Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Рибери веќе е играч на Реал!

Riberi53414531.jpg
Европските печатени и електронски медиуми сè повеќе шпекулираат дека Франк Рибери е новиот играч на Реал Мадрид. Но, тој нема да биде најсензационалното трансфер-име на крајот од преодниот рок, туку ќе оди во Мадрид по завршувањето на оваа фудбалска сезона. Се зборува и тоа дека новиот претседател на „кралевите“, Флорентино Перес, се договорил со францускиот интернационалец на петгодишна верност во белиот дрес за плата од 25 милиони евра, односно пет милиони евра по сезона.
Талентираниот 26-годишен фудбалер постојано беше поврзуван дека ќе прејде на „Сантијаго Бернабеу“, но Баварците не сакаат да се откажат од клучната алка во тимот. Новиот тренер Луис ван Хал го постави Французинот како главен креатор на играта на Баерн Минхен, иако тој во моментов е повреден, па тоа е уште една причина повеќе за лошите резултати на Баерн на почетокот од сезоната во Бундес лигата.
Од друга страна, Франк Рибери постојано изјавуваше дека негова единствена фудбалска дестинација ќе биде Шпанија, односно Реал Мадрид, бидејќи сака да оди по стапките на неговиот фудбалски идол Зинедин Зидан. Тој во дресот на „баварците“ ја има улогата на офанзивен фудбалер од средината на теренот и во 53 бундеслигашки меча има постигнато дури 20 голови. За репрезентацијата на Франција настапил 39 пати.

Извор: http://sportlife.com.mk/default1.asp
______________________________________________________________________________________

Баерн Минхен потпиша со Арјен Робен!

Roben4444.jpg
Фудбалската иднината на Арјен Робен во Реал Мадрид беше неизвесна откако Флорентино Перес победи на изборите за претседател на клубот. Како и да е, Холанѓанецот често го носеше белиот дрес на „кралевите“ во подготвителниот период, а постигна и неколку навистина извонредни погодоци, па сите помислија дека Перес се смилувал околу неговата фудбалска судбина во Реал.
Сепак, информациите од минатата недела велеа дека Робен ќе ја напушти Шпанија и ќе се пресели на Островот, во дресот на Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ беа видно заинтересирани да го донесат брзиот крилен фудбалер на „Олд трафорд“.
И покрај сите шпекулации, најновите информации што доаѓаат од германските весници велат дека 25-годишниот холандски интернационалец е најблиску до трансфер во Баерн Минхен, кому не му оди најдобро на почетокот од сезоната во Бундеслигата. Според медиумите, Баварците ги завршиле преговорите со управата на Реал Мадрид околу тоа колку би била отштетата што ќе ја плати германскиот клуб и оти целиот договор ќе биде склучен до крајот на неделата. А Арјен Робен веќе е на пат кон Минхен за да направи медицински прегледи.
Само за потсетување, тој дојде од Челзи во Реал во 2007 година за огромни 24 милиони фунти, а сумата што ќе ја платат „баварците“ веројатно нема да биде поголема од петнаесетина милиони евра.

Извор: http://sportlife.com.mk/default1.asp

Во колку сатот е ждрепката, и на кој канал ќе даваат ?? :wink:

Во 6 на Јуроспорт ваљда ..:vozbud:
 
:pos2:. Баш вчера ми текна викам кај се изгуби овој бе. А зашто уствари испи бан ?

ги пцуев модераторите оти несакаат да ме одбанираат од фан клуб манчестер ... веке 3 месеци сум баниран...ми вели...одлогирај се па читај им во фан клуб..и ми пукна филмот :))..на 9.9.2009 се враќам :)
 
Хаха ти си луд, сеа се сетив го имав тоа прочитано. Ај уште малце па ке биде.:smir:
После во 6 ке се молам да ни паднат Јунајтед !!! А се знае дека некој од тие ке паднат !
 
Абе ја читав као демек Манчестер сакале да го купат Робен за 13м и наводно он би им бил добра замена за Роналдо. Исто изјавиле као демек дека доколку поише би се ценкале немала цената да биде 25м, туку мн. ќе се намалела. А ова некој шо имаше на предходнава стр постирано за Робен дека потпишал за Баерн и ја тоа слушнав, а овој Рибери значи ств не знае шо сака...еднаш кажува дека сака да иде у Реал, другпат се праи нешо и вика ја нишо неам изјавено...и тоа шо има изјавено дека следната сезона дефинитивно доаѓа у Реал, тоа он сам така си планира да се стаи или...?
 
На кило да не продаваат играчи овие од управа бе ?

Плаќаш 1 добиваш 2, семеен попуст :tapp:
 
Абе ја читав као демек Манчестер сакале да го купат Робен за 13м и наводно он би им бил добра замена за Роналдо. Исто изјавиле као демек дека доколку поише би се ценкале немала цената да биде 25м, туку мн. ќе се намалела. А ова некој шо имаше на предходнава стр постирано за Робен дека потпишал за Баерн и ја тоа слушнав, а овој Рибери значи ств не знае шо сака...еднаш кажува дека сака да иде у Реал, другпат се праи нешо и вика ја нишо неам изјавено...и тоа шо има изјавено дека следната сезона дефинитивно доаѓа у Реал, тоа он сам така си планира да се стаи или...?

Тој ништо не кажува дали сака да оди или не... весниците си шепкулираат дека кажал, а уствари тој ништо нема кажано, па ајде еве некој нека постира некоја прес кофернција каде рибери вика дека сака да оди во Реал или пак демантира такво нешто.. поравете ме ако грешам ама сите информации за ова се само напишани и има ставено едно сликче од Рибери и секоја страна за фудбалски информации само се надполнува на другата цело време, значи то е глупост.
 
Абе oва стварно чудно, мајке ми. Сите весници, и секаде каде што е можно да се објави фудбалско новост, ги направија Робен и Снајдер нови играчи на Баерн и Интер, а на официјална страна ништо нема. Можеби се премислиле... :)

bb[noone];2861251 напиша:
хахах не ни мислев да се карам со некој туку само со убаво кажав дека само он ви остана .. и да го купивме ние мислиме и на одбраната за разлика од вас и ако лани ви даде Пиќе гол :tv: оваа година ќе ви даде Чигрински ако дојде оти само на гоал е потврдено :wink:

Албиол, Арбелоа, Гарај, за сите тројца дадовме вкупно околу 20 милиони.. Вие за еден Чигрински, кој игра перфектно во никаквото првенство на Украина дадовте 25 милиони. Па воочи ја ти разликата. И да, ќе даде Чигрински гол, од клупата, можеби...

Само ова со Робен не ни требаше. Од сите трансфери летово сум задоволен, само овој малку ме разочара, затоа што не знам кој би бил замена за Роналдо. Ме радува и она за Мигел Торес, и онака никогаш немаше да добива шанса бидејќи замена за Рамос ќе биде Арбелоа, а за Марсело, Дренте, секогаш ќе ја грееше клупата, али сакав да остани само заради Madrid. :)

п.с од официјална страна на Баерн..

Interest: Yes - Complete: No

Се надевам нема ни да има комплетирање.
 
Абе за тоа дека више Снајдер и Робен ги напраиле играчи на Баерн и Интер тоа да...ама па значи као тогаш изјавуваат дека од страна на шпанската управа или од кој и да е тие информации за нивните трансфери биле потврдени, се чекало само уше на официјалните да биде пишано. А за тоа дека весниците шпекулираат нели колку само за да им се шитка весникот ОК, ама информацииве од Марка се наводно, а Марка колку шо знам не грешат баш...или можда грешка сум...:toe::)
 
Снајдер си отиде :( со среќа нека му е не е тој крив :toe: ама сеа и Робен бе :uvo: овој Перез сите ќе ги шитне
 
Абе дај боже да сум грешка и се да е само шпекулација...:):pipi:

За ова не знам, мене за жал ми стои како повеќе од шпекулација... ама дека Марка не грешат никогаш, не би рекол :)
 
Абе за тоа дека више Снајдер и Робен ги напраиле играчи на Баерн и Интер тоа да...ама па значи као тогаш изјавуваат дека од страна на шпанската управа или од кој и да е тие информации за нивните трансфери биле потврдени, се чекало само уше на официјалните да биде пишано. А за тоа дека весниците шпекулираат нели колку само за да им се шитка весникот ОК, ама информацииве од Марка се наводно, а Марка колку шо знам не грешат баш...или можда грешка сум...:toe::)

Грешка си и Виља беше едно време играч на Реал :pos2:
 
Перез не ги сака јаките играчи кој ги има купено Калдерон. ФАКТ. Ако замини Робен (не дај боже) ќе останат само ВДВ, Гаго, Марсело, Дренте и Диара, кој ако го продадат во наредните 10 години, го откажувам преку службен весник навивањето за Реал. :)
 
Игуаин???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom