Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тажен сум што заминувам

wesley-sneijder1.jpg

“Што се случи со мене е навистина чудно. Реал ме третираше прилично лошо и искреено, не би сакал да зборувам за тоа. Тажен сум што заминувам од Бернабе, но така стојат работите.

Според италијанските медиуми трансферот ќе изнесува 15 милиони плус 3 милиони евра во зависност од неговите игри. Наводно бил договорена сумата за неговата барана плата од 4 милиони евра и таа ќе ја зема во наредните 5 години.

ByE :helou: && TnX.:wink:
 
вака така само Ван дер Варт ќе ви остане :)
 
Miguel Torres прифаил да потпише за Atlético de Madrid, останува уште Atlético de Madrid да одлуши дали ќе го земе

според марка
 
bb[noone];2861136 напиша:
вака така само Ван дер Варт ќе ви остане :)

Немој толку иронија да ми покажуваш овдека, оди види Чигрински го купивте за 25 милиони а за нас само скажувате сни трошеле пари незнам шо :vozbud: ај со среќа и биди ми поздравен. :pusk:
 
Немој толку иронија да ми покажуваш овдека, оди види Чигрински го купивте за 25 милиони а за нас само скажувате сни трошеле пари незнам шо :vozbud: ај со среќа и биди ми поздравен. :pusk:
хахах не ни мислев да се карам со некој туку само со убаво кажав дека само он ви остана .. и да го купивме ние мислиме и на одбраната за разлика од вас и ако лани ви даде Пиќе гол :tv: оваа година ќе ви даде Чигрински ако дојде оти само на гоал е потврдено :wink:
 
bb[noone];2861251 напиша:

Доста бе Рамос секоја година ви дава голови ....хахахаха:baeh:
 
Ауууууу нечини ова...... глупост беше што го продадоа Снајдер, а сега Робен и Торес:uvo:
Па добро кој ќе игра бе у пи*ку матер, Гути и Гаго :tapp: КАТАСТРОФА ќе биде ако не е ова шпекулација!!!!:nenene:
 
Несмеат да го дадат, чиста шпекулација. И Пандев отиде у Вест Хем за 5 милиони, ае важи. Немора дотолку паника да се крева мислам, не е потреба.
 
Несмеат да го дадат, чиста шпекулација. И Пандев отиде у Вест Хем за 5 милиони, ае важи. Немора дотолку паника да се крева мислам, не е потреба.

Хаха, подобро сега да паничиме отколку после, кога ќе замине.. Ама да се надеваме дека нема :nesum:
 
вечер ждрепката а...со сето срце го посакувам манчестер во нашата група...фиорентина и волфзбург...уште на почетокот да наидеме на тврди ореви...за да понатаму биде полесно ..:) психички ....
поздрав од Марчело Суки..го користам овој узер додека сум под бан :)
 
:pos2:. Баш вчера ми текна викам кај се изгуби овој бе. А зашто уствари испи бан ?
 
Рибери веќе е играч на Реал!

Riberi53414531.jpg
Европските печатени и електронски медиуми сè повеќе шпекулираат дека Франк Рибери е новиот играч на Реал Мадрид. Но, тој нема да биде најсензационалното трансфер-име на крајот од преодниот рок, туку ќе оди во Мадрид по завршувањето на оваа фудбалска сезона. Се зборува и тоа дека новиот претседател на „кралевите“, Флорентино Перес, се договорил со францускиот интернационалец на петгодишна верност во белиот дрес за плата од 25 милиони евра, односно пет милиони евра по сезона.
Талентираниот 26-годишен фудбалер постојано беше поврзуван дека ќе прејде на „Сантијаго Бернабеу“, но Баварците не сакаат да се откажат од клучната алка во тимот. Новиот тренер Луис ван Хал го постави Французинот како главен креатор на играта на Баерн Минхен, иако тој во моментов е повреден, па тоа е уште една причина повеќе за лошите резултати на Баерн на почетокот од сезоната во Бундес лигата.
Од друга страна, Франк Рибери постојано изјавуваше дека негова единствена фудбалска дестинација ќе биде Шпанија, односно Реал Мадрид, бидејќи сака да оди по стапките на неговиот фудбалски идол Зинедин Зидан. Тој во дресот на „баварците“ ја има улогата на офанзивен фудбалер од средината на теренот и во 53 бундеслигашки меча има постигнато дури 20 голови. За репрезентацијата на Франција настапил 39 пати.

Извор: http://sportlife.com.mk/default1.asp
______________________________________________________________________________________

Баерн Минхен потпиша со Арјен Робен!

Roben4444.jpg
Фудбалската иднината на Арјен Робен во Реал Мадрид беше неизвесна откако Флорентино Перес победи на изборите за претседател на клубот. Како и да е, Холанѓанецот често го носеше белиот дрес на „кралевите“ во подготвителниот период, а постигна и неколку навистина извонредни погодоци, па сите помислија дека Перес се смилувал околу неговата фудбалска судбина во Реал.
Сепак, информациите од минатата недела велеа дека Робен ќе ја напушти Шпанија и ќе се пресели на Островот, во дресот на Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ беа видно заинтересирани да го донесат брзиот крилен фудбалер на „Олд трафорд“.
И покрај сите шпекулации, најновите информации што доаѓаат од германските весници велат дека 25-годишниот холандски интернационалец е најблиску до трансфер во Баерн Минхен, кому не му оди најдобро на почетокот од сезоната во Бундеслигата. Според медиумите, Баварците ги завршиле преговорите со управата на Реал Мадрид околу тоа колку би била отштетата што ќе ја плати германскиот клуб и оти целиот договор ќе биде склучен до крајот на неделата. А Арјен Робен веќе е на пат кон Минхен за да направи медицински прегледи.
Само за потсетување, тој дојде од Челзи во Реал во 2007 година за огромни 24 милиони фунти, а сумата што ќе ја платат „баварците“ веројатно нема да биде поголема од петнаесетина милиони евра.

Извор: http://sportlife.com.mk/default1.asp

Во колку сатот е ждрепката, и на кој канал ќе даваат ?? :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom