за една сезона.. Освен можеби Роналдо, до крајот на неговата ера во Мадрид.. Али не, малку се тие гола, безначајни се.
Тоа едноставно е најдобра сезона за еден играч во белиот дрес во неговата кариера, а можеби и во историјата на Реал Мадрид. Не е до него што не ни оди против Барселона. Роналдо не игра сам па да има некоја задача "да ја сруши Барселона", тој може сам да игра против Алмерија, Осасуна, дури и против Севиља и Валенсија, али против можеби најдобриот тим на сите времиња, сепак не може, веќе ја сруши еднаш, во купот, али многумина тоа го забораваат.
Потценување е тоа што секој ден се споредува со Меси, не сакам и јас сега да ги споредувам, али факт е дека Меси е роден во вистинско време, игра во вистинскиот систем, и не се исти условите и за двајцата. Па Меси не ни треба да гледа кога трча, знае дека топката ќе дојде до него.
За крај, Роналдо е единствениот човек во светот кој во овој момент би помогнал да ја совладаме Барселона.
112 гола, 115 натпревари... Смешно е после 2 потпросечни натпревари да не очекуваме да им пукне еден хет-трик на Мајорка..