Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
^ Жилина е во четвртиот шешир со Партизан, шеширите на претходната страна ви се грешни.
 
Ма уште бољи што сме во втор барабан, барем знам дека против некој инзвонреден тим ке паднеме во Група. А ако сме во прв и ни паднат Шахтјор Базел и Партизан ке ги потопат и ке се дигнат на високо ниво демек непобедливи сме. Јас сакам Реал да биде во т.н. Група на смртта.
 
Ма уште бољи што сме во втор барабан, барем знам дека против некој инзвонреден тим ке паднеме во Група. А ако сме во прв и ни паднат Шахтјор Базел и Партизан ке ги потопат и ке се дигнат на високо ниво демек непобедливи сме. Јас сакам Реал да биде во т.н. Група на смртта.

Во секој случај ќе биде
Кој и да се падне од првиот шешир со Реал само по себе ќе биде најјака група, ниедна друга екипа од вториот шешир неможе да формира појака група со бил кој тим од првиот шешир
 
Јас сакам да ни се падне што е можно полесна група, добро ај еве од првиот барабан нека биде само Интер, од другите нека бидат Базел и Жилина. Ко што си имаме проблеми со малку подобрите тимови во Лига на шампиони без разлика дали се групи или осмина-финале, фали уште да ни се паднат Интер, Тотенхем и Твенте, па уште во групите да си имаме проблеми. Ако ни се падне тешка група како онаа погоре, можно е со Тотенхем и Твенте да кикснеме у гости, па да завршиме второ место, и тогаш во осмина-финале секако добиваме пак тежок противник.

Сеа знам некој ќе рече "Реал е голем тим, и не треба да се плаши од никој" но еве 3-4 години наназад немаме победа против другиот фаворит во групата во Лига на шампиони, и само минатата и 2007-08 што завршувавме први во групата, во другите години секогаш сме имале проблеми. Зарем нема да биде подобро едноставно, да си се прошетаме низ групата, па во осмина-финале ако не посака среќата да ни се падне екстра-лесен противник од типот на Олимпијакос, ко лани што беа ?

Разберете, во последните 6 години во Лигата на шампиони го немаме менталитетот на голем тим, т.е не може да се носиме со Челзи, Манчестер, Барселона. Во Лига на шампиони во последните години делуваме како просечен тим од типот на Тотенхем и Севиља, џабе ние си мислиме дека ако имаме јаки играчи и го имаме Мурињо сме голем тим. Не сме, реалноста е таа. За повторно да бидеме голем тим, и сите останати да не сметаат ко таков тим, потребно е групната фаза да ја завршиме со максимален број на бодови, т.е да им одржуваме лекции на сите тимови. Потоа без проблем да го поминеме осмина-финалето, а догодина да се вратиме во првиот барабан. Е тек тогаш ќе делуваме повторно голем тим, и сите ќе имаат страв од нас, и ќе можеме да си посакуваме да се паднеме во групата на смртта.

Затоа посакувам да ни се падне најлесната можна група, добро еве не мора да бидат освоени максимален број на бодови, но мораме да оставиме голем впечаток, Базел и Жилина да ги демолираме по два пати, а со Интер да издвојуваме бар една победа, и да завршиме први у група. Па во осмина-финале што биде нека биде, уверен сум дека ако повторно добиеме противник како Лион или Рома, Мурињо ќе ги среди, и без проблем ќе поминеме. А веројатноста да добиеме таков противник е голема доколку завршиме први у група. А ќе завршиме први у група доколку ни се падне екстра-лесна група. :)

p.s замислете ни се паѓаат Интер и Шалке, Мурињо против својот бивш тим, Раул против Реал.. :)
 
Зашто барем една година не ни се паднат противниците што им се паѓаат на Арсенал? Тоа не е можно... Од коа гледам фудбал Арсенал се паѓа со уште 3 тимови од типот на Жилина, Партизан, а во осмина финале ке им се падне некој Олимпијакос.
 
Третиот и четвртиот шешир нека паднат полесни.Мислам како и да е ќе ги победиме но зошто да не ги минеме со петарди и слично.А како вистински тест за нашата сила оваа сезона сакам некој атрактивен противник од првиот шешир,само не со Лион зш преку курот ми е од игрите со него.
 
Според La Sexta :Van der Vaart, Royston Drenthe и Mahamadou Diarra нема да бидат повикани за натпреварот со Мајорка за да им се даде до знаење дека треба да си одат.
п.с-И Мурињо не знае веќе што да мисли.Онојпа изјавува дека му е мило што ВДВ ќе оди,сега.....цц

И Изгледа дека Мурињо побарал од управата да му понудат професионален договор на Матеос,...
 
^
Би било убаво Партизан да биде во група со нас,ќе го гледаме Реал во Белград.

Хахахаха најголема желба сега на сите фанови е да се паднат во група со Партизан за да идат да си го гледаат клубот во Србија : )))) Се надевам дека на некој од нас ќе ни се оствари желбата, само да не испаднат без врска групите ниеден привлечен тим да не се падне со Партизан :)
(btw за Barca сум)
 
би било убаво лион да се падне па да ги скршиме и таму и ваму па да ми се наполни душава....
 
Ако паднеме против Шалке, срце ке ми плаче коа ке се игра во Мадрид :( :( :(.
 
Хахахаха најголема желба сега на сите фанови е да се паднат во група со Партизан за да идат да си го гледаат клубот во Србија : )))) Се надевам дека на некој од нас ќе ни се оствари желбата, само да не испаднат без врска групите ниеден привлечен тим да не се падне со Партизан :)
(btw за Barca сум)

Замисли Партизан се паѓа со Лион :tv:

Сакавте младинци, ете ви го Матеос, доколку барем двајца си заминат сигурно Матеос влегува во прв тим. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom