Абе имаш убава поента ама лошо ти е напишан постот. Рафа ќе притисне со сите сили во Лондон, убеден сум во тоа, ама дека не давал сеа со Делпо максимум мало морген тоа. Од што му значеше и на грешките на Делпо вамосираше, трчаше како луд по секое топче. Али според мене примарна цел ќе му биде Лондон, затоа што ако сега не го освои не се знае кога пак ќе има ваква шанса. Федерер е ужасен, Мареј е повреден, само Ноле му е вистински конкурент. Од друга страна после ваква сезона на хард ако не го освои Лондон стварно ќе биде греота, ударите се тука, форхенд паралелата е тука, сервисот е тука, така да типувам дека Рафа ќе го освои овој турнир. Во Базел не верувам да запиња премногу, во Париз не знам, од една страна може да биде првиот играч со повеќе од 5 Мастерси во една сезона, а од друга страна можеби ќе ги чува силите за Лондон...