Фан Клуб: Победа - Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата sonne
  • Време на започнување Време на започнување
Викторија 2010 ја наследува Победа
Прилепчани формираа нов фудбалски клуб, Викторија 2010, по осумгодишната суспензија на Победа од страна на ФИФА. Стариот клуб нема право да се натпреварува во сениорска конкуренција. Сепак, досегашните првотимци и натаму се активни на стадионот „Гоце Делчев“.

- Тренираме секој по своја волја. Не е ништо организирано од клубот. Нема ни тренери. Како професионалци, настојуваме да задржиме ниво на физичка подготвеност, затоа што доаѓа нова сезона и секој ќе ја бара среќата во некој заинтересиран клуб - вели Благојче Дамевски, последниот капитен на Победа.

Досега не е решено кои фудбалери ќе ги бранат боите на новата Викторија 2010. Има само шпекулации дека екипата ќе се потпира врз домашни, млади и надежни играчи, претежно од младинскиот тим, кој во понеделникот стана државен вицешампион. Не се знае ни кои ќе бидат тренерите. Во опција се досегашните стручњаци, Горан Тодоровски, Дарко Крстески и Круме Митрикески, но и од младинската школа, Тони Наумоски, Златко Петрески и Кире Овезоски.

Нема официјални информации за составот на управата на Викторија 2010. Низ градот се зборува дека станува збор за луѓе од старата управа. На големо се зборува за амбициите, веднаш пласман во втора лига, доколку клубот не почне од најниската, Б - Општинска лига, туку успее да се фузира со некој третолигаш. Во опција се старите членови на тој ранг, Корзо, Големо Коњари, Младост Кривогаштани, Партизан Обршани и новиот, победникот од плејоф-дуелот в недела, Кадино - Динамо Мажучиште.
 
Ова ке ви биде добро но само доколку му забраните на Збрчанец да има некаков контакт со било кој фудбалски клуб во Прилеп во спротивно лошо ви се пишува!

Инаку добро би било да се фузирате со некој 2-лигаш или 3-лигаш за да не би губеле време, затоа што железото се кова додека е жешко!
 
еее тоа требаше али јас ептен касно разбрав иначе ќе појдев со 6-7 деца+ ,али касно разбрав и не најдов никој да договорам:nesvest:

eve ti sanasa pak vo nedela da se soberite i sega imate vreme do togas uste dva dena

В недела седница на УО
Петок, 04 Јуни 2010 14:05


Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи - Ристески за в недела, 6-ти Јуни закажа седница на УО која ќе се одржи во х. Салида во Прилеп в недела со почеток во 11ч.

На дневниот друг покрај тековните работи ќе се најдат Завршната сметка, Финансискиот извештај на ревизорската комисија , Предлог буџетот на ФФМ и др.
http://www.ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=877:2010-06-04-12-06-57&catid=36:2009-03-18-22-05-31&Itemid=215&lang=mk
 
Викторија ќе ја тренираат професори
Комплетиран е стручниот штаб на новоформираниот прилепски фудбалски клуб Викторија 2010, наследник на доскорешниот прволигаш Победа, осум години суспендиран од ФИФА. Главен тренер ќе биде професорот по физичко Кире Овезоски, порано асистент на Никола Илиевски - Џиџи и Драган Канатларовски. Овезоски неколку години беше на клупата од второлигашот 11 Октомври. Има и двегодишен селекторски стаж, во кадетската репрезентација. Има тренерска Б лиценца.

Негов помошник ќе биде Златко Петрески, исто така професор по физичко. Досега ја водеше младинската екипа на Победа, државен вицешампион. Тренер на голманите е назначен Благоја Смоквоски, некогашен голман на Победа. Стручниот штаб ќе го сочинуваат уште физиотерапевт и лекар. Нема ништо да недостасува во однос на претходната Победа. Клубот организациски се стреми да биде на ниво на прволигаш.

