Фан Клуб: Победа - Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата sonne
  • Време на започнување Време на започнување
малку да ја живниме темава
некни тепавме со 3-0, головите ги дадоа митрески и јанкоски 2. се качивме погоре на табелата и ако издржиме до полусезона вака, со неколку асолни засилувања на зима, можиме да атакуваме уште одма на 1 лига.
АЈДЕ ПОБЕДО!!! :vozbud:
 
Некни сме загубиле од Дрита 2-1 :(
Менглезо промашил пенал во 89 минута. Голот го дал Јанкоски.
 
Екс фудбалер на Победа уапсен поради вооружен грабеж
19.12markovic1.jpg


Поранешниот фудбалер на прилепска Победа, Владо Марковиќ е уапсен во босанскиот град Бјелина, поради неколку вооружени грабежи, а покрај него, уапсени се уште две лица, кои во неделата ограбиле една фирма.

За време на распитот во полициската станица Марковиќ и двајцата негови пријатели признале дека извршиле грабеж во две обложувалници во Бјелина.

Марковиќ во сезоната 2006/2007 го носеше дресот на Победа, но и во 2009-та година беше дел од прилепскиот фудбалски тим. Освен за тимот од Прилеп играше за ОФК Београд, Борац од Бања Лука, Славија од Источно Сараево, Скендербег, Теута, Печуј и за Челик.
19.12.2013​
http://www.taratur.com/node/50038
 
Среќна Нова 2014 година, многу здравје, успех и среќа. Годинава клубот конечно да ни се стабилизира, да застане на здрави нозе, да влезиме во 1 лига и повторно да бидиме едни од најдобрите во Македонија!
 
Абе од кај излезе Југото тренер ???? Прв пат слушам дека воопшто има квалификации за тренер типов . Иначе добар голман беше , се додека не почна да драпа мадина на последните неколку натпревари за репрезентација кога бранеше .
 
Ова е изненадување. Очекував некој поискусен, не Јанко. Ама новата управа си знај. Најавени се неколку јаки играчи и за прв пат после ДОЛГО време, очекувам стварно да се реализираат истите.
Исто се најавува и враќање на прилепчаните кои се надвор, ако се вратат, супер. За крај се најавува уште појака работа со младите категории.
Како и да е, ќе имаме многу појак тим во продолжението од сезоната.
 
Кај сте Прилепчани? Тимот ни се консолидира, а вас нигде ве нема. Срамота :mad:

Во паузата имаме многу нови играчи и тоа:
Мирчески, Колески и Петрески од Напредок, Стаматоски од 11 Октомври, Сркески, а се врати и Талески на позајмица од Металург. Стаса и сертификатот за Илиоски од Исланд, а се чекаат уште 3-4 нови, искусни прволигашки играчи.

Единствен појак кој замина е Мустафов кој се врати во Пелистер.
 
Кај сте Прилепчани? Тимот ни се консолидира, а вас нигде ве нема. Срамота :mad:

Во паузата имаме многу нови играчи и тоа:
Мирчески, КолеВски и Петрески од Напредок

Fixed :D
 
Те прашав за голманчето, не ми кажа. :cautious:


Овој Денис лев бек играше или десен? :D
Упс, извини, не си ме цитирал, па не видов дека за мене е прашањето. :)
Инаку, да, ми кажаа дека станува збор за Давор Талески, кој играше во Врапчишта, како позајмен фудбалер од Металург. Сега пак е позајмен од Металург, ама кај нас. Инаку прилепчанче е детево. Нема фазла од 19 години.

Мислам дека Денис, покрај десен, можи и лев бек да игра, ама по потреба.

Инаку сите засилувања се прилепчани, повратници од други екипи.
Овак Филип Мирчески е одбранбен, јако дете, за во 2 лига е измислен. Петрески игра на средина, исто јак играч ко за 2 лига.
Скрески и Талески голмани-со искуство во 2 лига, добри играчи, а за Денис веќе е кажано. Докажан играч, посебно за 2 лига, без проблем ќе се снајди. Добро засилување.
Сега само да видиме кои ќе бидат прволигашките засилувања, ни требаат барем 2-ца за во напад и 1-2 крила. Ќе видиме шо ќе се донеси.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 16:39 ---
Зошто со В?
Ај ако знајш нешто фазла за КолеСки пиши. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Зошто со В?
Ај ако знајш нешто фазла за КолеСки пиши. :)

Епа Колевски е, не е Колески :)
Лев бек, 23год.
Тројцата си заминаа поради глупите политики на клубот, пред се тренерот.
Незнам што друго би те интересирало да ти кажам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom