У старт да ви се извинам за подугачкиов коментар, зашо планирам да си дадам мое видување за тимов поединечно и колективно до овој дел од сезоната
Резултатите, и пред се играта на тимов, се за пофалба и се над моите лични очекувања. Кога стартуваше АБА лигава сакав само момците да играат машки да се борат до крај па што биде нека биде.
Сега, работите стојат поинаку. Не само што се надигурваат со секој противник туку и ни дадоа за право да целосно веруваме во нивните способности дека апсолутно можат да победат секого. Главна причина за тоа е дефинитивно Пипан. Најдобриот потег на МЗТ Скопје во сезона.
Ќе почнам токму со него.
Пипан - Огромен дел, да не речам 80%, од заслугите одат на негово име. Типот воведе ред и дисциплина, ментално ги ојача играчите, да прво самите почнат да веруваат во нивните квалитети и способности, а подоцна и целава наша кошаркарска јавност. Мислам дека тоа е најголемата придобивка што ја доби МЗТ. Нема тренер кај нас што работи на психата на играчите. Се се тоа урлатори, галамџии и самоназвани тренери, а уствари појма немаат од основи на кошарка. Покрај тоа, одбраната е дигната на многу високо ниво и сме една од најдборите одбранбени екипи во лигата (по бр на примените кошеви и украдените топки по утакмица). Пипан мајсторе свака ти част...
Грне - Со сета почит кон Грне, наше дете, ИЛ КАПИТАНО, али не е он за оваа лига... Не одигра многу а и тоа што го одигра не беше ништо посебно. Мислам дека на полусезона или на крај, Грне заминува во пензија...
Мијајловиќ - Фала ти дечко што беше дел од тимот што ја донесе за нас таа толку посакувана титула, али и ти не покажа ама баш ништо зашто би те задржале у ростерот понатака. Милион изгубени топки, одбрана никаква, напад уште помалце....
Огнен - Огнен по мене изигра просечна полусезона. Шансата која ја добиваше си ја одработуваше коректно и само ќе кажам да не беа повредите што го пратат цела кариера, сигурно Огне ќе се развиеше во мн поголем играч од ова што е денес.
Оташевиќ - Играч кој своите маани ги надополнува со одличната борбена и агресивна одбрана. Над сите очекувања. Се вклопи у тимот релативно бргу. Топката е сигурна кај него, ги разигурва соиграчите, досаден за противникот во одбранта. Одлично појачање.
Бакиќ - На стартот сите го критикувавме, но секоја наредна утакмица играше се подобор и подобро. Пипан го најде вистинското место за него. Главна одлика му е одбраната а знае и да брцне по некоја тројка. Доста корисен...
Дамјан - Дефинитивно еден од играчите што ја одбележаа оваа полусеозна за нас. Голема штета е што 2-3 години стагнираше у Лукоил. МзТ и Македонија дефитинивно може да се потпре на Дамјан. Игра паметно. Напад, одбрана, шут, двочекор, скок, украдени топки..... Со вакво темпо, сигурно е лидер на тимот во наредните сезони.
Дејвис - Вториот играч кај што е видлив голем напредок од лани до сега. Сите ние знаевме дека Дејвис може да биде страшен играч, но тоа лани не го покажа. Сезонава од страт се виде дека Дејвис ќе гази сезонава. Агресивен према кош, шут Реј Ален, еден на еден незуставлив, цврст у одбрана...Уште од сега нека му го продужат договорот зашто може мн лесно да ни го лапнат.
Марковски-Поповски - Не играа многу.Очекувам во домашното првенстово да имаат поголема минутажа и таму да прикажат што знаат. Сеуште се млади, има време за нив. Сега нека учат од поискусните (богами и има од кој да научат) и со тек на време ако заслужуваат ќе им се укаже шасна.
Далман - Многу ми е криво за дечкото. Може и не ја доби правата шанса, но може и вака е подобро. Дечкото заслужува да игра и секоја чест за тоа што го направи за нас и нашиот клуб. АЕРОДРОМ НЕМА ДА ТЕ ЗАБОРАВИ МАЈСТОРЕ...
Чековски - Вистински лав. Срце колку планина. Доктор по одбрана. Неможе а да не го офалиш. Најмногу се залага на теренот и за тоа коа ќе има некој непромислен шут за три не можеш да му замериш.
Николиќ - Кога дојде и кога ги читавме бројките негови у предсезоната мислевме дека типов ќе доминира. Арно ама, кога го видовме на дело, почнавме да сумљаме дека Ацо ни праел Драги фора со него. Во последниве неколку средби ја оправдува довербата на Пипан и ја враќа нашата надеж дека од него може и ќе биде нешто. Јас сум за да остане има потенцијал у него, мада со мозокот на моменти слабо стои. Со добра работа Пипан може да го донесе у ред.
Кире - За Кире мислам дека сите имаме исто мислење. Уместо да влезе у лигава полн со самодоверба и да изгризе, он ја игра можеби најслабата полусезона во последниве 3 години. Делува толку уплашено и незинтересирано тоа е чудо едно. Мора да се работи со него, мора да ја врати самодовербата и мора да биде повеќе дрзок. Па пичка ли му матер висок си 2,10 а бегаш од топката ко да си метро и шеесет. Мора по јако! Киро мора да остане и мора да се работи со него за да го напраиме калибар за Јадранот и репрезентацијата. Нормално прво мора да сфати самиот дека не треба да глуми примадона и дека треба да се бори за секоја топка за секој шут. Кога може Гечевски со 35 години можеш и ти.
И наравно за крај
ТОДОР ГЕЧЕВСКИ - Нема потреба да се трошат зборови. Тоше ги работи центриве у лигава како сељак нива. Си игра курташак. Да не го дрвам ТОДОР ГЕЧЕВСКИ да ни е жив и здрав

))
Тоа би било У КРАТКИ ЦРТИ

))))))))))))))))))))))))))))))
П.С - ЈАДРАНОТО ДОЗНА И ТЕК СЕГА ЌЕ СЕ ПЛАШИ ОД НАС....