Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Спремни сте за Шахтјор а??:vozbud:
 
^ се смеам еве, смешно е

иначе честито нека ни е победава, подобар резултат и подобра игра неможев ни да посакувам

217108_10150143526254773_96686264772_6537132_116481_n.jpg

http://a4.sphotos.ak.fbcdn.net/hpho...43525574773_96686264772_6537112_6657058_n.jpg
 

Attachments

  • 217108_10150143526254773_96686264772_6537132_116481_n.jpg
    217108_10150143526254773_96686264772_6537132_116481_n.jpg
    115,8 KB · Прегледи: 8
Честито Победа !
Супер утакмица,уживав....ваква утакмица немаме изиграно одамна,доминација цели 90 минути не им оставивме ни малку простор за игра.
Браво и за Адебајор за двата постигнати гола. (се надевам дека Серхио РАМБОС е задоволен :))

п.с. голот на Ди Марија :vozbud:
 
^

Задоволен сум :pipi:

Ама можеше и подобро :icon_lol:

Е сеа,за почеток добро е :D

Тренерот на Реал, Жозе Мурињо ги смирил страстите по убедливата победа на "кралскиот клуб" во првиот меч од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите со 4-0 над Тотенхем.

Португалецот смета дека никогаш не треба да ги отпишете Англичаните и дека Тотенхем е способен да направи изненадување.

"Не, сеуште не сме се пласирале во полуфиналето, ја познавам Англија многу добро, како и нивниот менталитет. Позната ми е атмосферата на Вајт Харт Лејн, да е во прашање некој друг народ, ќе кажев дека сме веќе во следната рунда, но Англичаните не губат верба се до последниот судиски свиреж." - рекол Мурињо.

Тренерот на Реал истакнал дека исклучувањето на Питер Крауч особено влијаело на текот на мечот.

"Бевме рамноправни на почетокот на мечот, постигнавме гол, а потоа тие останаа со играч помалку и од тој момент за нив се стана невозможна мисија. Имав слични мечеви со Челзи и Интер, важно е да не му пружите на противникот да земе здив." - рекол Мурињо.

Првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо бил воодушевен од победата, но како и Мурињо, и тој смета дека сеуште не е готово.

"Направивме голем чекор, но никој не смее да го потцени Тотенхем во Лондон. Во второто полувреме покажавме голема супериорност, им ја раширивме одбраната и лесно ги менувавме страните. Среќни сме бидејќи резултатот е повеќе од добар."- рекол Роналдо.

Тренерот на Тотенхем, Хари РЕднап, не можел да верува каква серија малери ја следи неговата екипа.

"Се што можеше лошо да се случи, се случи. Кога излегувавме од соблекувалната Арон Ленон рече дека нема сила и енергија, па примивме гол и потоа останавме со 10 играчи на терен. Сепак, и покрај се' бевме конкурентни во првото полувреме, а имавме и по некоја шанса. Мислев дека ќе успееме да издржиме, но ни исчезна силата и не успеавме да му парираме на расположениот фаворит." - рекол Реднап.
 
Честито пласман во полуфинале. Тимот е инзвонреден
 
Следната е тешка и могуче е лесно да ја шитнеме. Со Билбао во гости, најверојатно Мур ке ги чува зашто средата после тоа се игра реваншот. Да ги одмори сите за утакмиците со Барса. Иначе пак играме од 18 00. Ке може и во град да се оди. :)
 
Kaka passes 11/11 :baeh:

и за разлика од други натпревари...
Ronaldo 56/59
Di Maria 40/43

Значи можат и тие двајца не губат толку топки... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom