Пријателска , ко пријателска. Мада ова денес на моменти на права војна делуваше. Среќа само како Роналдо остана со цело колено на крајот , по оној старт на Григера , мислам.
Што се однесува до играта, Реал изгуби скоро на идентичен начин , како лани во ЛШ. Имаа цело време некоја полу-јалова иницијатива , а Јувентус ги имаше(по катастрофални грешки на одбраната на Реал) , подобрите шанси.
После овој натпревар,и те како сум сега сигурен дека ни треба Чаби Алонсо.
Ја немаме онаа организирачка искра од нашата половина. Впрочем , ни фали истата таа креативност и во противничката половина , ама за таму сум сигурен дека Кака и те како ќе заврши работа.
Гаго неможе да одговори на предизвикот. Го најавуваа како наследник на Редондо , ама да не претеруваме. И да игра во најдобра форма , мислам дека е километри далеку од кретивноста на Редондо ... па и на Ч. Алонсо.
За него , најдобро според мене ---> трансфер, или ако е задоволен со 80%+ греење на клупа. Ова е мој суд по овие 3-4 пријателски, бидејќи последнава и не се изнаигра многу.
Дудек, ќе остане само солиден резерва голман. Ниту еден гол не беше по негова вина. Касиљас си доаѓа природно.
Торес . тешко дека ќе преживее во ова Галактичко доба. Не е толку лош , само треба да биде многу многу подобар . С. Рамос неприкосновен.
Дренте. Се гледа дека има потенцијал , и незнам зошто ама сеуште верувам во него , иако на моменти знае да изненади со некој глупав пас. Сепак мислам дека Марсело е посталожен и покохерентно решеније.
Пепе. Ѕид! Секоја чест. Само да научи да го контролира тој лош табиет. Штета што е казнет првите 5-6 кола од новата сезона.
Мецладер, има доста напреднато од последната година. Сепак , за стартер не би го рачунал. Сеуште ја има таа мала тромавост. Раул Албиол мислам дека повеќе може да пружи. Не толку со својата става , колку со својата брзина и одсечност.
Лас , игра доста стандардно. Новиот Макелеле. Не пости победнички тим, без сигурен , јак и брз деструктивец. Само побрзо да се ослободува од топката и без дриблање во последната наша третина од теренот.
Гути , незнам дали со моменталната игра и посветеност(ангажираност) би можел да биде и било каква резерва. Штета. Како што кажав , Ч. Алонсо иделано! Би се совпаѓале перфектно со Лас. Друг ако не Ч.Алонсо , се надевам дека Гранеро би можел да проба или Снајдер. Иако како што гледам доста поофанзино ги пробуваат двајцата.
Роналдо, се гледа дека човекот ќе блесне кога ќе е најпотребно. Досегашните натпревари ги игра негде со 45%. Мада негова беше грешката при првиот гол на Јуве. Се успа позади , иако цел дефанзивен ред истрчаа на офсајд.Како и да е , 94-те милки вредат. Ако не настрада од некој касап од типот на Григера , сите ние ќе се увериме во тоа сезонава што иде.
Раул , само солидна замена би требал да биде според мене. Го поштувам и сакам да остане до крајот на својата кариера на Бернабе, ама сепак мислам дека иако покажува некои знаци на живот , не смее да држи место на некој како Игуаин или Безема ... па дури ни на Руд или Негредо. Мада , на позицијата која играше денес (АМ) , неприкосновен треба да е Кака. За текмата , крив беше за вториот гол, му избега Хасан кроз блог. Како и да е , бар над него беше направен пенал.
Гранеро , некако се изгуби денес на оној катастрофален терен (пун со песок?!?!?! ). Како и да е , местото не му беше природно, иако во Хетафе се има појавувано на таа позиција. Мислам дека треба да се проба на DM-организатор дефанзивен. Има памет и сталоженост за тоа. Некој го споредуваше со Иниеста , иако на мене далеку поблиску ми делува дека може да напредува во правец на Ч.Алонсо. Како и да е , јас со 100% сигурност би го ставил Робен на таа позиција сега (RМ). Само да не се повредува , супер ќе е. Никакво продавање, никакво трошење пари за Рибери.
Бензема, не беше лош , и исто како Роналдо , игра сеуште со пола мотор вклчен. Посебно ми се допаѓа што е спремен да прифати топа далеку од голот и сам да си створи шанса , како и да проигра одлично. Незаменлив на таа позиција за мене.
Како и да биде , се надевам дека само ќе има Реал доволно време да ги воигра , било кои играчи на кои ќе рачуна Пелегрини.
Невоиграноста може да им биде најголемиот противник... и да , аман веќе со оние голови од прекини!