Да , да точно. Уште е рано. Ама баш јас тоа и го зборев.
Рано е уште и за еуфорија.
И знаеш како викаат "кој се изгорел од врело млеко, и на јогуртот после дува".
Само до пред 5-6 години ги имавме првите Галактични. Според мене , еден од најсрамните (ама најдоходовните) доба на клубот.
Несакам пак тоа да се повтори , и баш поради тоа навлагам со доста резерва во оваа сезона.
Aли јас ипак мислам дека од тие галактични има разлика до овие. Мислам дека може да ги споредуваме само Бензема и феноменот, и Кака и Зидан. Мислам дека Роналдо е далеку подобар од Бекам, Бекам освен што имаше техника и по некој дриблинг, немаше ништо друго. За разлика од Бекам, Роналдо има и техника, и дриблинг, и брзина, едноставно има се што му е потребно на еден крилен играч. Тогаш, имавме бавни крила, Бекам и Фиго, и мислам дека играта се одвиваше многу побавно од сега. За разлика од тогаш, сега имаме екстра брзи крилни играчи, Робен, Роналдо, па и Кака. Исто така, тогаш мислам дека и одбраната не беше нај, нај, освен по оние странични позиции, каде што играа Карлос и Салгадо. За разлика од тогаш, сега го имаме можеби најдобриот десен бек Рамос, и како негова замена Арбелоа, кој одлично си ја вршеше работата, не само во Ливерпул, туку и во шпанската репрезентација. Мецелдер, Гарај, Албиол и Пепе се екстра дефанзивци, и од нив треба многу да очекуваме, во спречувањето на противничките акции. Лани мислам дека имавме доста проблеми со левите бекови, но на подготвките Марсело игра беспрекорно, и мислам дека и тој проблем е решен. Моментално го имаме најдобриот тим, но само на хартија. Кога сето тоа би се избалансирало убаво, без проблем би победувале се што ќе ни застане на патот.