gooner4life
Arsenal-Maniak
- Член од
- 11 јули 2008
- Мислења
- 7.037
- Поени од реакции
- 1.567
Ајдее... лош резултат но дома ќе победи Работнички и за разлика од Мкд и Ренова ... ќе продолжи... :smir:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Судијата не сакаше Романтика
Работнички водеше се до 90. минута, кога Крусејдерс израмни - 1:1, а израелскиот арбитар освен што ги исклучи голманот К.Наумовски и тренерот Стратев, досуди и пенал, што домаќинот не го реализира
Екипата на Работнички пропушти голема шанса да се врати како победник од гостувањето во С. Ирска. Освојувачот на македонскиот куп и Крусејдерс, кој е исто така победник на националиот куп, одиграа нерешено 1:1 во Лурган, во близина на Белфаст.
"Романтичарите" имаа предност се до 90 минута, со голот на Боби Божиновски, по претходно убавото проигрување на Савиќ, но пред последниот свиреж на судијата домаќинот успеа да ја анулира негативата. Сепак, и ремито е голема предност за Работнички, кој пред реваншот во Скопје на 23 јули може со голема сигурност да смета дека ќе настапува и во третото коло.
Сите возбудувања се случија во второто полувреме, кога паднаа двата гола и беа покажани три жолти и три црвени картони. Во 87 минута на сцена стапи израелскиот судија Асафа Кенан, кој престрого досуди пенал за домаќинот, а прерано пат кон соблекувалната му покажа на голманот Кристијан Наумовски. Поради протести "поцрвене" и тренерот Зоран Стратев, кој последните моменти од средбата ги проследи од трибините. Ударот на Донели од белата точка заврши во пречката, но, сепак, во судиското продолжение Крусејдерс успеа да постигне гол за да ги остави во живот своите надежи.
- Она што не треба да се случува на вакви натпревари, имавме калкулантско судење. Но тоа е веќе завршена работа и треба да го заборавиме што е можно побрзо. Имаме резултат кој е активен за реваншот во Скопје. Крусејдерс покажа дека не е воопшто наивна екипа. Голема штета е што дозоливме да примиме гол во последните минути и пропуштиме да победиме. Тоа е доволна опомена да бидеме внимателни во текот на сите 90 минути, истакна тренерот Зоран Стратев.
Во вториот натпревар во вторникот Слима Вондерс и Макаби Нетанја одиграа без голови.
Крусејдерс - Работнички 1:1
Белфаст. - Стадион "Лурган парк". Гледачи 1.000. Судија: Кенан (Израел). Стрелци: Рејни во 90 за Крусејдерс, а Б. Божиновски во 47 за Работнички. Жолт картон: Кинан (К), Б. Божиновски, Вандаир (Р). Црвен картон: Коутс во 65' (К), а К. Наумовски во 87' и Стратев (тренер) во 88' (Р)
КРУСЕЈДЕРС: Кинан, МекКион, МекБрејди, Магован, Коутс, МекКан, Доерти (од 74' Блек), Диксон, Рејни, Донели, Мороу (од 63' Овенс).
РАБОТНИЧКИ: Наумовски, В. Божиновски, Бојовиќ, Ристов, Секуловски, Б. Божиновски, Тодоровски, Глигоров, Муарем (од 70 К. Роберто), Савиќ (од 84' Петковски), Вандаир (од 88; Богатиновски).
Оффф...тежок противник ама ајде не се знае,кога изненади Работнички против Дебрецен пред 2,3 год. зошто и сега да не не изненади со победа.Доколку Работнички го помине Крусадерс во следното коло ке игра против Одензе
Sto navivac si ti sto mesto na stadion ke gledas na TVАјде уште 40 минути,идеме даље не се секирајте.:smir: