Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Се нервирам искрено со овие срцепарателни коментари од типот Фала ти Ацо,и такви лоши изјави.Да фала му што ни помогна во тоа да ја освоиме титулата,но исто така е факт дека и други тренери ќе ја освоеа со составон.Требаше да биде самиот свесен дека неможе да го носи товарот наречен Јадранска Лига и да си поднесе оставка летото доколку навистина го сакаше клубот како што кажува.Јас разбирам да си реален оптимист,ама овој е далеку нереален.Со ова повеќе му одмогна на клубот отколку што му помогна.Неможам да го плукам и пцујам за тоа што го направи во ланската сезона,ама можам да го отерам у курац за оваа.
 
Пипан е официјално нов тренер, можно било и денес на вечерен тренинг да дојде според екипа
 
Алеш Пипан е нов тренер или сеуште не е официјално?! o_O

Според kosarka.si а и според ekipa.mk да до крајот на годинава.
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 13:13 ---
Сега веќе и официјално:
MZT SKOPJE
Словенецот Алеш Пипан вечерва ќе биде промовиран како наследник на Александар Тодоров кој пак од денеска ќе ја извршува функцијата - спортски директор на МЗТ Скопје. Пипан во досегашната кариера ги има водено репрезентациите на Словенија и Полска, а на клупско ниво бил тренер на Крка, Задар, Геоплин Слован, Анвил и Лашко.

http://www.mztskopjeaerodrom.mk/ind...s/alesh-pipan-denes-pristignuva-vo-skope.html
 
Тренерот е проблем,но реално колку има овој МЗТ квалитет да се носи во оваа лига ?
 
Нека му е со среќа на новиов тренер, само успеси да реди со МЗТ. Нема да се дрзнам и да коментирам дали е добар или не, ќе оставам времето да покаже. Едноставно толку сум накурчен од Ацо уште од лани што било кој да го поставеа за тренер ќе беше боље од дебелиот.
 
Честито новиот тренер,само мислам дека не е до тренерот,туку до играчите. Мислам дека е скромен играчкиот кадар за у АБА. Мое мислење,и ве молам не ме цитирајте дека зборувам глупости бидејќи сум за Фени и слично. Поздрав :)
 
Честито новиот тренер,само мислам дека не е до тренерот,туку до играчите. Мислам дека е скромен играчкиот кадар за у АБА. Мое мислење,и ве молам не ме цитирајте дека зборувам глупости бидејќи сум за Фени и слично. Поздрав :)
Зборуваш глупости бидејќи си за Фени... :) Шала на страна, и до тренерот беше и до играчите е... Кога неможат да поминат половина тренерот неможе ништо да направи тренерот, ама сепак треба да најде начин како да се справи со тој проблем. Се надевам дека овој тренер ќе успее да направи некоја измена колку да го издржиме ова темпо и да не продолжи црната серија, па здравје боже на пола сезона да се сменат и дел од играчите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom