Не можи да не помини така без ништо во лигата и се да е во ред, не можи значи !!!

Академија ФМП, не биле регистрирани како АД и тимот ако не е така регистиран, не смеј да учествува во суперлигата, мора да плати да се регистрира така или да биди исфрлен, овие не планирале и место нив влегва 7 пласираната екипа тоа е Феникс.
И нормално, нов формат, нов распоред сега, по стариот распоред требаше да гостуваме викендов кај тфт, сега по новиот одиме на Феникс како шо е погоре, па и тие ФМП толку бе црпки, играш цела сезона, добри резултати, завршваш 3 место и на крај не сме АД, реков јас бе, ова во Африка го нема

Одиме на Феникс прво коло, ослабен Фенкс за во плеј офот, му замина Морган најдобриот играч, последниот пат изгубивме таму во регуларниот дел, незгоден противник, ама без Морган мислам овај пат ќе му наплатиме со камата

треба да се вратиме со победа....после то играме 3 утакмици дома со ред, Тфт, Гостивар и Еуроникел, овде очекувам 4 победи со ред !!!!
Можи да кажам дека овој распоред сега и повеќе ни оди во план, подобар редослед на утакмици....
Друга работа, добро е шо Феникс ги има победено и МЗТ, па останваме со +2 победи предност пред МЗТ, пред разигрувањето за титула, тоа значи, само победа дома против нив на 21.05 последното коло за да бидиме и во суперлигата 1 место и да имаме предност домашен терен за борбата за титула !
Нормално, претходно со сите да имаме победи дома, да нема кикс !