Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Смешни сте, сите се фативте за тоа што Диего не ја фатил топката а никој не кажа за тоа што никој не излезе на Габи, чиста грешка на играчите...на нивна душа е овој гол, гајле ми е дали Касиљас или Хесус ќе ја фател или кој ќе бранел кај се играчите таму, еве јас ќе кажам да играше Касемиро ќе излезеше на Габи и немаше да биде гол. :facepalm:
 
Него друго позитивно нешто. По којзнае колку време Бензема со искрена и спонтана прослава на голот, без фејкерски позирања и мафтања со тоа рацете. Едноставно здиви после голот. Нека покажува вака жар поначесто, добар е годинава.
 
Диего е топ, Ди Марија флоп.
Незнам дали некој забележа ама доста топки изгуби Ди Марија на наша половина, да не го спомнам ноншарлантното пимплање пред шеснаесетик кога за малце можеше да примиме гол.

Карло треба уште да работи за да стигнеме до тоа што бевме пред две сезони.
 
Проблемот е и со вас(нас) фановиве шо одите(одиме) до крајности. Тепа Реал, Карло бог, сеа реми на гости со Атлетико Мадрид, една од најдобрите екипи во Европа, на Карло му требало уште време да бидеме ок. Кулирајте малку, фудбал е, апсолутност нема.
 
Диего е топ, Ди Марија флоп.
Незнам дали некој забележа ама доста топки изгуби Ди Марија на наша половина, да не го спомнам ноншарлантното пимплање пред шеснаесетик кога за малце можеше да примиме гол.

Карло треба уште да работи за да стигнеме до тоа што бевме пред две сезони.

Ради таков курташак изгубивме од Атлетико дома.
Претерува.
Мада, ако гледаме објективно сите беа изгубени. Bale, Modric, DiMaria ...Ronaldo... позади, убаво рече некој, Pepe и Ramos, повеќе гледаа да го удрат или испровоцираат Costa, одколку правилно да се постават.

Само последните 15тина минути изигравме нешто, пошто овие Атлетико издишаа тотално.

2-2 и не е така лошо. Се надевам на крај да не завршиме со исти бодови со нив.
 
Првиот гол не се бранеше ама вториот искено се можеше да се фати али нема везе. Иначе Бензема 3 најдобар стрелец во Ла Лига моментално :D да не сум слушнал критики еве го годинава се здиве :)
 
Икер е за класа подобар голман од Диего кој што е префорсиран и благодарение на Мурињо му се даде шанса која веќе очигледно дека треба да му се одземе, интервенцијата на Касиљас против Шалке на резултат 0-1 беше доказ за квалитетите.
 
izvini strucnace, a lani u polufinale protiv dortmund TATE li odbrani ista takva situacija ?
Ili toa e minato gledaj napred samo, ebate patriotot

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
абе крај на крај,пак сме први :D и не очекува дуел со барса дома каде сами ќе си ја решеме титулата...
лани тоа време Ла Лига ни беше отпишана...[DOUBLEPOST=1393807058][/DOUBLEPOST]и да,имајте у предвид дека до резултатот удел имаше и судијата,не со недосудените пенали(Коста и по слободниот на Роналдо),туку со тоа што дозволи да се игра груба игра,која им одговара на хиените...

имаше минимум 10 старта кои беа за судење и + 3-4 картони..(напоменувајќи го недадениот втор жолт на играчот што му ја расцепи ногата на Коентаро при првиот слободен на Роналдо на ќошот од 16м) кои не беа досудени...
 
Не сум толку среќен за бодот, колку што сум среќен што сите наши фудбалери завршија без повреда.
 
Од прва на сите ни дојде да го пцуеме Лопез пошто реално имаше кривица мала при првиот и целосна при вториот гол,ама се случува.Јас не памтам кикс на Лопез откако го стави Мурињо прв состав,да Икер е неверојатен последниве утакмици,ама памтиме сите примање голови како тој на Драгутинович горе,на Коларов,Сена итн.
А тоа дека фановите на Реал дека сакале да им се падне Баерн во следна фаза ЛШ е најголемата глупост што сум ја слушнал со Карло/Зидан/Перез на клупа.

Голот на Санчез против Барса... повторно клучен гол.
-----------------------
Само едно Алал да му е на Карло шо одма смени таму кај шо беа дупките (Арбелоа и Коентрао).
Искрено јас мислам дека да не беше до толку дрмосерец Бале и да одеше пооштро на сите поддадени топки кон него(свајчам се сака децима да се освој па се пази од повреди) и Модрич да имаше свој ден, како онај претходниот против АТЛ.... че ги скапевме и то многу јако секако и одма заводивме... али тоа е. Криво ми е само шо Ди Мариа освен прекрасната асистенција друго ништо не направи... ни тој оштар пресинг не го користеше... и криво ми е шо Диего че седи на клупа едно 3-4 години.......not(освен ПСЖ ако не го лапни)...

Али тоа е, наредно коло секако Атл кикснува и титулата че си се реши на Класикото...

TRIPLE!!!!!!!!
 
И за тој гол не беше крив ... голмански е да тргне така штом играчот останува сам па мора да излезе за да му скрати агол ама овој го лобова и што е крив Лопез тука ...
 
Во првиот меч Симеоне беше тој што имаше подобра тактика. Карло тоа го увиде и на првиот меч од купот направи мали модификации, тоа вроди со резултат. Но сега обратно, Симеоне ги видел дупките па ги поправи а Карло мислеше дека со истиот пристап ќе победи и на трета утакмица по ред. Сигурно не можеше да ја претпостави лошата игра на Ди Марија, ама можеше Хесе место Бејл да го стави сигурно. А и сигурен сум дека подобро ќе изигравме во одбрана со Арбелоа лево и Карвахал десно. Но океј, битно е сега да се сврзе серија победи против „помалите“ а за тоа сум оптимист кај Анчелоти.
 
izvini strucnace, a lani u polufinale protiv dortmund TATE li odbrani ista takva situacija ?
Ili toa e minato gledaj napred samo, ebate patriotot

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2

E ок де, рековме Диего беше тој шо одбрани, ама БЕШЕ = минато свршено време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom