Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе ми текне дека лани со истиов стартен состав Зизу играше на победа со макс еден гол разлика, и до тоа едвај, килаво се доаѓаше...
Ајде и не е баш истиот ради задниот ред, т.е централните бекови, од која што промена и највеќе се плашевме. Рамос и Варан требаше некој да ги замени :eek: најбитната карика у тимот и столб пар години наназад. Ама ова требаше да биде, и се очекуваше да е негативна промена...

Затоа респект за Карло, колку и да некои одлуки не ми се свиѓале, како недоволно ротации, сомнителни почетни формации и сл, повлекуваше. Сепак батето е класа. Јас за Зизу викав дека знае да го извади најдоброто од секој фудбалер, и е добар мотиватор. Овој испаѓа дека е и повеќе од тоа.
По мене, нај пред се, мислам дека успехот му се должи што за разлика од Зизу, му даде шанса на Винициус пред Хазард. Сеа колку и да делува од оваа гледна точка, таа одлука банална и очигледна. Ама кој се сеќава, знае. Се форсираше Хазард секогаш кога беше здрав.
Вини таман ќе сврзеше 3/4 утакмици и ќе влезеше полека во играчка форма. Ќе отседеше следни 5 текми на клупа и ќе чекаше последни 20 минути да влезе во игра. Ради што сите го чекаа можеби и со право, чудото од играч, Хазард од Челзи. Ама тој не се појавуваше.

Нормално и физичката спремност на играчите, Пинтус и малиот Анчелоти чудо направија. Се сеќаваме лани каква болница беше тимов. Неможеа да задржат константност ради тие постојани повреди. Имаше лани и некоја статистика за тој сегмент и знам беше рекордна во негативна смисла.

Во глобала земено. Покажаа повеќе од што се очекуваше. Не за џабе Перез идеше да истури 200 милиона на играч што сега можат да го земат за безпари, не дека сакал да ги задржи никаквите односи со егоистичниот арапин, туку дека сите очекуваа потоп од сезона. А тоа пост корона можеше и те како да го разниша уште повеќе тимот и од финансиска и од спортска гледна точка.

На крај ќе спомнам дека ЛШ до полуфинале ни е премија, и да испаднеме, ќе сум презадоволен што изгуравме при такви противници до тука.
Само можеби требаше да ја искористиме шансата во купот каде што ни се подотвори поприлично лесен пат за да правиме тројна годинава, не со ЛШ туку со супер купот :D

И да, вчера Перез рече, кога ќе го видите тимот за догодина, ќе имате големи очекувања за наредната сезона, епа ајде да го видиме и да пратиме сапуниците летово :kafence:
 
Алаба најверојатно нема да игра утре.
 
Дечки ми треба дрес од Реал, ама оригинал да е, за поклон ми е.
Кј можем да набавим, дека на официјалната како што разбрав не врша достава у Македонија
 
Дечки ми треба дрес од Реал, ама оригинал да е, за поклон ми е.
Кј можем да набавим, дека на официјалната како што разбрав не врша достава у Македонија
За жал во моментов од официјалната страна не можеш да нарачаш дрес.
Други вакви страни кои што препродаваат оригинални дресови не знам, да видиш евентуално на официјалната страна на Адидас ако има.

Единствен случај ти е да имаш некој пријател/роднина во блискиве земји до Македонија, па да го нарачаш на нивна адреса и да ти го пратат по карго или да отидеш да си го земеш.
 
Низ Скопје неможе да се најде? У Спорт М или не знам кој и да држи оригинал Адидас опрема?
 
Дечки ми треба дрес од Реал, ама оригинал да е, за поклон ми е.
Кј можем да набавим, дека на официјалната како што разбрав не врша достава у Македонија
Контактирај ги Пења Мадридиста Македонија, често идат тие во Мадрид може ќе сака некој да ти сврши работа, сигурен сум дека и денеска има некој во Мадрид за утакмицата што е вечер.
 
Низ Скопје неможе да се најде? У Спорт М или не знам кој и да држи оригинал Адидас опрема?
Можеби ќе најдеш низ Адидас во Скопје, ама тоа ќе биде оригинален дрес од претходните сезони, од оваа, тешко да најдеш.

Башка крај на сезона е, боље почекајте уште некој месец и купете му го новиот дрес за наредната сезона.

Мбапе, 7ка, да гори!
 
Низ Скопје неможе да се најде? У Спорт М или не знам кој и да држи оригинал Адидас опрема?
Денес пењата е во Мадрид, Ташко и Борис беа членови на кајгана, заследи ги на фб и пробај да се договориш со некој кој е таму.
 
Млитаво
Автоматски споено мислење:

АЈДЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕ
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom