Младиот англиски глумец Кирон Ричардсон, кој неодамна јавно призна дека има обратна сексуална наклонетост, му изјави љубов на Кристијано Роналдо. Тој со задоволство би го примил во кревет најскапиот фудбалер на светот. За него токму крилото на Реал (Мадрид) и португалската репрезентација е идеалот за маж, пренесува бугарскиот спортски портал Спортал".
- Дајте ми го Кристијано Роналдо, изјави надежниот 24-годишен актер, кој додаде дека добива повеќе понуди откако ја открил своја сексуална ориентација.
За Кристијано Роналдо одамна се шушка дека паѓа на мажи, а жените за него се само покритие. Тој многу пати дал повод за таквите коментари поради неговиот блескав метросексуален изглед - атлетското торзо, залижаната коса, блескавите бели заби, тесните шорцеви и тенисерки, многу накит...
Летоска, тој дури стави цвет зад увото за време на својот одмор во Италија. Годинава голгетерот на Реал (М) беше фатен од папарацото на "Дејли мејл" на забава во геј-бар во Њујорк. Уште попикантно е што тој беше во друштво на Ленс Бас од Ен синк, кој пред четири години призна дека е на левиот брег. Потоа манекенот беше забележан како се забавува во чисто машко друштво на моторен чамец крај португалскиот град Алгарве. Тоа се случи веднаш откако Кристијано го шокира светот со признавањето дека станал татко на момче. Мајката на детете е непозната...
Нова потврда дека Роналдо е бисексуалец дојде со неговото признавање за поддршка на еднополовите бракови. Гејовите исто така го сакаат Роналдо - во 2008 година го избраа за светска геј-икона број 1, што во минатото беше Дејвид Бекам.
Сепак, нема сигурна потврда дека Кристијано Роналдо легнува со мажи. Напротив дури неговата врска со рускиот супермодел Ирина Шејк, започната на почетокот од годинава и стана јавна во мај, изгледа е се посилна. Иако убавицата живее во Њујорк, тие наоѓаат време еден за друг. Потврда за тоа стигна завчера кога убавата двојка беше снимена на излегување од ресторан во Мадрид.
Ќе ни се врати Рони во форма ако го плесне овој младичов