Што се однесува до управата, дознаваме дека најсериозен кандидат за претседател е младиот адвокат Симон Симоноски, досега потпретседател на Победа. Директор бил предложен Зоран Стојчески, претходно технички секретар, а за секретар Драган Спиркоски, некогашен напаѓач на Победа.

Амбиции се клубот да се фузира со третолигаш, да се натпреварува во тој ранг и да избори пласман во втората лига. Тимот ќе го сочинуваат млади прилепски фудбалери, на возраст до 21-22 години.
 
ИМЕВО МЕ ИЗНЕРЕВИРА...нека било ПОБЕДА со некоја додавка...ама како и да е се шо е поврзано со ПОБЕДА ми е СВЕТО!!!

ИСКРЕНО ВЕРУВАМ дека еден ден на ГОЛЕМА ВРАТА че се вратиме во МАК ФУДБАЛОТ!!!
 
колку што се сеќавам до пред 2-3 години имаше ваков младински тим од прилеп, но сепак победа си е победа
 
MN SE NERVIRAM I NAREDNIVE 8 GOD NEMA DA NAVIVAM ZA NIKAKVA VIKTORIJA :( POSTO GLEDAM KE JA VODAT ISTITE LUGE STO JA UNISTIJA POBEDA STVARNO ZALNO :(:(:(:(:(:(:( INAKU CELA POBEDA OSVEN ACULE ZAMINA VO 11TI
 
Викторија сепак ќе се вика Победа

Новоформираниот прилепски фудбалски клуб, ФК Викторија, сепак ќе го носи името на препознатливиот прилепски фудбалски бренд - Победа. Од завчера новакот се преименува во ФК Победа 2010. Така ќе се натпреварува во Третата лига - Југ, првенство кое стартува в недела.

- Промената е на барање на навивачите. Инсистираа да се викаме како легендарниот клуб, каде сме наследници - велат од ФК Победа 2010.

Клубот ги користи истите простории на осум години казнетиот прволигаш од УЕФА и ФИФА, настапува во истите, црвени дресови со амблемот од Победа, со кои пред три години беше освоена шампионската титула. Практично се потсетува на старата Победа, дури и дел од управата и вработените во клупските простории од стадионот Гоце Делчев, се истите од пролетоска.

Единствено, променет целосно е стручниот штаб, наместо Горан Тодоровски, Дарко Крстески и Круме Митрикески, сега се Кире Овезоски, Златко Петрески и Благоја Смоквоски, а нов е и играчкиот кадар.

- Имаме 25 првотимци, млади, надежни од градот, плус двајца од битолски Пелистер. Целта е првото место. Старата Победа секогаш се стремеше кон врвот, така и ние - истакнуваат од ФК Победа 2010.
 
Браво Мајмунчиња, мило ми е , се гледаме за некоја година !!!
 
Мајмуни а што е со старата Победа постои тој клуб?? Некој нека одговори.
 
Ова е практично стариот клуб (име, дресови, амблем, стадион, навивачи) само шо додавката 2010 се користи за да се регистрира нов правен субјект, кој нема да биди под казна на УЕФА...фирмата се пререгистрира, ама БРЕНДОТ остана!!!

В'недела ПОБЕДА почнува со натпреварувањето во третата Македонска фудбалска лига...среЈЧно :) и да се надеваме дека за две сезони пак че бидиме во елитата кај шо припајџаме!!!
 
Ајде со среќа во недела...
Него некако 11 Октомври ви ги собра симпатиите. Гледам просек по 3 000 има...
 
Ова е практично стариот клуб (име, дресови, амблем, стадион, навивачи) само шо додавката 2010 се користи за да се регистрира нов правен субјект, кој нема да биди под казна на УЕФА...фирмата се пререгистрира, ама БРЕНДОТ остана!!!

В'недела ПОБЕДА почнува со натпреварувањето во третата Македонска фудбалска лига...среЈЧно :) и да се надеваме дека за две сезони пак че бидиме во елитата кај шо припајџаме!!!

Mala zabeleska! Ne kaj so pripajgame, tuku od kade so nikogas ne odpadnavme na ZELEN teren.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom