ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Можеби и си во право ете повеќе ги пратиш и ги знаеш сигурно од мене..само од толку натпревари што ги гледав некако Ди Мариа ми се виде понапреднат за разлика од Бензема и Озил кој се легнати на брашното..па за Игуаин да не прам муабет ..настрана повредата ама тој како најнезаинтересиран од сите изгледа...
Озил е играчиште. Но батката е станат огромна флегма оваа сезона. Наликува се повеќе на Гути (за жал). Огромен талент, но мрза. Почна да забушава и на тренинзи и затоа и беше јавно критикуван од Мурињо.
Бензема... не треба да е цел на толкави критики. Споре мене лично, Бензема е најнапреднатиот играч под водство на Мурињо. Ди Марија, Озил тие дојдоа и веднаш почнаа фуриозно да играат, Бензема почна од минус. Играше катастрофално, ужасно, но ланската сезона имаше неверојатен напредок под Мурињо, созреа, растураше...
Е сеа, секако, секому се дешава да е во лоша форма, во таква беше и тој. Моментално можеби не дава голови, но има голема улога во нападот. Како и секој шпиц и тој ќе игра подобро кога и остатокот од тимот би играл подобро, а не ко моменталниов сив Реал...