Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Ако после 2 победи над Барса мотивацијата им беше како синоќа....каква ли ќе им беше да изгубевме 2 по ред. Ко пијани делуваа. :icon_lol:
 
Како што Барселона беше немоќна против нас, така ние бевме немоќни против Манчестер до пред црвениот картон. Никој незнае што ќе беше ако не беше тој црвен картон, ама не идеше работата на добро. Се мислев дека Манчестер ќе играат пофајтерски, ама џабе му беше муабетот на Фергусон зa "многуте голови". Се виде дека ќе ја игра истата игра од пред 3 недели. И неможеш да му замериш бидејќи со таа игра ем не дозволи Реал да направи права шанса, ем они ептен зрели успеаа да прокоцкаат и во Мадрид а и вчера дома.

Победа како победа, и поминување во наредно коло, мило ми е. Ама не е тоа тоа... Пред се поради тоа што немаме бре игра кога ние треба да сме тие кои ќе ја држат иницијативата. Бледа копија сме на она што бевме лани. Од секогаш сум бил оптимист за поминување и освојување на ЛШ (дури и кога Ливерпул не газеше по 4-0), ама оваа сезона тешко. Само некоја голема среќа или ненадејно менување на форма или пристап на игра на 80% од тимот може да не спаси.

Честитки за Манчестер, и за тоа како ја прифатија (и лично за мене) онаа судиска неправда. Знам дека по правилата секоја високо подигната нога со контакт на противнички играч може да се окарактеризира како крајно опасна игра и да биде санкционирана со црвен картон, само во овој случај мислам дека судијата можеше да покаже и само жолт. Што е, тука е.

Како што рече Мурињо, во овој двомеч, елиминирам беше подобриот.
 
Честито победа и пласман понатака во ЛШ. Тоа што судијата го уништи натпреварот, го уништи, но не бевме само ние оштетени имаше и игра со рака од Рафаел што можеше да се суди пенал. Не е никаква провокација само ме интересира бидејќи не видов убаво емоциите преовладуваа во мене имаше ли услови да се покаже на белата точка кога Рамос го удри по нога Евра накај 85 мин ?
После црвениот си знаев што не чека и не ни очекував дека ќе останеме без примен гол до крај, тоа е тоа ај честито уште еднаш.
 
и ако уште еднаш некој се осмели да го бара Кака во прв состав че го скинам на место :cautious:
Ти будала си бе? Сети се едно "тандемот Кака-Озил никогаш до сега нема загубено натпревар" ;)
 
а никој не го спомнува моментот при првиот гол на Лука кога теле2 требаше да влезе во игра и Моу пак го врати назад..хаха ...која фаца ја направи само..греота :( :D :D
 
а никој не го спомнува моментот при првиот гол на Лука кога теле2 требаше да влезе во игра и Моу пак го врати назад..хаха ...која фаца ја направи само..греота :( :D :D
Хахахах леле а баш му реков на другарот види сега ќе го врати на клупа , а овој среќен демек ќе влезам во игра се мести едно друго и моу ајде му рече врати се назад дур не ти оладило столчено :) хахаха
Сепак добар избор направи моу со Пипита напред , таква му беше задачата на човекот да ги повлекува противничките фудбалери знае да навлече човек , да прими топка , сепак после кога играше повеќе како крило беше подобар .(y)
 
Пресврт на сезоната.

Лука пред натпреварот изјави дека ова се натпревари во кои сака да се докажи и тоа го направи. Секоја чест мајсторе. :cuc:
Диего Лопез :cuc:

MODRIC%20GOL_90_ampliada.jpg
 
Да не беше Диего Лопез ќе не напумпаа како Џена Џејмисон.
Рамос пак ќе ја шитнеше утакмицава исто како со Баерн ама чиста среќа што ја обрнавме иначе сега ќе имаше мајки шајки по него.
 
Веројатно најсреќниот човек од судиски одлуки од двомечов е Варан...
 
Веројатно најсреќниот човек од судиски одлуки од двомечов е Варан...

Шала настрана, без ептен лично сфаќање, го отупевте со судиски грешки и слични срања, да беше обратна ситација не викам дека немаше да се случуваше исто, но гледајте малку реално, настрана од навивачки дух, со отворен ѓон на играч се суди црвен картон дали било финале или групи.

И да, во темата лига на шампиони пишуваше не ни било мило бидејќи реал победил со судиска грешка. Тоа е твое/нивно мислење, за разлика од нас (фановите на реал, барем јас) сум уверен дека беше за црвен и ми е премногу убаво што ве плеснавме на вашиот театар за само 3 минути.
 
И не ми се верува дека уште никој не ја спомна асистенцијата (полуасистенцијата) на Озил со пета кон Игуаин за вториот гол! :D
Мајсторија. :cuc::drk:
Ајде бргу гиф од тоа за во потпис и гиф од голот на Модрич ќе ве молам! :D
fdsfgdgfdk1z4a.gif


Цела утакмица го немаше, али ова...
--- надополнето: 6 март 2013 во 16:40 ---
На крај на сезона ова ќе биди клучниот момент кој сите ќе го постираат

 
Честитки пласман.
Алонсо во првиот натпревар, Арбелоа вчера и Мекманаман во ждрепката перфектно си ја одработија задачата. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom