http://www.as.com/futbol/articulo/higuain-mantiene-benzema-coge/dasftb/20100803dasdaiftb_19/Tes
Игуаин го задржува бројот 20, Бензема 9, Роналдо 7, Чаби 14, Ди Мариа 11, Педро Леон 21, Каналес 22, Кедира 16.

--- надополнето ---
Mourinho (03.08.10 - record.xl.pt):
П: Го познавате добро Cristiano Ronaldo, но дали Ве изненади?
ЈМ: Jorge Mendes работи со мене, исто така и со Ronaldo и сме зборувале многу за него. Малку тренери ми се пријатели, меѓу нив е и Ferguson, со него исто така многу сме зборувале за Ronaldo. Ferguson ми кажа дека “детето“ има неверојатна методологија на работа. Откако го видов, тоа што го прави неверојатен, за еден играч на негово ниво, е тоа што работи повеќе од било кој друг. Јас, во Inter, имав играчи ветерани кои беа вистински примери за работа, Zanetti, Córdoba, Materazzi, кои ги учеа останатите како се работи. Овде го имам Ronaldo и според начинот на кој работи полесно ми е да барам од другите да работат поинтензивно, попосветено.
П: Една од целите на Real Madrid е и да се формира екипа која нема да зависи многу од Ronaldo?
ЈМ: Јас сакам да му го тргнам тој притисок, но на еден природен начин. Ronaldo може да биде подобар само ако екипата е подобра, тоа е начинот на кој треба да се реши овој случај. Минатата сезона он ја носеше екипата на свој грб во многу моменти. Кога на некој натпревар ривалот имаше добра стратегија како да го спречи, екипата страдаше, а тоа е негативно за било кој играч, колку и да е добар. Ronaldo мора да биде дел од една цврста екипа, компактна. Екипата треба да зависи од него, но он не смее да биде зависник од екипата и екипата треба да работи за него, а не индивидуално.
П: Што го прави поразличен од другите?
ЈМ: Физички, Ronaldo е апсолутно неверојатен. Со 25 години се уште има време да биде подобар, не е на возраст на која треба само да се одржува во форма. Технички, исто така импресионира. Сигурен сум дека и многу лесно ќе ја прими тактиката на секој натпревар. Неверојатно лесно ги решава проблемите иако понекогаш се работи за тактички комплексни проблеми, кои тешко ги решаваат и најдобрите фудбалери. Ronaldo може да се дефинира на само еден начин: Ronaldo е играч кој воодушевува.
П: Ќе ви помогне да освоите титули?
ЈМ: Real Madrid има историја која сите ја знаеме. Беше најдобар клуб во светот во своите први 100 години. Real Madrid е клуб и се останато. Веќе две години е без титула, 17 или 18 години го нема освоено Кралскиот Куп, 10 години е без финале во ЛШ, 7 или 8 години по ред не може да помине осмина финале...... За било кој друг клуб тоа може да биде нормално. Но за гигантен клуб тоа е тешка ситуација, драматична.
П: Ќе ги чувате титулите за втората сезона или ги сакате веднаш?
ЈМ: Често велам дека втората сезона е сезона во која екипата е зрела. Во втората сезона со Porto и Inter ја освоивме ЛШ, со Chelsea го игравме второто финале во ЛШ и многу полесно ја освоивме Premier..... Но свесен сум дека во ДНК на Real Madrid е да освоиш се и веднаш, во првата сезона. Ми се допаѓа многу тој притисок, не сум од тие што се извинуваат за тоа што не го прават, затоа што немаат услови или не знаат да се адаптираат. Нема да биде лесно.
П: Можно е да ја завршите сезоната без ниедна титула? Тоа е доста ризично....
ЈМ: Една титула не, најмалку две. Во седум години, со исклучок на онаа кога излегов од Chelsea во септември, секогаш освојував повеќе од една титула. Три со Porto во првата и уште три во втората сезона. Две со Chelsea во секоја од четирите сезони. Две со Inter во првата и три во втората сезона. Млад тренер сум, но 17-те титули кои ги освоив ме прават ветеран.
П: Ronaldo кажа, пред неколку дена, дека Real Madrid има некои од најдобрите играчи во светот и сега со најдобриот тренер во светот може да стигне многу далеку. Што ќе кажете за ова?
ЈМ: Јас и моите соработници веќе постигнавме важни успеси без најдобрите во светот. Силата на екипата е најважна. Малку по малку придобивавме луѓе од наша страна, дури и во внатрешноста на клубовите. Сето тоа не донесе до успех. Сега сме во најдобриот клуб на светот, имаме некои од најдобрите играчи во светот, но со тоа не се добиваат натпревари. Постојат ривали кои треба на кои треба да се смета. Фудбалот зависи од резултатите.
П: Работата во Real Madrid ќе биде иста како и во претходните години или ќе направите нешто поразлично?
ЈМ: Во основа целта секогаш е иста, стилот на игра го прилагодуваме на карактеристиките на играчите. Секој има своја филозофија, но најдобриот тренер е оној кој се адаптира на тоа што го има на располагање. Real Madrid, со играчите кои ги има, мора, задолжително мора да има екипа која ќе игра добар офанзивен фудбал. За да се излезе како што сакаме мораме да работиме сите заедно. Тоа е секогаш карактеристика на моите екипи.
П: Ве загрижува фактот дека Real Madrid не е екипа со блиндирана соблекувална?
ЈМ: Почнувам да мислам дека е подобро да се знаат некои работи. Кога не се знае ништо, со конкуренцијата која постои меѓу медиумите може да има шпекулации. Денес е подобро да бараш транспарентност, фудбалот еволуираше во таа насока. Најважно е да поставиш една линија во која ќе се знае кој е лидер, и како ќе се однесувате на терен и надвор од него. Ќе има промена на навиките во согласност со мојот начин на работа. Сето тоа е поважно од тоа дали некоја информација ќе излезе во медиумите или не.
П: Колку засилувања очекувате до крајот на трансфер периодот?
ЈМ: Мислам дека клубот ќе ми донесе еден одбранбен играч, со тешкотиите кои ги имаме да најдеме квалитетни играчи или млади со потенцијал. Секој ден се побрзо се откриваат млади таленти и потоа клубовите не сакаат да ги продадат по било која цена.
П: Но освен во одбрана, некој друг?
ЈМ: Би сакал да имам еден напаѓач. Ако дојде ќе биде добредојден, повеќе сакам да имам вишок отколку да ми фали. Ги имам Benzema и Higuaín како шпицови, дури и Ronaldo може да игра таму. Но повеќе сакам Ronaldo да има слобода онаму каде што е комотен и ми изгледа премногу талентиран за да го искористам на таа позиција. Затоа сакам уште еден напаѓач, но ќе видиме дали е можно.
П: Вашата анализа за новите играчи? На пример Pedro León, Di María....
ЈМ: Двајцата се тип на играчи кои Real Madrid ги немаше, не знам зошто но недостигаа такви играчи. Real Madrid имаше многу централизирана игра. Pedro León и Di María се крилни играчи, кои се комотни кога играат еден на еден, брзи се и имаат голем капацитет за напредок. И даваат на екипата поразлична функција.
П: И Khedira?
ЈМ: Sami е типичен германски играч од средниот ред и со тоа кажувам сè. Веќе имавме многу офанзивни играчи и Sami е баш некој кој ќе и даде цврстина на играта, ќе ја направи покомпактна. Физички е силен, дисциплиниран и многу млад. Исто така може да биде важен затоа што оди напред и дава голови. И не смееме да го заборавиме Canales, кој беше на европското и е многу талентирано момче.
П: Дрзок влог со млади засилувања.....
ЈМ: Има еден куриозитет во врска со возраста на играчите. Higuaín и Benzema имаат по 22 години. Ronaldo е најстар со 25. Во средниот ред Lass и Gago се многу млади и Xabi е најстар. Во одбрана Marcelo и Ramos и најстар е Pepe со 27 години. Млада екипа со голем капацитет за напредок. Работат на начин кој многу ми се допаѓа, со голем напредок, со голем интензитет, притисок и ритам.