Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Резултатот не е во прв план. Се си беше во духот на годишнината, благодарности и обележување на спортските легенди. Одлична организација и атмосфера.
Им посакувам и на другите клубови вакви годишнини од нивното постоење да слават.:)
 
Ник Вигинс нов играч на Работнички, игра на позиција 2/3

6fc82528d59316c62de80d99c3d296b2.jpg



 
Последно уредено:
Кутро дете, не знае дека таму за без пари се игра :D.
Ќе добие 1 плата и 2 клоци за 9 месеци.
 
Подобро него да игра два и пол човека и да еде к.. од сви па дури и Трепча[DOUBLEPOST=1477399161][/DOUBLEPOST]Иначе одличну екипу има Работнички
 
Има пари Работнички, од тоа што го знам Перо ќе плаќа двајца играчи, најверојатно Владо и овој новиов...не е баш да се без пари.
 
Подобро него да игра два и пол човека и да еде к.. од сви па дури и Трепча[DOUBLEPOST=1477399161][/DOUBLEPOST]Иначе одличну екипу има Работнички

Абе за Работнички сите карти се продаваат за 15 минути, ред се чека до Томче Софка за улаз :D.
Не се лажете, сегде е така. Некна со МЗТ 50 души немаше. И не само МЗТ, 80% од натпреварите во АБА со исклучок на Ѕвезда и Партизан, има многу ниска посетеност. Еве ти линк од Олимпија - Цибона, преброј колку се на трибини

https://www.youtube.com/watch?v=rSuZUFEaifs

Ние за овие и за МЗТ и пар други екипи од АБА сме Галатасарај у поглед на бројност.
Досаден и беден ви е муабетов со навивачите. Кога пробувате да не као вреѓате за бројот на навивачи на Соколи, у исто време ја "вреѓате" скоро цела македонска лига и 80% од Јадранска Лига.

Има пари Работнички, од тоа што го знам Перо ќе плаќа двајца играчи, најверојатно Владо и овој новиов...не е баш да се без пари.

Ако е така срамота е Перо да го плаќа Владо. Реков и претходно сега само ми се потврди, Владо го допрел дното.
 
Било је то давно.
И тоа е најсрамно. Некогаш имавте навивачи, сега веќе - не.
Впрочем и самиот не си стапнал у сала 3 години
 
Од тие као твојот Стевче нема МЗТ навивачи ама ќе им дојде крајот, после све на крај остануваат само клубот и навивачите ;)
 
Вашата стара практика кога ќе пресушат аргументите, кога сте разоружани, кога сте прочитани као сликовница кога сте немоќни, тогаш барате утеха во мешање политика, Стевче, подржикоњ итн.

Не сакам повеќе да пишувам во оваа тема. Ако сакате да продолжиме слободно цитирајте ме кај вас у тема или у Карпош Соколи.
 
Па ти сам спомна дека МЗТ немале публика ,кажи ми нели сум у право дека поради идиотот од градоначалник е тоа?
 
Не можам да се согласам со тебе.
Навивачите на МЗТ имаат поинаков став и друго размислување за целата ситуација.

Сум разговарал со навивачи, они велат подобро е да играме у лименката и да не бидеме шампиони 6-7 год по ред и да не играме аба лига и еурокуп и да неаме пари. Они тоа повеќе го сакаат и се спремни да се откажат од се ова што го имаат денес.
За мене тоа е лудило. Секој спортски колектив се стреми клубот да има нова сала, своја најсовремена теретана, сала за прес конференции и состаноци, свој ресторан, свој медицински центар, свој хотел и успеси како европски клуб. МЗТ тоа го има, а со тоа не можат да се пофалат и клубови со поголема историја и успеси во Европа oд МЗТ.
Но, нив не ги интересира напредокот на клубот и поставените темели за во иднина. Они повеќе би сакале да бидат тоа што денес е Работнички. И би биле пресреќни со тоа.

Тоа е несватливо за мене, во мојата глава се коси со секоја логика и рационално размислување, главна препрека да биде бојата на столчињата и да го напуштиш клубот поради прешкртани 2 графити, за кои сметам дека доколку би седнеле со Ивица ке нашле заеднички јазик за овие два т.н. проблема.
И за оние 2-3 што им беа уапсени, сметам дека ке нашле решение, иако да бидам искрен не знам чие масло е тоа и дали уопште е масло или законот едноставно си стапил на сила.
Јас ако имам проблем со Ивица, битката со него ке си ја водам на друг начин. Си има механизми. Но клубот заради тоа нема да страда и нема да го напуштам во никој случај.

И сега они му тераат инает на Ивица, (мислат ради него идат у сала) а штетите ги трпи клубот, она за што они и живот би дале, нели? А Ивица со или без нив, си тера, си функционира во континуитет со каков таков успех. Не го гледам како поразен во ситуацијава, а кога се ова ќе заврши они нема да се вратат назад и нема да крцка салата затоа што тогаш прашање е дали ке постојат и дали клубот ќе бележи какви такви успеси.
 
МЗТ и салите највеќе крцале кога тимот немал успеси. Од кога почна се да биде вештачко правите навивачи се повлекоа а потоа и со сите останати притисоци останатите. Клубот и навивачите секогаш ке постојат , а Ивица во секоја смисла од зборот е губитник од ситуацијава. Јас како навивач на МЗТ неќам да го гледам моментално овој тим и оваа управа, со неидењето во сала негубам ништо. Кога ке дојдат подобри времиња во ова мало општество ,ке се врати стариот МЗТ , ривалствата , рамноправноста и навивачите ке се вратат појаки од кога и да е. А ваквите како Ивица и Стевче денес ги има утре ке бидат во затвор . Поздрав
 
Јас како навивач на Работнички сакам да читам за Работнички, а не за Мзт и Ивица и вештачкиот тим од Карпош. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom