Во право си бил.
MZT SKOPJE
Со вчерашната победа, МЗТ и дефинитивно регуларниот дел од Супер лигата ќе го заврши на првото место. Со тоа ја стекна предноста на домашниот терен во плеј-офот. До крајот остануваат уште два натпревари, најпрвин на домашен терен против екипата на Струмица и потоа гостување кај Лирија. Исто така, МЗТ ќе ја чека разврската и на другите натпревари за да го добие својот противник во полуфиналето. Оваа година полуфиналето се игра до два добиени натпревари, а финалето до три, без почетна предност од 1-0 како што беше случајот минатите години.