Јас сакам да ни се падне што е можно полесна група, добро ај еве од првиот барабан нека биде само Интер, од другите нека бидат Базел и Жилина. Ко што си имаме проблеми со малку подобрите тимови во Лига на шампиони без разлика дали се групи или осмина-финале, фали уште да ни се паднат Интер, Тотенхем и Твенте, па уште во групите да си имаме проблеми. Ако ни се падне тешка група како онаа погоре, можно е со Тотенхем и Твенте да кикснеме у гости, па да завршиме второ место, и тогаш во осмина-финале секако добиваме пак тежок противник.
Сеа знам некој ќе рече "Реал е голем тим, и не треба да се плаши од никој" но еве 3-4 години наназад немаме победа против другиот фаворит во групата во Лига на шампиони, и само минатата и 2007-08 што завршувавме први во групата, во другите години секогаш сме имале проблеми. Зарем нема да биде подобро едноставно, да си се прошетаме низ групата, па во осмина-финале ако не посака среќата да ни се падне екстра-лесен противник од типот на Олимпијакос, ко лани што беа ?
Разберете, во последните 6 години во Лигата на шампиони го немаме менталитетот на голем тим, т.е не може да се носиме со Челзи, Манчестер, Барселона. Во Лига на шампиони во последните години делуваме како просечен тим од типот на Тотенхем и Севиља, џабе ние си мислиме дека ако имаме јаки играчи и го имаме Мурињо сме голем тим. Не сме, реалноста е таа. За повторно да бидеме голем тим, и сите останати да не сметаат ко таков тим, потребно е групната фаза да ја завршиме со максимален број на бодови, т.е да им одржуваме лекции на сите тимови. Потоа без проблем да го поминеме осмина-финалето, а догодина да се вратиме во првиот барабан. Е тек тогаш ќе делуваме повторно голем тим, и сите ќе имаат страв од нас, и ќе можеме да си посакуваме да се паднеме во групата на смртта.
Затоа посакувам да ни се падне најлесната можна група, добро еве не мора да бидат освоени максимален број на бодови, но мораме да оставиме голем впечаток, Базел и Жилина да ги демолираме по два пати, а со Интер да издвојуваме бар една победа, и да завршиме први у група. Па во осмина-финале што биде нека биде, уверен сум дека ако повторно добиеме противник како Лион или Рома, Мурињо ќе ги среди, и без проблем ќе поминеме. А веројатноста да добиеме таков противник е голема доколку завршиме први у група. А ќе завршиме први у група доколку ни се падне екстра-лесна група.
p.s замислете ни се паѓаат Интер и Шалке, Мурињо против својот бивш тим, Раул против Реал..
