Е сега !? Не се за критики така ? не е само ко ке победват браво и да ги креваме до облаци, секоја лоша игра мора да трпи и критика и нив то не треба да ги боли, се има своја добра и лоша страна !!!
Формата на Пелистер последните месец дена или поточно после утакмицата дома со ФМП, па наваму е МИЗЕРНА. Најмногу ме загрижва формата и безидејноста во нападот и само фрлај како матуф тројки од кај ќе стигниш и ќе погодиш една од пет, немаме игра, проток на топка, нападот е загушен. ИГРАМЕ НА СИЛА !
Ист период вака, овој дел мислам беше исто, не фати и во лигата лани, исто испаднавме во купот брзо и во лигата после каша попара се напрај, се ми оди дека така ќе напрат и сега, сега идинствена предност е шо во плеј оф, имаме предност со сите на домашен терен, единствено не смеј некој да ни напрај брејк на домашен терен, ама со ваква игра многу се плашам, МЗТ со Петровиќ ќе бидат многу поопасни за разлика со Радуле само тоа да го имаме во план, со ваква игра има да не збришат во една четвртина....
Ете имавме и две недели одмор после испаѓањето од купот и после 2 недели иста приказна, ни се спремиле ни ништо, ај претходно вистина тежок распоред 4 утакмици за 10 дена, во лигата утакмица па АБА 2, напнато, држеше вода тој муабет, ама овај пораз никако не смеј да е алиби.
Сигурно не треба пауза и одмор од 1 месец, да се победи еден умрен Феникс кој како шо кажа дечкото погоре изигра без тројка американци, плус Митревски и Хот, па еден Кларк од американците да му играше ќе го видевме попот во бело ! Единствениот американец Морган шо играше имаше 4 лични во 3/4, беше на клупа цела четвртина после, не поразија со деца...
Со еден Боки не отепаја и
ФАКИНГ Павле Михајловски

, Павле метро и жилет ни мана 3-4 блокади боже златен, 15 поени даде на крај, толку нема даено на 5 утакмици заедно, не знајш дали оди или се тркала Павле зеде ги изремети, Заедно со Бојан ни манаја 7-8 блокади сигурно, ебати центрите наши..

Бубе Младеновски секој меч прави повеќе лични грешки од поени, шо да се коментира повеќе, Дејвид Хотон

кој си ти бе мајсторе ?

Еден Мики Димитриевски те прај магаре

Најслабиот американец го имаме од сите екипи.....
А и шо да се нервираме бе, без Кесар се гледа колку вредиме, тргни го и Малеш оваа екипа со КК Ангели ќе игра егал, ајт таму не заслужваме ништо, уште кога видов кои луѓе ги наместија во клубот јасно ми стана колку е саатот !