Ќути бе кобник, зашо да изгуби?

За УС Опен сигурно го избегнува Новак во својата половина, уште да има среќа да му се падне Ферер и шансите за титула ќе бидат огромни, затоа што ако се оди според планот Ноле и Мареј би требало да играат 1/2 финале и тоа би требало да биде тежок меч и победникот ќе влезе доста исцрпен во финалето, а од друга страна Ферер е во ужасна форма и само формалност би требало да биде дуелот против него. Е сеа многу битна ствар е во чија половина ќе биде Федерер, затоа што ако се избегне и Федерер тогаш стварно шансите драстично се зголемуваат. Според досега прикажаната игра Рафа би требало да е фаворит број 1 на УС Опен али се кладам во животов он ќе изјави дека не е фаворит, најверојатно таа улога ќе му ја препушти на Ноле. Исто така битна ствар е да се избегнат серверите ко Иснер, затоа што ќе го исцрпуваат во раната фаза од турнирот, а тоа најмалку му е потребно.
Ако го освои и УС Опен ќе има шанса да ја изигра најдоминантната сезона во Опен ерата, затоа што досега има само 3 порази, што е неверојатно.