Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
абе милан ќе ни го купел роналдо парите не биле проблем рекол берлу :)))))))))
 
Kolku fanovi ima Real Madrid vo Makedonija?
Mourinho: Извлековме добар резултат, но познавајќи ги англиските екипи, интензитетот со кој играат на нивни терен ништо не е дефинитивно. На ова ниво екипа со 10 играчи страда, исто како лани со Inter против Barcelona. Со играч повеќе го зголемивме притисокот, игравме подобро, притискавме горе, имавме интензитет и амбиција и головите дојдоа. Го заслуживме тој резултат. За Tottenham резултатот е лош.
Нормално би било некои играчи да форсираат жолт картон, но јас сум единствениот во историјата санкциониран поради таква сугестија, исто така и Xabi и Casillas и затоа не можевме да го направиме тоа и овој пат. Ако го направевме тоа ќе ме санкционираа пак. Некои луѓе можат да го направат тоа и ни се смеат во лице. Со гордост велам дека сум единствениот тренер на светот санкциониран поради тоа.
Секако дека 4-0 е подобро од 0-0, но тоа што го кажав беше дека 0-0 дома на првиот натпревар не е лош резултат во ЛШ. 4-0 заврши затоа што игравме 11 против 10 и на тоа ниво тешко е да издржиш со 10 играчи.
Пред неколку години со Chelsea играв FA Cup против Tottenham и водевме 3-0, но натправарот заврши 3-3. И во Лондон ќе треба да играме со истиот интензитет како и овде за да добиеме добар резултат и за да бидеме единствената екипа која не изгубила натпревар во ова издание на ЛШ.

Casillas: Сите велат дека со 4-0 се е решено, но не треба да веруваме и во Лондон мораме да постигнеме уште некој гол. Не смееме да се опуштиме, не во ова натпреварување. Пред неколку години бевме елиминирани од Mónaco што изгледаше инфериорно на нас. Мораме да го почитуваме ривалот. Немаше подобар начин да се вратиме во четврт финале од еден ваков натпревар, но непишано правило во фудбалот е дека мораш да го почитуваш ривалот 180минути. Може да се случи се, некоја незгодна акција, исклучување... Сега мислиме на la Liga, да видиме дали можеме да скратиме некој бод.

Carvalho: Зборувавме со тренерот за жолтите картони, но тој кажа дека мораме да бидеме сериозни и да играме за да победиме. Немаше потреба да правиме фаули за да добиеме жолт картон. Освен тоа Рере нема да го игра реваншот и ако сите ги исфорсиравме жолтите картони немаше да остане кој да игра. На добар пат до полу финале сме, но имаме уште еден натпревар на гости и мораме да бидеме сериозни. Не замислувавме ваков натпревар, беше важен и сакавме да го добиеме.

Di María: Среќен сум поради резултатот, и поради головите кои не оставаат смирени до следниот натпревар. Бевме добри како екипа и добро го завршивме натпреварот. Знаевме како да го водиме и бевме смирени. Сека повторно la Liga.

Ramos: Имаме добар резултат за реваншот. Одиме дома смирени. Им благодариме на фановите за атмосферата. Они се 12тиот играч и ни ја пренесоа својата енергија во текот на целиот натпревар. Кога играш не мислиш на картоните. Не треба да заборавиме на ниеден играч. Adebayor беше фантастичен денес, исто како Benzema на минатите натпревари. Не размислуваме за противник во полу финале, имаме уште еден натпревар. Црвениот картон го одбележи натпреварот, но тоа е фудбал.

Xabi: Резултатот е фантастичен. Но ќе мораме да изиграме добро во Лондон, затоа што таму ќе притискаат. Во фудбалот секогаш има изненадувања, иако сега сме во предност. Tottenham играше условен од исклучувањето на Crouch.

Cristiano: Среќен сум што игравме добро како екипа и од резултатот кој ветува многу. Но и покрај тоа треба да продолжиме да работиме и да ја искористиме предноста затоа што во фудбалот може се да се случи. И покрај тоа што игравме против 10, игравме добро. Првото полувреме беше тешко, но во второ бевме многу подобри. Не се грижиме за резултатите на другите екипи.

Adebayor: Задоволен сум. Сон е да играш овде и д даваш голови во ЛШ. Фантастично чувството кога ќе направиш нешто за овој тим. Не е важен следниот ривал, важно е да изиграме добро.

Marcelo: Не бев целосно подготвен но се обидов да и помогнам на екипата и среќен сум. Тренерот ни кажа дека ни е потребен добар натпревар за да бидеме мирни на реваншот. Ни кажа дека сака да победиме, но и нерешено нема да биде лошо. Немам фаворит за следната фаза, ќе играме против било кој. Подготвен сум за следниот натпревар.
 
Реал Мадрид - Тотенхем 4:0

Real+Madrid+-+Tottenham.jpg


Во првиот натпревар од 1/4 финалето на ЛШ , Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу го демолира Тотенхем со 4:0.Двоен Стрелец е Адебајор а по еден погодок постигнаа Ди Мариа и Роналдо.

Реал Мадрид: Касиљас;Рамос,Карваљо,Пепе,Марсело;Чаби,Кедира;Ди Мариа,Озил,Роналдо;Адебајор.

Тотенхем:Гомес;Чорлука,Галас,Досон,Екото;Ленон,Сандро,Модрич,Бејл;Ван Дер Варт;Крауч.


