Баш овој трансфер нема никаква логика. Овој играч никој од нас го нема гледано. Единствено нешто што прочитав е дека е бокс ту бокс, што значи Кедира ќе си оди. Од друга страна не е кажано дека Кедира ќе си оди зимово. Ако е така тогаш да оправдано е.
Е сега ако го купуваме анонимусов за замена за Иљара кој впрочем не е прва замена за Модрич туку Иско кој му го зеде местово тогаш не знам што да кажам. Замена во играч кој игра во друга лига и тек треба да се носи со играње во голем клуб и интегрирање, wtf човече, ќе добие 2-3 утакмици цела полусезона, од кои пола ќе ги изигра лошо. Особено недај боже Крос и Модрич заедно се повредени па треба овој да ни ги спасува натпреварите во ЛШ.
Ако е купен за иднината, тогаш не треба да се развива во некоја екипа?
Најдобар начин е кога се играат натпревари, ја не гледам како да се биде 3та замена за една позиција ќе му помогне да биде тој лидер во средината кој го чекаме со години.

И впрочем зар немаме фјучр проект во Касемиро?
И Касемиро и Иљара и Кедира се подобри од играчов, на кој ќе му требаат години додека да заигра знаејќи го Карло и изборот на играчи на клучните позиции.
Кој и да го мислел трансферот очигледно е на тешки дроги, или станува збор за мастер план од позадина да се исперат пари. За дресови не е сигурно, анонимус е и во Бразил.