Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Слаба игра пак од Надал...незнам како вака да земе титула:( И Белучи ситна риба ама после Вердаско/Алмагро во 1/4 финале.
 
3-0 у сетови слаба игра?.....
 
Слаба игра пак од Надал...незнам како вака да земе титула:( И Белучи ситна риба ама после Вердаско/Алмагро во 1/4 финале.


Ако го гледаш и Федерер играше со послаби противници па пак се мачеше имаше сетови со тај брејк доколку Надал нема ниеден со 7:5.
Вердаско исто така не игра добро вчера се извади некако мислам дека сега од Алмагро ќе изгуби.
 
Очигледно вие кои викате дека е ова слаба игра не сте фанови на Надал.... Ако сте, тогаш треба да знаете дека ова што сега го игра Надал е 80% од него....Не е ненормален да се троши кога и вака освојува мечеви без загубен сет....Нема потреба за форсирање....

Надал ја темпира играта и ако продолжи вака можно е при крајот на годината да се врати на првото место....Доколку Федерер продожли да игра вака, лошо....Надал убеден сум дека по 5-ти пат ке го освои Роланд Гарос....Пред 2 месеци за него беше 5.30 дека ке го освои, ден пред да почни беше прв носител на кладилниците со 2.30 како и за Роџер 2.60....

Затоа Надал знае да игра....Неговата игра бара доста трчање и активност, и затоа не дава максимум од себе, за да ја темпира играта низ цел турнир....Кога ке дојди 1/4 финале и 1/2 ке видите друг Надал....Се разбира доколку остане комплетно здрав...

Поздрав !
 
Па не мора да значи ако победиш дека си играл маестрално.:toe:

Да али ако победиш 3-0 против солиден тенисер, е тогаш е според мене добра игра! Неможете да очекувата не секој натпревар поготово во почетната фаза на турнирот да игра Надал 100% 3-0 е одличен резлутат згора на тоа без брејк од страна на Хјуит, што сакате поише? зарем треба да тепа 6-0/6-0/6-0 за да биде добро? Мора да се "чува" за понатака.

@ Македонец баш така.
 
Како бе слаба игра ? :О ЛЕЛЕ!

3-0 на Хјут го гази и што сакате вие? Во право е Psyside, арно ви кажа мора да се чуваме за понатака, мене ќе ми беше задоволно и 3-1 а и ова очекував ама на ваков резултат не кажувам дека слабо играл иаку не го гледав. Нека си продолжи вака, и да го гледаме во финале, заедно со Федерер, моја желба. :)

ВАМОС !
 
Хјуит направи 3 брејка,колку за поправка... :):)

--- надополнето ---

Надал околу 7.. :)
 
Па не е и Хјуит за потценување, сепак тој е бивш број 1. Не го гледав баш многу мечот, ама од тоа што видов и двајцата не играа толку лошо.
А и не е првпат Хјуит да му даде поголем отпор на земја, имаше еден натпревар во 2007, мастерсот во Хамбург, лесно можеше и да загуби Надал.
 
Абе глејте малце по реално! видете само колку му е слаб бекендот, а и форхендот не му е баш нај нај, приметете баш вчера кој го гледал против Хјуит колку ги играше само цело време дијагонално од десно на лево или паралелно лево. Тоа пратете го малце, а не само трчај погодил 3 линии и готово го направивите шампион...
Јас ако не сум фан незнам вие што сте...ако си фан немора да значи сеа јас нон стоп ќе викам ѕвер е, а тапа игра...И сам изјавува на интервјуа дека не игра добро.

--- надополнето ---

Па не е и Хјуит за потценување, сепак тој е бивш број 1. Не го гледав баш многу мечот, ама од тоа што видов и двајцата не играа толку лошо.
А и не е првпат Хјуит да му даде поголем отпор на земја, имаше еден натпревар во 2007, мастерсот во Хамбург, лесно можеше и да загуби Надал.

Што ако бил бе? и Фереро беше бивши бр.1 па сеа го кркна од Џинепри и тоа на земја:kesa:
 
Да ставиме некоја сликичка од кралот..:pipi:


 
Како е костурот понатаму, може да игра пак со Содерлинг или не? :)
 
Како е костурот понатаму, може да игра пак со Содерлинг или не? :)

Четврт финале: Алмагро/Вердаско
Полуфинале: Џоковиќ/Џинепри vs Мелцер/Габашвили
Финале: се надевам Федерер
Шампион: РАФА
:)
 
Минатите мечеви не ги гледав баш многу, а од денешниов гледав поголем дел. Ќе мора и јас да се согласам дека не игра баш најдобро, прави многу неизнудени грешки, но сепак игра доволно добро за да победи.
Мислам дека Алмагро ќе му даде голем отпор, а можеби ќе успее да му земе и некој сет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom