Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Кажуваше и Стратев дека Јорде имал некои приватни проблеми. Ех, пред 2-3 години еден од најдобрите голмани во Македонија

Никогаш не бил добар голман Јорде исфорсиран само џанкер не виден дури беше суспендиран ми се чини година две заради некои таблети кој ги земал па го фатија на допинг контрола отиде во Шведска па си дојде и врти во круг Ѓорче,Вардар,Работнички..:salut:
 
Ѓорчевско дете штода му правиш , само на кавга да се идело :toe::vozbud:
 
Јорде ако не е добар голман незнам кој е. Ако не сте го гледале како брани погледнете го. Тоа што има проблем со дисциплината и што е темпераментен е друго.
 
Георгиевски останува суспендиран, Тодоровски казнет со 1.000 евра



Двајцата фудбалери се најдоа на тапет кај раководството на Работнички поради тепачката во Охрид


Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Јорде Георгиевски, останува под суспензија во Работнички до донесување на конечната одлука на раководството на „романтичарите“. Суспензијата, пак, му е симната на неговиот клупски колега, Горан Тодоровски, но него му е изречена парична казна од 1.000 евра. Потврда на ова добивме од претседателот на трикратниот македонски шампион, Драган Поповски, кој најави дека деновиве ќе биде позната и дефинитивната санкција за нивниот чувар на мрежата. Двајцата фудбалери се најдоа на тапет кај управата на тимот поради меѓусебната тепачка во финишот од подготовките на Работнички во Охрид.

„Георгиевски останува под суспензија, Тодоровски не. Од изјавите на фудбалерите и стручниот штаб за немилиот настан во Охрид констатиравме дека Георгиевски бил иницијатор на инцидентот. Затоа ќе остане под суспензија до донесување на конечната одлука деновиве. Тодоровски, пак, повеќе не е суспендиран, но е парично казнет со 1.000. Заклучивме дека тој бил испровоциран и реагирал во самоодбрана меѓутоа бил дел од инцидентот и мора да сноси одговорност“, порачува Поповски.

Инцидентот меѓу Георгиевски и Тодоровски, кој од вербална пресметка се претвори во физичка, се случи во неделата наутро по концертот на црногорската музичка звезда, Бојан Маровиќ, во Охрид. Двајцата го прекршија дисциплинскиот правилник во клубот, не го испочитуваа дозволеното време за излегување (23:45 часот) од тренерот Зоран Стратев, и на крајот, од забава, завршија во клинч. Причината банална, се почнало во шега на тема кој е посилен. Завршија во тепачка која крајот го имаше во хотелот каде што беше сместена екипата на Работнички.

По ремито со Фљамуртари во Охрид, фудбалерите на Работнички, вчера го одиграа и вториот контролен меч на подготовките. Во Скопје тестираа со Хоризонт Турново. Утре составот на Стратев треба да замине во Нови Сад каде ќе остане до деветти јули, период кој ќе се искористи исклучиво за играње натпревари. Засега договорени се три меча, со Војводина, ОФК Београд и Јагодина, а во игра е меч и со Партизан, но истиот е неизвесен. Ќе се одигра само ако црно-белите не договорат средба со некои од реномираните европски екипи со кои е во преговори.

Дуелите во Нови Сад ќе бидат генерална проба за Работнички пред воведниот меч од второто елиминациско коло во Лига Европа на 16 јули во Скопје против претставникот на Северна Ирска, екипата на Крусадерс од Белфаст.
 
Партизан-Работнички 2:1 стрелец за Работнички Вандаир во 64 минута
 
Абе денеска ќе ги тепате овја крусајдерс???:helou::smir:
 
НИНЏИ И на вас со срека поволен резултат и пласман понатака
 
Ке има пренос на некоја ТВ ??

Полупрофесионален клуб па башка и од Ирска, тешко дека има некаков интерес за овој натпревар низ фудбалска Европа.

Инаку им посакувам среќа на Работнички, зашто да не се вратат со победа од Островот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom