Абе и вас крајо не ви се наоѓа искрено... Ако сме долу на табелата или во пониска лига, кукате оти сме таму, сеа сме горе на табелата, клубот се стабилизира финансиски, услови како никогаш порано и сеа и то смета оти бодој земаме. Местена бил X, требало да крени офсајд...

Ами оти некни не свирна пенал за нас со Силекс или оти голот ни го поништи, или да не наведвам други примери од ова сезона кај шо судиите напрајле превид (намерно или ненамерно).
Ај нека се врати Цермат и тогаш ќе се вратиш
@Џони Вајсмилер на стадион ? Или Шеровски нека се врати да го води клубот па тогаш среќни ќе се сите оти немало да се мести и ќе испадниме чисто во 3та лига, па тогаш можи ќе оди некој да го глеа Пелистер на стадион кај шо игра со Кравари.
Посетеноста на стадион е показател дека ако има успех ќе има и публика и ќе се збора за клубот.
Луѓето не ги интересира дали ја наместиле со Шкупи или со Вардар или со Академија пандев... Гледат дека спрема минатите сезони има напредок во клубот, организациски и резултатски и одат си го пратат на секоја утакмциа во Битола.
Прашајте ги играчите какви услови имат ова сезона. Имат тренинзи професионални, со тератана и суплементи како додатоци во исхраната, нутриционист, нова опрема,премија за добриот старт, карантин пред секој натпревар дома и гости итн... Е кога сме имале бе реално вакви услови ?
И сега ова нечини, местеле утакмици а до лани чинеше со двојче и цермат кога секој месец штрајк имаше за неисплатени плати.
Треба малце да се спуштиме од облаци и реално да глеаме на работите. Ако не се овие нема никој да дојди ни 5 денари да вложи во Пелистер. Нормално дека го зедоја клубот ради политичката ситуција во Битола и слабиот рејтинг на клептоманот, ама кога веќе има резултати остајте ги нека работат. И јас сакам да дојди некој милионер и да вложи многу пари во Пелистер, ама то нема никогаш да се случи.
Единствена замерка на новата управа е шо не повлекоја никакви потези во школите на клубот и немат вложено ништо таму за да се почни да се работи нешто. То е голем минус и мора да се интервенира шо е можно побрзо, оти школите ќе испаднат од лигите ако не почни да се работи професионално.