Шкендија казнета од УЕФА за недоличното однесување против Гент на „Филип Втори“!
Екипата која ја претставуваше Македонија во европските купови, Шкендија, доби висока казна од УЕФА за немирите на мечот против белгиски Гент кој се одигра во рамки на плејофот од квалификациите за Лига Европа, а истата дисциплинецот на УЕФА ја потврди за Gol.mk.
Тетовските „црвено-црни“ од европската куќа на фудбалот добија казна во висина од 15.000 евра, а во дисциплинскиот записник се влезени пет точки. Првата е влегување на терен на навивачи, втората е фрлање на предмети, третата е истакнување на навредливи транспаренти, четвртата е недолично скандирање, додека во петтата точка стои лоша организација, односно блокирани скалила.
По состанокот на дисциплинците на УЕФА одлучено е клубот да биде казнет само за три точки, додека постапката за скандирањата и навредливите транспаренти е затворена, но и тие се влезени во паричната казна.
Навивачите на Шкендија, популарните „Балисти“, на мечот од Лига Европа во неколку наврати скандираа за Илирида, а од навредливи транспаренти на трибините имаше знамиња кои пропагираа идеја за Голема Албанија, како и транспарент со ликот на Џемо Хасан, „балист“ кој ликвидирал и измачувал Македонци. Исто така, во билтенот на УЕФА регистриран е и нападот на голманот на гостите од страна на навивач по завршувањето на средбата.
Натпреварот меѓу екипите на Шкендија и Гент заврши со победа на гостите од 0-4, која им донесе пласман во групната фаза на Лига Европа
Еве ги цивилизираните....