Мурињо му одговори на Венгер: Арсен е само обичен лузер
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо возврати на обвинувањата на Арсен Венгер и вели дека менаџерот на Арсенал е само обичен ’лузер’
’Специјалниот’ испрати ваков напад кон менаџерот на Арсенал, откако Арсен Венгер го критикуваше потегот на Чаби Алонсо и Серхио Рамос, кои на средбата со Ајакс заработија црвени картони на бизарен начин.
Сите се сомневаат дека играчите намерно одработија исклучување по директива на Жозе Мурињо а за целата ситуација Арсен Венгер рече: “Тоа е страшна работа. Срамно е голем клуб да прави вакви работи, тоа е неприфатливо.”
Но Португалецот не остана покус и возврати во свој стил.
The Sun го цитира Мурињо како вели: “Венгер е обичен лузер, Арсен треба да им објасни на фановите на Арсенал како тој не може да освои ниту еден трофеј од 2005 па наваму.”
“Наместо да зборува за Реал Мадрид, господинот Венгер треба да зборува за Арсенал и да објасни како загуби со 2-0 од тим што за прв пат игра во Лигата на Шампионите.”
“Приказната за тоа дека неговиот тим е составен од млади деца веќе е стара.”
“Сања, Клиши, Волкот, Фабрегас, Сонг, Насри, Ван Перси и Аршавин не се деца. Тие се топ фудбалери.”
:tv: :tv: