21.20 JOSE MOURINHO, JOSE MOURINHO
Еве после неколку денови да го напишам своето мислење за се што се случуваше околку натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид или Мадридското дерби, ова го пишувам со задоцнување поради некои обврски.
Што би рекол другар ми Дејан, малце да си погледнам и во својот двор и да напишам нето за реал Мадрид и мислам дека поубав повод од Мадридското дерби за пишување нема. Мадридско дерби цели 13 години е еднострано победува само Реал Мадрид и тоа веќе премина во голем комплекс за навивачите на Атлетико Мадрид, но ова година имаше многу разлика од претходните години. Оваа година Атлетико Мадрид под водство на Диего Симеоне игра одлично скоро без грешка, после 13 години се пред Реал Мадрид на табелата и тоа со солидна предност (пред натпреварот), атмосферата во самиот клуб атмосферата е одлична, навивачите беа полни со самодоверба (на тренинг пред натпреварот дојдоа 20000 навивачи), го имаат Фалкао (можеби најдобрата 9 во сегашниот фудбал) и се беше перфектно за Алетико Мадрид пред натпреварот и се навестуваше дека дојде времето за промена на Владетелот на Мадрид. За разлика од Атлетико Мадрид во Реал Мадрид работите беа ни малце идеални, беа раштимани од последните резултати (ремито против Манчестер Сити и второто место во групата во Лигата на Шанпиони и поразот од Бетис кој беше и повеќе од заслужен) и сите други попратни медиумски работи околу Мурињо, Сергио Рамос, Касиљас и Роналдо. Досегашниот дел од сезона ни малку не добра за клугот кој секогаш има високи дострели и се укажување на тоа дека против ваков Атлетико Мадрид ќе биде многу тешко. Притисокот пред натпреварот целосно беше на страната на Реал Мадрид, на играчите и на Мурињо. Но, во овој дел според моето мислење одлично одигра Големиот Мурињо (заради ова го ценам, а не заради тактичките замисли) го презеде целиот притисок врз свој грб со привлекување на јавноста, прво со изјавата, а подоцна и со исполнувањето на даденото дека ќе излезе во 21.20 часот пред натпреварот на теренот и кој сака може тогаш да исвиркува, но тој доби огромни овации (се разбира Сантиаго Бернабе уште не беше полн), а подоцна да навиваат за играчите и клубот. Со ова тој ги ослободи Роналдо и дружината од секаков притисок и можеа во мира да се подготвуваат, исто во контекст беше и спинот од страна на Мурињо со оставањето на Роналдо, Пепе, Коетрао и Арбелоа (доста клучни играчи за играта на Реал Мадрид оваа сезона) пред стадионот, наводно поради доцнење и овие морале да одат до хотелот со такси.
За самиот натпревар и тактика на него немас многу да се задржувам бидејќи од двете екипи се беше перфектно поставено, го имаше набојот на вистинско дерби, на моменти пре топло и емотивно, ама тоа е вообичаено за вакви натпревари. Како љубител на фудбалската игра воопшто не ми се допаѓаше тоа што Реал Мадрид играше многу дефанзивно и претпазливо како Леванте, сакам да гледам убедлив офанзивен фудбал со многу шанси и голови, како МАДРИДИСТА сум многу задоволен бидејќи овој натпревар беше многу важен од многу аспекти и затоа мораше да се добие по секоја цена, ваквата игра е најсигурна варијанта. Ја знаете онаа „ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА“
Поради ова мора да му се даде целосна подршка на Мурињо, бидејќи за ваков Реал Мадрид, тој е вистинскиот човек, како Бранко за СДСМ (мала дигресија)