Зидан: Мурињо е она што му беше потребно на Реал Мадрид
Легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан верува дека Жозе Мурињо е она кое му било потребно на Кралскиот клуб.
Во изјава за Marca, Зинедин Зидан вели дека Мурињо е идеалното решение за тренерската позиција во Реал Мадрид, тој има голема верба во квалитетите на Португалецот.
"Имам доверба во Мурињо, а истото е и со фудбалерите кои се млади и многу талентирани" - вели Зидан.
"Едноставно, Мурињо е она што му требаше на Реал Мадрид. На тимот му беше потребна промена. Требаше тренер кој е голема личност, и мислам дека неговиот профил комплетно одговараше".
"Веројатно ова е добро време да се погледнат резултатите на тимот. Победивме во два натпревари од Лигата на Шампионите и сме први во групата, во Примера имаме четири победи и две нерешени, и сме во врвот".
"Секогаш има простор за напредок, но тренерот е нов, имаме и многу нови фудбалери па потребно е да им дадеме време".
"Достигнав време од животот кога сакам да им помагам на луѓето како што тие мене ми помагале. Фудбалот ми даде се, затоа сакам да го користам моето искуство и да им помогнам на младите генерации".
"Има многу луѓе на кои тоа им е потребно, па јас давам се што можам за да им помогнам. За жал не можеме да водиме грижа за сите, но давам се, бидејќи знам дека помагам на оние кои заслужиле" - заврши Зидан.
--- надополнето ---
Мурињо дал зелено светло за трансфер на Кака во Интер?
Според пишувањата на Corriere dello Sport Жозе Мурињо дал зелено светло за преселба на Рикардо Кака во ИнтерУште по крајот на летниот трансфер период медиумите од Иалија шпекулираа дека Масимо Морати на средба со Рафа Бенитез и Марко Бранка се договориле за ангажман на Рикардо Кака во јануари.
Бразилскиот интернационалец, кој во моментов е повреден, на Сантијаго Бернабеу не успеа да го покаже својот прав квалитет откако во 2009 беше првото големо засилување на Флорентино Перез.
Се шпекулира дака Морати, незадоволен од тоа што Милан направи навика да ангажира фудбалери кои се докажаа во дресот на Интер, сака да го возврати ударот токму со ангажман на Кака.
Денешното издание на
Corriere dello Sport вели дека тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, кој при пристигнувањето на Сантијаго Бернабеу се избори за апсолутна контрола за фудбалските одлуки и иднината на играчите, веќе дал зелено светло за почеток на преговори со неговиот поранешен клуб Интер за трансферот на Кака.
Весникот вели дека ’Специјалниот’ се решил на еден ваков чекор бидејќи верува дека Месут Озил, кој импресионира со своите перформанси во дресот на Кралевите, може да ја покрие улогата што Кака требаше да ја има во Реал.
Се говори дека Интер ќе се обиде да го ангажира Кака на позајмица во јануари со опција за перманентен трансфер следното лето.
Преговорите помеѓу двата клуба најверојатно ќе се одржат подоцна овој месец кога Реал Мадрид ќе пристигне во Италија за дуелот од Лигата на Шампионите против Милан.
--- надополнето ---
Касиљас одбранил само 8 удари во 6 меча
Реал Мадрид може и да не е толку убедлив во напад досега во сезоната, но во одбраната ситуацијата изгледа одлично, а и на крајот таа е клучен фактор за добрите резултати.
Статистиката исто така, покажува одличните дејствија на стоперите кои примиле само 2 гола во натпреварите, но голманот Икер Касиљас одбранали само 8 удари кон неговиот гол.
Тоа е речиси два пати помалку од следните два тимови на оваа листа. Еспањол и Осасуна дозволиле дури по 15 удари кон голот.
За споредба Виктор Валдес на гол-линијата на Барселона спасил дури 20 удари, а најмногу работа имал Давид де Геа, кој е одбраниле 35 удари кон мрежата на Атлетико Мадрид.
Кон голот на Реал се упатени воопшто најмалку удари - само 41. Кон голот на Барселона се 48. На прво место на оваа листа е следниот противник на Реал - Малага со 135 удари. Втор е Реал Сосиедад со 112, а трет Атлетико со 106.
Што се однесува до активностите во нападот играчите на кралскиот клуб шутирале најмногу од сите тимови во лигата - 123 пати. 12-те наведени гола не покажуваат толку добра ефикасност, а и ако не беа 6-те погодоци против Депортиво процентот ќе беше уште полош.
http://fwisp.com/submit?url=http://...--8---6-&catid=3:2009-12-26-20-23-56&Itemid=5
--- надополнето ---
Second session of the week
http://www.realmadrid.com/cs/Satell...cia/Second_session_of_the_week_2010-10-06.htm
--- надополнето ---