Натпреварот започна како што никој не ни можеше да замисли,Тотенхем не стигна ни да ја допре топката а Реал веке имаше преднос.Се играше четвртата минута кога Емануел Адебајор ја искористи својата висина и со глава го матираше Гомес.Месут Озил центрираше од десната страна а Тогоанецот го надскока Џермејн Џенас и со глава ја затресе противничката мрежа.Лука Модрич се обиде од гол-линијата да ја сопре топката но залудно.1-0.

И после постигнатиот погодок , Реал беше тој што напаѓаше.Два пати ,Роналдо се обиде од далечина но и двете обиди завршија неуспешно покрај голот на Гомес.Во осмата минута Спарси возвратија , Ван Дер Варт изведе корнер , но Крауч не успева да ја погоди топката со глава.Патем го фаулира Рамос и заработува жолт картон.

Во 15 минута , Грауч прави остар старт над Марсело и судијата Брих е немилосрден , му покажува втор жолт картон и го исклучува од натпреварот.И со играч помалку , Тотенхем можеше да дојде до израмнување откако Досон во 29 минута одлично го проигра Бејл на левата крилна страна но Велшанецот стрелаше само од надворешната страна на голот.

За одбележување е и играњето со рака на Досон во шеснаесетникот но судијата не суди пенал за Реал.

Хари Реднап , веднаш на почетокот на второто полувреме прави измени.Наместо Ван Дер Варт влегува Дефо.Во 57 минута на центрашут на Марсело од левата страна повторно Адебајор сам во шеснаесетникот и недовлно чуван од Галас и друштвото со глава ја тресе противничката мрежа кој беше немоќен.2-0

Во 66 минута уште една голема шанса за Реал.Резервистот Диара одлично го проигрува Адебајор но овој пат Гомес спречува топката по трет пат да ја вади од својот гол.Се беше решено во 73 минута кога Анхел Ди Мариа доби топка по десната страна и од косо со фантастичен удар ја смести топката во горниот десен агол во голот на Тотенхем.3-0

Но тоа не беше крај.Три минути подоцна , резервистот Кака центрираше по левата страна кон Роналдо кој со десна нога од некои десет метри од косо успева да го совлада Гомес кој е и вистинскиот виновник за овој погодок на Реал.

Реал на овој натпревар упати 30 удари кон противничкиот гол што доволно докажува кој играл на овој меч.Во секој сегмент Реал го надигра гостинот од Лондон од кои се очекуваше многу повеке.

HALA MADRID

Извор:РеалМадрид-МК
 
abe glupi so ne se iscistija od zolti pola tim, i taka sledniot natprevar mozevme i bez niv sea mora da napraat ili sledniot ili na prviot so barca nema da mozat da igraat na vtoriot so barca/sahtjor

Нема врска ова. Им се чистат жолтите за наредната утакмица. Мислим дека се добива суспензија ако на две утакмици по ред добиеш жолт картон.
 
Нема врска ова. Им се чистат жолтите за наредната утакмица. Мислим дека се добива суспензија ако на две утакмици по ред добиеш жолт картон.

Не се чисти ништо, можно е некој играч заради картон од септември месец да пропушти полуфинале или финале. Не за џабе Мурињо после натпревар изјави дека не сакал да прави картони затоа што кога Реал го направи тоа, тие биле казнети, кога некој друг ќе направи такво нешто, нема казна. Единствениот тренер е што има заработено казна за такво нешто, бар така изјави.
 
^ Порано сигурно беше како што кажав ја, за сега не сум сигурен.
 
^Шо ти текна сеа за ето ? :D
Иначе во Ла Лига не очекува ептен незгодна утакмица кај баскијскине терористи. Но освен победа не очекувам ништо друго. :)
 
Ма каква победа. Нека иде Мурињо со втор тим, свекако шанса за титула немамо, само што ќе ни ги исповредат свите овја терористиве.
 
Ма каква победа. Нека иде Мурињо со втор тим, свекако шанса за титула немамо, само што ќе ни ги исповредат свите овја терористиве.

Па со втор состав ќе ги плесниме. :)
 
Сега ако не добијат шанса младиве, незнам кога. Барем од клупа ако ништо друго
 
^
Со Билбао ке ни ги убијат децата... строго во Мадрид да добијат шанса младите после дуелот со барса.
 
Немора со многу младинци, нека оди со Арбелоа, Гранеро, Ласс, Каналес, Гарај, Адан... и плус Пипа и Кака... и 2-3 младинци на клупа. Но, тоа што и против Тотенхем имаме огромна предност, му дава можност и со Тотенхем да одмори неколку за со Барса.

Ма да, ја лично не би го сакал толку тоа, треба да се посвети на ЛШ и купот. Од лигашкото Ел Класико, доволно ќе ми биде да не се избрукаме, макар и минимален пораз, а у купот и евентуално ЛШ да им се реваншираме...
 
Ова екс дрвото наше, Адебајор, само против Тотенхем голој даваше дур беше кај нас..Од ко памтам тој стрелец.. Ако не се лажам со се овие двата 9 или 10 мислам дека има даено... Дрвојор еден :)

Честито победа, момци... Секоја победа против Тотенхем ми е особено драга, или да преформулирам секој пораз на Тотенхем ми е драг, од кој и да бил:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom