Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вака. ма не се замарајте со овај пораз, и посебно со Анти фановите на реал... незнам како имате нерви да ги трпите па дури и да му врајкате на нивните загревотни постови. Ова е само една пријателска утакмица во која не смеј ништо да се заклучува.. пример Дренте. па тој нема да игра во Сезоната бре или пак торес и други.. ке игра рамос,албиол,арбелоа... затоа не се замарајте ке ве молам нема потреба. А вие навивачи на јуве... одете кај вашио фан клуб и прославувајте ја вашата ОГРОМНА победа! па бравос бе кој царој сте ПИС купо ке го освојте леле ви се дивам. хахахх
 
Овие жабарите магија ни имаат направено.:)
Треба кај Сабина да се оди изгледа.:vozbud:
Тоа е де. Шо се узбуѓавате до толку. Кроце и ќе биде.
Овие срања од купови и пријателските се тестови за уиграност на екипите. Реал во моментов НЕ Е уиграна екипа. Треба да се работи за да биде.
И тоа е тоа. Нема трагедија овдека. Години наназад Реал е катастрофа жива во предсезоната.
Ќе треба да се крстиме и криеме ако вака тераат и кога ќе почне орото.:vozbud:

Ама до тоа нели нема да дојде.:)
 
Леле катастрофа...Пелегрини мора да си поднесе оставка...до кога вака ееејј....овие Жабентус се премногу силни беее....15% посед на топка имаа и не убија начисто...и тоа ти е некој талент....секоја чест каква игра прикажаа...чисто се сомневам дека Реал ќе го достигне тоа ниво да игра како второлигашот Жабентус ма ајде ви се молам на сите анти-реал фанови фак оф од нашиот фан клуб али мислите да кењате со постови од типот:Џабе потрошени пари....и неможете да поминете осминафинале:tapp:
 
Пријателска , ко пријателска. Мада ова денес на моменти на права војна делуваше. Среќа само како Роналдо остана со цело колено на крајот , по оној старт на Григера , мислам.

Што се однесува до играта, Реал изгуби скоро на идентичен начин , како лани во ЛШ. Имаа цело време некоја полу-јалова иницијатива , а Јувентус ги имаше(по катастрофални грешки на одбраната на Реал) , подобрите шанси.

После овој натпревар,и те како сум сега сигурен дека ни треба Чаби Алонсо.
Ја немаме онаа организирачка искра од нашата половина. Впрочем , ни фали истата таа креативност и во противничката половина , ама за таму сум сигурен дека Кака и те како ќе заврши работа.
Гаго неможе да одговори на предизвикот. Го најавуваа како наследник на Редондо , ама да не претеруваме. И да игра во најдобра форма , мислам дека е километри далеку од кретивноста на Редондо ... па и на Ч. Алонсо.
За него , најдобро според мене ---> трансфер, или ако е задоволен со 80%+ греење на клупа. Ова е мој суд по овие 3-4 пријателски, бидејќи последнава и не се изнаигра многу.


Дудек, ќе остане само солиден резерва голман. Ниту еден гол не беше по негова вина. Касиљас си доаѓа природно.

Торес . тешко дека ќе преживее во ова Галактичко доба. Не е толку лош , само треба да биде многу многу подобар . С. Рамос неприкосновен.

Дренте. Се гледа дека има потенцијал , и незнам зошто ама сеуште верувам во него , иако на моменти знае да изненади со некој глупав пас. Сепак мислам дека Марсело е посталожен и покохерентно решеније.

Пепе. Ѕид! Секоја чест. Само да научи да го контролира тој лош табиет. Штета што е казнет првите 5-6 кола од новата сезона.

Мецладер, има доста напреднато од последната година. Сепак , за стартер не би го рачунал. Сеуште ја има таа мала тромавост. Раул Албиол мислам дека повеќе може да пружи. Не толку со својата става , колку со својата брзина и одсечност.

Лас , игра доста стандардно. Новиот Макелеле. Не пости победнички тим, без сигурен , јак и брз деструктивец. Само побрзо да се ослободува од топката и без дриблање во последната наша третина од теренот.

Гути , незнам дали со моменталната игра и посветеност(ангажираност) би можел да биде и било каква резерва. Штета. Како што кажав , Ч. Алонсо иделано! Би се совпаѓале перфектно со Лас. Друг ако не Ч.Алонсо , се надевам дека Гранеро би можел да проба или Снајдер. Иако како што гледам доста поофанзино ги пробуваат двајцата.

Роналдо, се гледа дека човекот ќе блесне кога ќе е најпотребно. Досегашните натпревари ги игра негде со 45%. Мада негова беше грешката при првиот гол на Јуве. Се успа позади , иако цел дефанзивен ред истрчаа на офсајд.Како и да е , 94-те милки вредат. Ако не настрада од некој касап од типот на Григера , сите ние ќе се увериме во тоа сезонава што иде.

Раул , само солидна замена би требал да биде според мене. Го поштувам и сакам да остане до крајот на својата кариера на Бернабе, ама сепак мислам дека иако покажува некои знаци на живот , не смее да држи место на некој како Игуаин или Безема ... па дури ни на Руд или Негредо. Мада , на позицијата која играше денес (АМ) , неприкосновен треба да е Кака. За текмата , крив беше за вториот гол, му избега Хасан кроз блог. Како и да е , бар над него беше направен пенал.

Гранеро , некако се изгуби денес на оној катастрофален терен (пун со песок?!?!?! ). Како и да е , местото не му беше природно, иако во Хетафе се има појавувано на таа позиција. Мислам дека треба да се проба на DM-организатор дефанзивен. Има памет и сталоженост за тоа. Некој го споредуваше со Иниеста , иако на мене далеку поблиску ми делува дека може да напредува во правец на Ч.Алонсо. Како и да е , јас со 100% сигурност би го ставил Робен на таа позиција сега (RМ). Само да не се повредува , супер ќе е. Никакво продавање, никакво трошење пари за Рибери.

Бензема, не беше лош , и исто како Роналдо , игра сеуште со пола мотор вклчен. Посебно ми се допаѓа што е спремен да прифати топа далеку од голот и сам да си створи шанса , како и да проигра одлично. Незаменлив на таа позиција за мене.



Како и да биде , се надевам дека само ќе има Реал доволно време да ги воигра , било кои играчи на кои ќе рачуна Пелегрини.
Невоиграноста може да им биде најголемиот противник... и да , аман веќе со оние голови од прекини!
 
Кога ги видов сега головиве, можем да приметим дека исто како и лани, и годинава сме многу слаби при прекини. Јес да одбранава не е уиграна, и дека фалат стандардните, ама како и да е неможе при прекини вака да се оставаат сами играчиве. Мора да поработи Ману на тоа, иначе ни се еба мајката.
Додека за резултатот, не се радував ни за претходните пријателски кога победивме, нема ни сега да тупам глава за поразов. Пријателска си е пријателска...
Него Гути според мене треба одма да се продаде, преку кур ако е од кантерата. Кој фактор е тој бе, игра курот на терен. Не дава ни 50% на утакмица, а за таа позиција што ја игра он треба многу трчање. Чаби под итно да земе, маакар и 35 мил. да дадеме, вака не иде со срединава. За Гаго не сакам ни да си ја арчам тастатурава...

И да, ќе забраев. Гледам многу напалени дегени овде, свршуваат во гаќи. Не се замарајте со нив, овие па од Јуве се радуваат како ЛШ да зедоа, 10 страни изнапишаа.

6360_108536529772_96686264772_2208184_5067829_n.jpg


Фудбал на плажа :):):):)

6360_108536544772_96686264772_2208187_5879121_n.jpg


Каков бакнеж на Торес до Роналдо...:pos2::pos2:
 
Добро изиграа според мене, според условите кој ги имавме за игра(првотимците невоиграноста теренот и уште некои слични фактори) солидно изигравме. Кога го удрија Роналдо помислив на најлошо :toe:. Како и да е кога ке се комплетираат и кога ке се воиграат убеден сум дека ке бидат перфектни. Алонсо мислам дека ке мора да се потрошат уште неколку милиони за да го донесат,и тоа што поскоро, што е сигурно сигурно си е. И во преостанатиот месец мислам дека ке треба само да се исчистат непотребните играчи и толку. :)
 
Мора да сме задоволни од резултатот...Жабентус каква игра покажа:drk:имаме среќа што не загубивме со 5-1:pishtoldz...иако не преферирам италијански фудбал само заради Жабентус ќе почнам да пратам поредовно. Како што и пиша некој член на нивниот фан клуб стварно почнаа да играат поатрактивно(без топка):vozbud:
 
А шо се палат толку сите на пријателска утакмица?

Имало многу дечиња тука по форумов...
 
Тргни си без грижи... Сигруно им попуштија... Хехехе

"Now I am interested to see how Diego goes against Real. I hope for confirmation that we are on the right track."

Како беше Диего? Се надевам не му задаовлил вкусот на Cobolli :)
Диего не играше, имавте среќа.


Инаку кој ви е овој со број 22 ?
 
Диего не играше, имавте среќа.


Инаку кој ви е овој со број 22 ?

Тоа и се тешиме..за нас не играа Касиљас,Рамос,Албиол,Робен,Кака...али не е битно тоа сега!

22ка е зверот Мигел Торес:helou:
 
Animo De la Red

Огромна штета за играчов :(
 
E decki toa vi nemozete da go pobedite juve iako imate jak sostav uvek ce bidete vo vtor plan u spanija kolku i da zemate igraci hahaha gubitniciii
 
E decki toa vi nemozete da go pobedite juve iako imate jak sostav uvek ce bidete vo vtor plan u spanija kolku i da zemate igraci hahaha gubitniciii

ајде ајде без нервози имате замена за Роналдо тука ви е Валенсија:wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom